1035 hPa
80 %
0 °C
Скопје - Саб, 18.01.2025 08:59
според Д. Крамс
Во убавиот приказ на нејзиното лице
очите ѝ се како двe проѕирки.
Не чини, дај од почеток.
Очите ѝ се како муви во млеко,
очите ѝ се како мали Дракули.
По ѓаволите со нејзините очи.
Поарно да ви кажам за нејзината уста.
Устата ѝ е како црвена колипка
во која волкот ја изел бабата.
Ах, аман веќе со нејзината уста,
ај да ви кажам за нејзините гради.
Ѝ ги ѕиркам одвреме-навреме,
но и тоа ми е повеќе од доволно
за да ја загубам главата, па затоа
поарно да ви кажам за нејзините нозе.
Кога ги прекрстува на каучот ти се чини
како затворски чувар да одвиткува пакет,
а во тој пакет има божиќен колач,
а во колачот една мала, слатка турпија
што го воздивнува името дури ми стружи по прангите.
Превод: Зоран Анчевски