Хотел Несоница

29.08.2017 12:08

Си ја сакав мојата мала дупка,
прозорецот гледаше кон ѕид од тули,
Во соседството имаше пијано.
Неколку вечери во месецот
еден куц старец ја свиреше
„Мое сино небо“.
Но, сепак, најчесто беше тивко.
Секоја соба со свој пајак во тешко палто
што ја фаќа својата мува со мрежа
од тутунски чад и сништа.
Толку мрачно,
не можев ни ликот да си го видам во огледало.
Во 5 наутро звук на голи стапала над мене.
„Циганката“ гатачка,
чиј дуќан е на аголот,
одеше да мочка по љубовната ноќ.
Еднаш чув и глас на дете што плаче.
Беше толку близу, си помислив
за миг, дека јас сум тој што плаче.

Превод: Зоран Анчевски

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото