Предавање за споделеното владеење денеска на КРИК - фестивал за критичка култура

21.09.2021 13:16
Предавање за споделеното владеење денеска на КРИК - фестивал за критичка култура

Во рамките на КРИК – фестивал за критичка култура, денеска (вторник, 21 септември) со почеток во 19.30 часот провокативниот филозоф Петер Халвард ќе одржи онлајн-предавање насловено „Заедничка цел: Предизвикот на споделеното владеење“.

Предавањето ќе може да се следи на Фејсбук страницата на фестивалот или на Zoom на следниот линк.

По предавањето ќе следи разговор со Артан Садику, а и онлајн полемика отворена за сите кои ќе се приклучат на споделените линкови.

Петер Халвард е професор на Центарот за истражувања на модерната филозофија на Европа при Универзитетот Кингстон во Велика Британија. Во фокусот на неговите филозофски истражувања се филозофските системи на Жил Делез и Ален Бадју. Во релација со овие автори тој објавува неколку книги поврзани со постколонијалните референци.

Во мигов работи на својата книга насловена „Волјата на народот“ која треба да биде објавена во издание на „Версо“ во 2023 година. Воедно Халвард работи и на сет на теми кои се во релација со широката тема за политичката волја.

Халвард е и дел од уредувачкиот одбор на магазинот „Radical Philosophy“.

Докторирал на универзитетот Јеил при Катедрата за француски и афро-американски студии.

„Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина“ е темата на шестото издание на „КРИК“ – фестивал за критичка култура.

Контрапункт и КРИК – фестивал за критичка култура се поддржани од: Гете-институт Скопје, Министерство за култура на Република Македонија и Allianz Kulturstiftung
Логистички партнери на фестивалот се: Музеј на современа уметност, КСП Центар-Јадро и порталот окно.мк
Постојани стратешки партнери на Контрапункт и на КРИК се: МаМа од Загреб и kuda.org од Нови Сад.

Слични содржини

Општество / Свет / Теорија
Општество / Свет / Теорија
Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја
Општество / Свет / Теорија

ОкоБоли главаВицФото