Знаете што е најголемиот пораз за оваа држава?

24.05.2023 19:17

Знаете ли, бе, што е најголемиот пораз, срам и унижение за оваа држава, овој народ и цела една нација? Се крие во реченицата на универзитетскиот професор по политички студии од универзитетот Синсинати во САД, по баба кукушанецот, Бугаринот Иван Динев Иванов, кој на дебата на една национална телевизија со еден наш познат политички аналитичар му го кажа следниот статистички податок:

„По распадот на комунистичкиот лагер во цела Источна Европа, вие (Македонија) имавте 1,8:1 повисок бруто домашен производ по глава на жител во однос на нас (Бугарија). Денес ние (Бугарија), по повеќе од триесет години имаме двојно поголем (2:1) бруто домашен производ по глава на жител од вас (Македонија)“.

За три децении на општествениот, економскиот и животностандарниот развој, нашите мили источни соседи Бугарите, не само што нè престигнале, туку и нè претркале во развојот и сега, по сите официјални светски параметри,  се двојно побогати од нас како нација/граѓани.

Благојче Атанасоски, Слободен печат / Окно, 12.05.23.