„GLUTEUS MAXIMUS не е име на римски император“ (peach army)

27.03.2023 12:39
„GLUTEUS MAXIMUS не е име на римски император“ (peach army)

 

When we start deceiving ourselves into thinking NOT that we want something or need something … but that it is a moral imperative that we do/have it, then is when we join the fashionable madmen. (Joan Didion)

self-righteous - having or characterized by a certainty, especially an unfounded one, that one is totally correct or morally superior

Што ако ти кажам дека можеш да добиеш 50 вежби ЗАСЕКОГАШ кои ми помогнаа да го оформам мојот задник како и моето слатко тајно оружје што оди со нив? (A.С. од peach army)

Now it’s easy when you don’t know better. (Jack White of the White Stripes)

 

„Ѕадниве“ неколку недели ме спопаднуат многу непријатни сваштарии од разни страни, некои ептен приватни, некои од вторион поширок круг (тука се потпирам на еден ТЕД ток кајшо стручно се избегнуваа традиционалните именувања на сите други људски створови шо ти требаат у живеачкава за да не се флипнеш или запсихопатишеш), при што првиот круг се состои од пе-чес души со кои пробуеш да делиш баш све, им се свиѓало тоа или не, и вториот круг се состои од пе-чеснаесе до песто-шесто со кои си муабетисуеш само онака, било преку пообемни дискурфчиња ама лабавки (иако тоа може да изглеа ко ептен заангажиrана размена посебно ако потпаднува под она шо сеа се вика „културни војни“), било преку викање само барем по едно добар ден или спроведуење размена од типот „кајсибе - ее“ шо подразбира редуцирање на поранешно поразвиен алашвериш шо више де факто одумрел, ама и двете страни се решиле да не го утепаат целосно, чисто ради ментално здравје.

И, како шо би рекла погорецитираната Дидион (ама за да не ја цитирам двапати, ќе ја парафразирам тука), многу сакам да се задржувам на поединечното, на eжедневни епизоди, УВЕК, УВЕК (ова капитализацијава за да си ја демаркирам југославскоста своја и во patois-то, оти денешните младинци викаат „секад“, тотално скопјански измислен збор како опозитен пар на србизмот „никад“, што ни од сефте не ме нервираше нешто особено, а сега му се одушевувам, како што и треба, ко на засведочена релативно тазе раширена зборообразувачка креативност), значи УВЕК се закатанчувам за нешто партикуларно кога се обидувам да доловам и некоиси поопшти моменти (иако овде УВЕК било а ла мод да се почне со тупење со општости и цитати за да се дојде до многу поредуциран партикуларен, чак и пешачки, заклучок, a не се изземам ни себеси, ама па и се замишљам дека следам викторијанска традиција на шлапање мотоа пред секое пишуење шо би можело да се стутка у едно поглавје, ама кај мене цитатите се често поише, а и не пасуат за секој еден пасус, богдачува, не сум толку дисциплинирана), а активноста ја упражњавам и коа се обидувам да скротам голема бољка, а не сум опремена со доволно општоприфатливи рационални/рационализирачки аргументи.



Да скратам со хумористичнава приватна и самореференцијална епистемологија, куцкам на сметачов за да напраам олеснителен трансфер на она чувство коа и физички ти се призгадуе, или ако преферирате, ве спопаднуе сартровска егзистенцијална nausea/мачнина, но и коа онака баш физички отелотворена траума те превозмогнуе дур‘ се труќаш да функционираш нормално.

Е пошо неам намера да се исповедам, а и за да си припоможам, се уфокусисав на г‘зот (женски) зашо, колку шо ми бил извор за заебанции со фекален хумор (којшо и фамилијарно ни лежи), толку па ми се погоди и за трансфер на мачнината физичка, оти можев да ја поистоветам со оној нагол наплив на гадење ко сум си била помлада и коа некој ќе те зад‘рпа/grope-ува за г‘с у пролаз по сокак, иако вторава мачнина УВЕК била многу пократкотрајна, да не речам само бегла, и никако трауматична, во споредба со оваа другава, предизвиканата од зборови од људски створови, и од првиот и од вториот круг, ама мора да им е слична хемијата, мора да се должи на некој невро-трансмитер контра на допаминот. Без оглед што на groper-от/драпачот од спротивниот пол можеби баш тоа му предизвикало некој допамински хај.

