Потстанар

29.06.2020 11:18

Во мене живее
гладно и алчно чудовиште.
Монструм
со сопствен ум.
Врзани сме со папочна врвка
и ми ја јаде утробата.
Ме тера да голтам сѐ пред себе.
Тоа е моето мило чудовиште,
моето бебе,
ме тера да правам злодела,
ги создава моите дела,
ме уништува цела.
Ми кажува каде да одам,
се обидувам да го родам,
се обидувам да го повратам,
се обидувам да го сфатам.
Се обидувам да му избегам
за да можам покорно да му се вратам
и да го молам за прошка

и да му ја докажувам мојата љубов.

Мојот ѕвер
ми покажува што има по смртта,
ми шепка како постои вселената,50 Ива Дамјановски
ме поседува,
ми наредува,
боледувам
и врескам кон внатре,
кон мојот ѕвер,
бидејќи ме повредува,
бидејќи не е фер,
бидејќи ме присилува
да го заведувам
за да не ме напушти,
да не ме пушти
да паднам.

Јас знам дека ќе пропаднам.

Моето чудовиште е засекогаш
гладно
и жедно.

И ние сме едно.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото