Живи изгореа 14 луѓе. Во болница. А вие зборувате за политички пресметки, премиере.

12.09.2021 12:14

Господине Заев,

Бидејќи ова е трет ден по еден од поголемите ужаси што се случиле во државата, должни сте да излезете, особено после овој статус што го пишавте на Фејсбук, и да одговорите на три едноставни прашања. Не наредната недела, туку сега и одма.

- Како вие, како премиер, ќе бидете запознаени со деталите од истрагата, ако имаме строга поделба на власта? Свесни сте ли воопшто што ни соопштивте во моментов?

- Каква допирна точка има чувството на морална одговорност, со евентуална кривична одговорност?

- Свесни ли сте за можноста за влијание врз сведоци од позиција на моќ, кога станува збор за министер, заменик министер, директор?

Живи изгореа 14 луѓе. Во болница. А вие зборувате за политички пресметки, премиере.

Толку.

Мери Јордановска, Фејсбук, 12.09.21.