А богами г‘зои ме бомбардираат речиси две недели. Колку шо памтам, на Твитер налетав на некој влијателен твитерџија, судејќи според лајковите и коментарите кој беше постирал слика од женски газ, позамашен, од оние што се модерни сега (јас бев младо и малку повеќе сексуално мотивирано битие главно во 20ти век кога, посебно во осумдесеттите, за попривлечен се сметаше поандрогин изглед) со прашањето „Женски, што ве спречува да бидете вакви?“ и лавина коментари оздола, колку вежбање во теретани било потребно, а нашиве балкански женски, исто ко и машките, биле мрзливи, а јас се најдов во небраното на неможноста од воздржување од одговор, па му пишав на типот дека де факто многу малку бара, пошо очигледно му е неважно каков остаток од женската личност ќе се надоврзе на газот, а па недајбоже какви звуци (од артикулиран тип) би можела да испушта од другиот отвор што исто така знае да биде привлечен за слични гратификации како и отворот опкружен и обиколен со страхопочитуваните мускули на глутеус максимус, којшо, нели, не е римски император.



И да, да се надоврземе на кириличниот дел од насловот и цитатите, и да го лоцираме нивниот извор во мејлови од некоја наша македонска тренерка и коучка што треба да ме одведе у посреќен и поквалитетен живот и за која појма неам како сум си ја навеала у мејлинг листа. Важно можам да ви кажам дека тоа тајното оружје за „оформување на задникот“ се некакви ластици што мене изузетно жестоко ме потсеќаат на некаков садо-мазо прибор. Дури и на кутрата Сартје Бартман ми притекна.

Ама и женската фиксација и фокусираност на глутеусот во мојот интернет фид не завршува тука, (без оглед што сум толку затуцана и немејнстрим што само името Кардашијан го знам и фактот дека една од тоа семејство има такво популарно г‘зиште, без некои поподробни детали), на Твитер (неам више Фејсбук, ме прогласи за бот, затоа тупам со Масковата мрежа) ми се појави и некоја момичка со слика на позамашен газ со тетоважа на ноќна пеперуга (тоа како изговор за постирањето, демек таква тетоважа ќе си ставела, а поттекстот е дека таков „многупосакуван“ ѝ е и газот) и повторно лавина од коментари, повеќето со сè уште нереализирана, но најавена, желба за плескање на истиот, но и коментари кои најавуваат дека во иднина поодушевено ќе ги читаат и лајкаат и коментираат постовите на тетовираниот газ, значи ќе го земаат за поозбилно, и тука морав, без да коментирам, да си ја самопризнам улогата на женскиот газ во развивањето и подобрувањето на комуникацијата меѓу половите.



За веднаш да бидам побиена (барем во моите очи) на бумерската фејсбуковска мрежа што некако успевам повремено да ја чпионирам, од еден исто така влијателен џенекс бумер кој запостира сличе од фаќкање г‘с на улица со текст „еее, кога ова беше романтично!!!“ Под мојот коментар дека грдно се вара дека фаќањето г‘с по сокаци е обострано романтична активност, комуникацијата во пород беше убиена, задавена и умрена, па и закопана со класичното ад феминем, демек оти сум била недоволно привлечна да ме фаќкаат за г‘с непокането, како троглодитски немушт израз на „привлеченост“ на мажјакот кон опачината на лицето, затоа сум мрчела како феминиска, тотално непотврдена како жена од машкиот заграб по глутеусот (ова сеа ја се просеравам, ама можда некад во иднина ќе стасаме и до некоја пишанција за тој дел на женскиот идентитет што не може да преживее без машката потврда), а опелото ѝ го одржа уште една женска што најде за сходно да се јави/butt in on the conversation и да се изјасни дека нејзе баш ѝ се свиѓало да ја драпаат за г‘с, со некаква си лицидерска генитивна обланда, „од страна, и од раката на дечкото де“, пошо кај нас, дваесетвековните младинци УВЕК имаше некоја, бар за мене, тешко утврдлива граница на бидуење кул женско, па така, еднаш, мислам дека веројатно ради мојава глупа муцка шо не знаеше да флертуе чак коа ѝ се пуштаа и на нејзин терен, со демек интелектуален муабет, него на удварачот сасвим некоректно и неженствено му узвраќаше со „врска немаш, не е така...“ што, сите ќе си признаеме, не е муабет што ќе доведе до она кошер фаќкањето по г‘с, па така, од еден сега исто така етаблиран скопски лик со ѓоа уметничко-промоторски склоности, од позиција на набљудувач, не ко удварач, на мои скромни деветнајс‘-двајс‘години бев пратена на местото шо го заслужуам како „курва шо не се ебе“.



