Нечија мама слуша R.E.M.

23.06.2021 16:23

розева буба,
затворена во кутија кибрит,
сонува
како постепено ги губи непотребните крилја.
уплашена,
се обидува да го изгребе
својот мал мрак.
се буди.
и кратко лета.

во дваесеттата недела на бременоста
кај човечкиот плод
се фиксира
фазата на брзо движење на очите.

значи, почнал да сонува.

и кратко да лета.

Превод: П. В.

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото