Руски здравици за различни поводи

14.02.2011 14:28
Руски здравици за различни поводи

Кога Французинот ја прегрнува жената околу половината, неговите прсти се допираат. Но тоа не значи дека Французите имаат долги прсти. Тоа значи дека Французинките имаат тенки половини.
Кога Англичанката го јавнува коњот и оди на прошетка, нејзините нозе допираат до земјата. Но тоа не значи дека коњот е мал. Тоа значи дека Англичанките имаат долги нозе.
Кога Русинот, излегувајќи за на работа, ја плеснува својата жена по задникот, потоа, кога ќе се врати од работа, забележува дека нејзиниот задник сè уште се тресе. Но тоа не значи дека Русинките се толку полнички. Тоа значи дека Русите имаат краток работен ден.

Е па, тогаш, да се напиеме за нашиот Устав!

*

Жената го изневерила мажот – паднала една тула.
Го изневерила вторпат – паднала уште една тула.

Да се напиеме за жените пред кои се уриваат ѕидови!

*

Се сретнале двајца крадци: млад и стар. Стариот му рекол на младиот:
- Ако се качиш на дрвото и ако ги украдеш шесте јајца кои лежат под птицата, ќе бидеш еднаков на мене.
Младиот крадец ги собул чевлите и како змија се качил на дрвото. Ја испружил раката кон гнездото, но птицата се разбудила и испуштила крик. Тогаш стариот крадец му го покажал мајсторството на младиот, ги соблекол чевлите, се качил на дрвото и ги украл шесте јајца.
Кога се симнал од дрвото, не можел да си ги најде чевлите.

Да се напиеме за одличните ученици!

*

Девојката е како ѕвезда. А ѕвездите се прекрасни ноќе.

Да ги кренеме бокалите за поларните ноќи!

*

Одело низ пустината едно магаре. Одело ден, два, три, една недела... Жештината го измачувала. Одеднаш здогледало две големи бочви. Едната со вода, а другата со вотка. Што мислите, што се напило магарето? Вода, се разбира.

Дајте да не бидеме магариња и да се напиеме вотка!

*

Да се напиеме за појавата која скратувајќи му го животот на секој човек одделно му го продолжува животот на човештвото во целост.

Да се напиеме за љубовта!

*

Ова се случило многу одамна, кога планините во Ерменија биле повисоки од денес. Стоел гол Ашот покрај една карпа, и само имал шапка на главата. Му се приближила првобитната гола жена. Ашот го покрил со шапката долниот дел од стомакот. Жената најпрвин му ја тргнала едната рака, потоа другата. Шапката и понатаму го покривала долниот дел од стомакот.

Дајте да се напиеме за силата којашто ја држела шапката!

*

Се скарале Водата, Сонцето и Ветерот кој од нив тројцата ќе успее да ја соблече жената гола. Дувнал Ветерот, но успеал да и’ ја симне само шамијата. Се фатила за работа Водата. За кратко време жената накиснала цела, ја фрлила облеката, освен гаќичките и градникот, и спокојно почнала да се бања. Се фатило за работа Сонцето. Тоа ја згреало жената, но продолжило и понатаму да грее. Жената го симнала градникот, а потоа и гаќичките.

Да се напиеме за топлиот однос кон жените!

*

Пријатели! Да се напиеме за мојот многу добар другар, за кого јас често си спомнувам. Си спомнувам за него и дење и ноќе, и рано наутро и доцна навечер. Си спомнувам за него кога одам на работа и дури и за време на работата, кога сум на гости или на прошетка, во поход или на одмор, на дожд, на лапавица и на мраз. Општо земено, си спомнувам јас за мојот другар насекаде и секогаш, дури и кога седам со вас, пријатели мои, на оваа маса...
И никако не можам да се сетам на него, ѓавол да го земе...

Да се напиеме за мојот пријател!

*

Пловеле на еден брод трговец и научник. Трговецот бил богат и патувал со неколку куфери додека научникот не носел ништо со себе. Се кренала бура и бродот претрпел бродолом. Се спасиле само трговецот и научникот. Тие се фатиле за еден трупец и бановите ги исфрлиле на брегот. Трговецот видел дека научникот е тажен, па му рекол:
- Зошто тагуваш? Јас сум тој што го изгуби своето богатство, а твоето е со тебе.

Да наздравиме за она богатство кое не може да се изгуби – за разумот!

*

Заминувајќи во војна, кралот и’ го ставил на својата прекрасна сопруга појасот на верноста. Го повикал кај себе својот верен другар и слуга и му рекол:
- Ти го давам тебе клучот од мојата најважна ризница. Ако ме убијат во војна, ти ќе и’ го извадиш појасот на верноста на мојата жена. И тоа ќе го направиш точно една година од мојата смрт. Само тебе можам да ти го доверам овој клуч зашто не се сомневам во твојата чесност и благородност.
Почестен од таквата доверба, слугата му се поклонил на кралот, ја бакнал раката на својот владетел и го зел клучот. Кралот не успеал ни да се оддалечи од замокот кога слушнал топот на коњ: му се приближувал неговиот другар и слуга.
- Што се случило, мој верен пријателе? – прашал кралот.
- Ваше величество, се случи една огромна грешка. Клучот што ми го дадовте не одговара на појасот на верноста на вашата растреперена сопруга.

Да наздравиме за верните и приврзани пријатели!

*
Еден ќелав човек изјавил во своето друштво:
- На жените косите им се долги, а умот им е краток.
Тогаш една од присутните дами го запрашала:
- Вие немате ниту долги ниту кратки коси на вашата глава – кажете ни како да го распознаеме вашиот ум?

Да наздравиме за женската снаодливост!

*

Една вечер некоја млада девојка си одела по улицата и слушнала зад себе чекори. Се свртела и здогледала едно убаво момче. Се свртела и вторпат – тоа продолжувало да оди по неа. Девојката решила да се запознае со него. Се свртела и третпат – момчето го немало...

Да наздравиме за тоа водоинсталатерите навреме да ги затвораат шахтите!

*

Некоја млада и убава девојка се шетала низ шумата. Одеднаш пред неа се појавил разбеснет лав. Девојката немала каде да бега, немала со што да се заштити, ниту од кого да побара помош. Лавот застрашувачки рикал, подготвувајќи се да и’ се нафрли на беспомошната девојка, но таа во последен момент го кренала фустанот под кој немало ништо, освен нејзиното раскошно тело. Лавот бавно и’ се доближил на девојката во клекната положба и почнал да си го чешка носот од коленото, однесувајќи се како да е домашно маче.

Да наздравиме за онаа сила која може да го скроти разбеснетиот лав!