Последната албанска вирџина

28.09.2021 11:30
Последната албанска вирџина

Како тинејџерка којашто живеела во длабоко патријархално и свртено кон традицијата, планинско село на крајниот север од Албанија, Ѓустина Гришај донела драстична одлука: остатокот од животот ќе го помине како маж.

Таа не сакаше да се мажи, ниту сакаше да готви и „да ги прави сите оние работи што ги прават жените“, па се придружи на албанското братство, кое ги испитува границите на родовите. Познати се како „бурнешат“, или „жени-мажи“. Исто така, таа зеде машки прекар - Дуни.

„Тоа беше моја одлука. Им реков: јас сум маж и нема да се мажам “, се сеќава на разговорот со своето семејство.

Малку жени во денешна Албанија сакаат да бидат како оние што антрополозите ги нарекуваат „заколнати девици“, или девици, иако ова е традиција која трае со векови. Се обврзуваат на целибат и ги уживаат сите машки привилегии, како што е правото да донесуваат одлуки во домот, да пушат, да пијат и сами да излегуваат надвор.

Дуни вели дека нејзиниот избор бил прифатен без никакви проблеми, иако нејзината мајка се обидувала да ја премисли сè до нејзината смрт во 2019 година. Како и другите „бурнешати“, неа сè уште ѝ се обраќаат традиционално, со женски заменки. Во официјалните документи, Дуни сè уште се вика Ѓустина Гришај и не се смета себеси за трансродово лице.

Селото на Дуни, инаку христијанско како и повеќето места на северотна државата, во последно време ја отфрла клаустрофобичната изолација, во голема мера благодарение на кривулестиот пат што привлекува посетители и им овозможува на жените да отидат некаде и да живеат свој живот.

Општеството се менува, бурнешатите умираат “, вели Ѓок Лули, експерт за традициите на северна Албанија. Нема јасни податоци за тоа уште колку се останати - веројатно десетина - но сите тие се постари луѓе. Дуни, која има 56 години, е најмладата од нив.

Ѓустина Гришај со семејството

„Тоа беше бегство од улогата наменета на жената“, вели Лули. „Но, веќе ја нема таа толку очајничка потреба да се побегне.

Внуката на Дуна, Валерјана Гришај (20) како тинејџерка одлучила да ги напушти планините и да се пресели во Тирана, релативно модерната престолнина на Албанија.

„Сите мои другарки се омажија на 16 -годишна возраст“, вели таа кога ја прашуваме за селото. Валерјана раскажува дека ја разбира одлуката на нејзината тетка. „Немаше силни, независни жени. За да станеш таков, мораше да бидеш маж “.

Со тоа што се прогласи себеси за маж, Дуни не се спротивстави на воспоставените родови улоги, туку им се потчини. Сите во нејзиното планинско племе веруваа дека мажите секогаш ќе имаат повеќе моќ, повеќе почит; така што единствениот начин за една жена да присвои дел од тие привилегии е да им се придружи, а не да ги победи.

Дијана Ракипи (66), бурнеша, која порасна на север пред да се пресели на југ во Драч, исто така дала завет дека ќе му служи на семејството како маж. Таа се родила откако починал единствениот син во куќата. Ѝ зборувале дека Бог ја испратил да го замени.

Благодарение на нејзината млада внука, Дуни сфатила дека постојат и помалку драстични начини за една жена да живее исполнет живот.

„Општеството се менува. Но, мислам дека за своето време донесов добра одлука“, вели таа.

Извор: New York Times