Тек после дознав и укапирав шо го предизвикало глутеусниот севдах по златната прошлос‘ од фејсбук постот. Тоа да ми ти била бурата во чаша вода предизвикана од некоја „глупача таму“ шо продуцирала некаков си ТВ шоу на кој бил поканет уште еден екс-ју јавен интелектуалец од забавен тип, етаблиран како доловувач на духот на Балканот и неговата пропаст. Значи и тука настанала некаква активност врз глутеусот на младата глупа продуцентка, а и самиот уделувач на драпањето/groping-от нè остави во небраноста на несигурноста на сеќавањето каков точно зафат се извел врз газот, оти поентата беше да се објасни дека тоа било поради интелектуални причини, односно дека гостинот во емисијата наводно предоцна сфатил дека емисијата била од типот на poverty porn, па се обидел некако да се опере од своето прифаќање да учествува во неа и да се издигне во моралните повисочини со беззборовно задрапување на газот на младата и не многу бистра женска одговорна личност, ама поради нејзините скромни перформанси во реагирањето на глутеусната опомена, морало и со зборови да ѝ се долови каква „глупача“ е, и потоа момата решила да стејџира свој me too момент и такви некој женски срањца што јадно покушавале да го фрејмнат јавниот забавен интелектуалец и да ја нарушат таа врло веома морална порука на г‘зоздрапуењето. Значи фаќањето за г‘с не само што е романтично него и во корист на повисоки морални цели.

Ова некако покушавам да го оправдам цитатот горе од минускулната, ама според мене барем, главомоќна, Дидион, оти онака малце поише ми „здокурчи“ self-righteousness-та (многу е индикативно што немаме соодветен преводен збор за оваа многу балканска malaise) на забавниот интелектуалец, па и на македонскиот фејсбук бумер опинион мејкер инфлуенсер (залепете уше некој збор по желба) којашо страобално лесно може да се пренесе и на останатите self-righteous, пардон, „морализаторски ставови“, кои јас безобразно си пробувам радијално да си ги пресликам од женскиот г‘з, преку запотеното фиќо со замаглени џамови, па сè до квази-праведничките морализирачки драмосерења за дневна политика, белосветска геополитика, историја, традиција и такозваните „семејни вредности“.



Музичката илустрација е исто така симултана (во рамкиве на двеве недели) инспирирана од извесен амерички новинар (политички) кој нашол за сходно да ѝ напраи слем даун на Мег Вајт од Вајт Страјпс на двајсгодишнината на нивната Севен Нејшн Арми, демек Џек Вајт напраил толку добра ствар (иначе не ѝ е брат на Мег ко шо некад мислевме, него муж кој го зел нејзиното презиме) и демек да имало некој друг салам бубњар наместо никаквата Мег, песната ќе била страва. И стварно бе, за никаде се тоа воук либералите на трулиот Запад (многу е забавен неспоразумот кај нас кога толпа народ од десничарска и квази-левичарска провениенција „либералите и гнасните ЛГБТ, педофиличари“ и так нататак... ги вика „неолиберали“), почнувајќи од самиот Џек и новата му жена, па до таму некои црни раперишта, кои му се вдадоа да го критикуваат „јадникот што само изнел свој став“, па типот одма мораше да го избрише твитот. Какви воук фашисти што не дозволуваат слобода на мислење, ц-ц-ц-ц!!!

Значи не е јубиларната ствар него The Hardest Button to Button, оправдањето за цитатите завршено.

А и еден пост-цитат пост скриптум којшо е вероватно народна поговорка, ама по мреживе често ја наведува и дисеминира скопскиот адвокат Д. С. „Мислењето е ко г‘с, секој го има.“

The White Stripes - Hardest Button To Button

Слики: Namio Harukawa

Слични содржини

Општество / Книжевност / Живот
Книжевност / Стрип / Теорија
Книжевност / Култура / Теорија
Квир / Книжевност / Теорија
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото