Порцелански фигурички со корона-топки

14.02.2022 19:38
Порцелански фигурички со корона-топки

 
Уметницата Кристл Ријкебоер сентименталните порцелански фигурички ги осовременува со актуелен пресврт: шилести молекули на COVID-19 ги прикриваат цртите на лицата. Со тоа богатите и украсно облечени фигури ги прави анонимни но и вообичаени во современиов контекст.

Делава на Ријкебуер ги сатиризираат Мајсен фигуричките, кои се произведуваат од 18 век.

„Тие фигурички често романтизираат застарен свет каде жените не претставуваат ништо важно, туку се само фини и гламурозни“, вели таа. „За мене, главно се работи за позицијата како жена и уметник. Пандемијата јасно стави до знаење дека уметниците се првите кои се етикетирани како непотребни“.






















Извор: Colossal

ОкоБоли главаВицФото