Отров

25.06.2020 21:29

Отров
Воздух со боја
на мајчино млеко
и мирис на
ненадејна смрт,
сезонски непријатели бр. 1,
метомил,
цијанид,
Големиот Ѕид
на Капитализмот,
колку романтично,
геноцид,
хомицид,
каницид,
суицид,
пестицид,
бесмислена хиерархија
и демократска, цивилизирана
Анархија.
„Најновите научни истражувања
покажаа што е здраво да се јаде оваа недела.“
Идната недела научните истражувања ќе покажат дека
„истото“ е главната причина за тоа
зошто боледувате од рак.
Мрак
и страв
и Циклон (Б)
и СајгонДвоумење 33
и телефон
и електрична струја,
материјалистички идеализам
на парадоксалното вообичаено,
сензационалниот медиокритет
со лежерна мрзеливост
и апсурден приоритет,
кога имате телевизор
не постои глад или жед
и ова е совршен свет.
Сите видови се загрозени,
само Homo Sapiens е грозен,
шармантен и лепрозен,
пасивен активизам,
угостителство, туризам
и тероризам.
Сите војни
отсега ќе бидат граѓански,
бидејќи никој повеќе не живее во село
и светот ќе биде
постмодернистичко ремек-дело.
Гревот е вроден – ген
Среќен роденден!
ПМ-10 ЧЕСТИЧКИ!
Тоа сте вие,
во интимна врска со вашиот
личен масовен медиум
и вашиот радиоактивен ум,
Ураниум,
Полониум,
Радон34 Ива Дамјановски
и Светиот Грал,
Кетонал,
Дијазепам,
Страв,
Срам.


Знам.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото