Изјавата на Ковачевски е добра но многу задоцнета

22.05.2023 18:28

Драго ми е што премиерот Ковачевски конечно, пред европската јавност, изјави дека бугарскиот „дискурс кон е Македонија сличен на тој на Русија кон Украина“.

Кога познавачите на ЕУ пред една година тоа го говореа, беа обвинети дека се хистерични, анти Европа итн. Некои беа најдрско и со груевистички (да не речам сталинистички методи) избркани од работа, но на таа тема во друга прилика.

Изјавата на Ковачевски е добра но многу задоцнета. Да имаше храброст да ја изговори пред една година, да имаше храброст да и каже на ЕУ дека процесот на промена на Уставот не се прави по нарачка и на копче бидејќи Мк е демократска држава, да имаше капацитет да предвиди дека дефилето на ЕУ политичари и функционери низ Скопје е контрапродуктивно и да имаше храброст да тргне во вистинска дебата со буквално целото општество околу францускиот предлог, земјата немаше да биде во овој европски хаос од кој ретко кој гледа демократски излез.

Дојдовме до степен кога ни избори нема да ни помогнат.

Светлана Јовановска, Фејсбук, 18.05.23.