Биолошки подмосковски стриптиз

15.04.2022 21:14

млада змија се подготвува прв пат да ја отфрли кожата непријатно понижувачки нејасно поради што велат дека понекогаш мора така да се прави сите гледаат размрсулавени со отров на усните с’г ќе цимне патент-затворачот не нема да има сила облеката после насилно ќе ѝ ја скинат ќе се згрчи и ќе стане уште потенка ќе отползи во дупчето таму нема да умре ќе роди нешто одвратно она што раѓаат во такви случаи таквите како нас

Превод: П. В.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото