Дупка

28.03.2022 10:39

и овде
доаѓа маглата од мојот град
и овие планини се исти
ова месо е диво
ова дете е живо
јас го гледам пеколот
и тој е 2418 километри источно од
тука
каде што светот се губи сиво
каде осаменоста на мојот одраз во огледалото
пука
пред публиката
и републиката
во пламен
овој камен е само камен
верувам дека ќе прозбори
сакам да се бори
оваа војна не знае што е тоа ров
ниту љубов
не смееш да ја заборавиш вистината
јас знам дека убива празнината
не го обвинувам куршумот
за злосторството на
дупката
срцето крвари и пред твојот
метал да помине низ него
чудно
е што нештата убиваат
кога ги нема
и ниеден цвет не ја убива
пупката
моето знаме е бело
мојот непријател е тело
во почетокот е збор
а, на крајот зазор
овие раце се чисти
јас сум величествено безначајна
и лош противник
бидејќи сакам да изгубам
сите планини се исти
сите врвови се исти
таму си сам

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото