Уа лопови!

18.05.2021 10:44
Уа лопови!

Законот дозволува легализација и на дивоградби изградени во национални паркови, природни резервати, споменици на природата и подрачја на заштитено недвижно културно наследство. Вакви градби немаат сиромашни граѓани, туку криминалци на власт и партиски богаташи и клиенти кои не почитуваат закони и прават што сакаат.

Законот беше донесен шверцерски, без јавна дебата, без учество на јавноста, без проценка на влијание.
Законот значи легализирање на кривично дело.
Законот значи амнестирање на докажани криминалци.
Законот крши серија на закони и е спротивен на темелните вредности на нашиот Устав.

Законот е спротивен на владеење на правото.

Законот значи предизборен криминал.
Законот предвидува дополнително уништување на природата и животната средина.

Законот значи дека власта и опозицијата се во спрега кога се во прашање нивните интереси и имоти.
Законот значи дека лажете оти нема да може се легализираат објекти во Охридскиот регион.

Да се потсетиме дека овие две и пол банди одлучија да си ги озаконат нивите и пасиштата, кои само за ВМРО се проценети на околу 60 милиони евра.

Криминална власт која ги повторува законите на режимот и колаборационистичка опозиција која уште нема платено за своите гревови, работат заеднички против државата и граѓаните.

И на се тоа уште најдрско лажат дека го носеле законот за сиромашните.

Уа лопови…

 Слика: Свирачиња