Белешка

27.01.2023 21:13

Еден стаорец излезе на сцена
за време на изведбата
на школската претстава за Божиќ.
Марија вресна
и го испушти бебето
врз нозете на Јосиф.
Тројцата мудреци се
стаписаа
во своите шарени наметки.
И мува можеше да се чуе
во мигот
кога стаорецот шеткаше по јаслите
пред да продолжи кон крилјата
кога некој го тресна,
добро го тресна,
еднаш, па уште двапати,
со некој тежок предмет.

Превод: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото