Термитот Мито

17.09.2021 16:41

Веднаш штом се родил термитот Мито
Фатил да ги глода тапетите на ѕидот
Па мавнал три фиоки од наткасна в кујна
Во кои дедо партитури за опери си чувал.

Оттогаш што и да грицка в куќата наша
Звучи како оперска дива од светска класа:
Кога Мито ги густира таванските греди
Сопрани се натпејуваат од арии на Верди.

Кога налетува на детските грисини
Баба вели ко да го слуша од плоча Пучини.
Кога појадува реси од старите теписи

Дедо вели дека помислува на Дебиси.
А кога термитот Мито пробува и мермер
Ко на гости да ни дошол „Севилскиот бербер”.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански

ОкоБоли главаВицФото