Во библиотеката

21.05.2021 12:58

 На Октавио

Има една книга, се вика
„Речник на ангели“.
Знам дека никој ја отворил
барем педесетина години;
кога ја отворив, кориците крцнаа,
а страниците се сронија.
Таму открив дека
некогаш ангелите биле во роеви
како пчелите во соеви.
Во самрак небото тежело од нив.
Човек морал да мавта со обете раце
за да ги растера.
Сега сонце сјае низ високите прозорци.
Тивко место е библиотеката.
Ангелите и боговите се стуткани
во мрачните неотворени книги.
Големи тајни лежат на полиците
што г-ца Џоунс ги одминува секојдневно
правејќи проверка.
Висока е, па главата ја држи поднаведната,
како да слуша нешто.
Книгите шепотат.
Јас ништо не слушам, но таа слуша.

Превод: Магда Ориѓанска

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото