Зелениот Загреб град

27.05.2021 13:23
Зелениот Загреб град

Секогаш кога во последната година имало политички промени во регионот, бран на (не)реален оптимизам се ширеше меѓу активистите на опозицијата и низ беспаќата на Твитер, што можеше да се сведе на еден збор – а е, истовремено, и името на хрватската иницијатива која во Загреб направи бум: „Можеме!“

На локалните избори во главниот град на Хрватска, победата во првиот круг ја освои Томислав Томашевиќ, кој освои 45,08 проценти од гласовите и со тоа стана главен кандидат за наследник на градоначалничкиот престол на кој Милан Бандиќ седеше шест мандати.

Точно е, ентузијазмот за Томашевиќ не е поврзан само со неговиот пример за мотивирана иницијатива во хрватското опкружување, туку е присутен и во татковината на Томашевиќ, каде што медиумите пишуваа пофалби за него и за резултатот што го постигна. Така, на пример, можеме да прочитаме дека „Томашевиќ е најважниот нов хрватски политичар уште откако Зоран Милановиќ го наследи Ивица Рачан како претседател на СДП во 2007 година“.

Оптимизмот на екологистите

Одговорот на прашањето кој е всушност Томислав Томашевиќ е причината за оптимизмот на слични, еколошки и иницијативи ориентирани кон одржливост. На 16-годишна возраст, Томашевиќ се приклучи на „Зелената акција“ и учествуваше во решавање на бројни еколошки, просторни и социјални проблеми во Загреб. Тој се бореше против затворањето на фабриката за текстил „Каменско“ и за изградбата на согорувач за отпад, а кулминација на неговиот активизам беше борбата да се одржи познатата улица „Варшавска“ во центарот на Загреб како пешачка зона.

Но, сфаќајќи дека уличното искуство не е доволно, се запишал на Факултетот за политички науки во Загреб, каде што завршил политички науки, а потоа се запишал на постдипломски студии на Кембриџ. По враќањето од Кембриџ, Томашевиќ продолжи да се занимава со еколошки и политички иницијативи – овие области се неразделни, тврди тој – така што во 2017 година, како дел од иницијативата „Загреб е наш“, учествувал во изборната трка за градоначалник на Загреб.

Томислав Томашевиќ

Во Хрватска, пред иницијативата „Загреб е наш“, големо внимание привлече група млади луѓе кои се бореа за граѓанско, еколошки свесно и одржливо општество под знамето на организацијата „Орев“, па дури и порано, низ Хрватската младинска мрежа, каде што Томашевиќ бил активен член.

Пред изборите во 2017 година, на кои тој беше нивен кандидат за градоначалник, сите индивидуални иницијативи се обединија под покровителство на организацијата „Загреб е наш“, а потоа поистакнатите членови на организацијата „Да не го удавиме Белград“ истакнаа дека и тие сакаат да го следат загребскиот пример.

Зошто токму сега?

Дали забележителниот резултат на Томашевиќ во Загреб значи дека и во другите земји на Западен Балкан е време за политичарите кои се борат за заштита на животната средина?

Во Европа се чини дека е така. Подемот на левичарските зелени партии низ Стариот континент е најочигледен во Германија, каде што тие максимално ја користат намалената популарност на партијата на Ангела Меркел потресена од корупциски скандали. Но, зошто токму сега?

Тој вид на разочараност, особено на гласачите на СДП, ја искористи Томашевиќ и така, четири години откако постигна не премногу забележлив резултат на минатите избори за градоначалник, зборувајќи на истите теми, дојде до првото место во првиот круг од изборот за прв човек на Загреб.

Значи, не беше доволно да се зборува само за поевтини и подобри комунални услуги, за сите достапни јавни услуги (градинки, училишта, болници, домови за стари лица), туку и за зголемување на вработеноста, особено на младите, преку зелена индустријализација и развој на социјалното претприемништво.

Извор: Nedeljnik.rs

ОкоБоли главаВицФото