Прашалник за Бојан Петков - Шамба (Летечки Пекинезери)

12.10.2023 12:19
Прашалник за Бојан Петков - Шамба (Летечки Пекинезери)

- Вашето најрано сеќавање за книгата и за читањето?

Не можам да ја заборавам илустрацијата со лубеница на корицата од “Касни Порасни”

- Која книга би ја нарекле книга на вашето растење?

“Волшебното самарче”. За прв пат се сеќавам се најдов како скокам неколку страници за да видам што ќе се случи понатаму во приказната.

- На кој/а писател/ка (или книга) редовно се навраќате?

Не ми се случило по втор пат да читам некоја книга ако веќе ја имам прочитано претходно. Има многу писатели кои сакам да ги проверам, затоа сеуште не сум стигнал да се навраќам на некои од нив.

- Книга која никако не сте успеале да ја прочитате до крај?

Две книги ми текнува кои ги немам прочитано до крај. “Игра со стаклена монистра” од Херман Хесе и “Исповед на една маска” од Јукио Мишима. Не мислам дека се лоши книги, така ми се погоди да не ми се погодат со расположението во моментот и застанав некаде на половина.


- Која книга би сакале никогаш да не сте ја прочитале?

Не постои некоја до толку што се каам дека сум и одвоил од моето време.

- Во светот на кое книжевно дело би сакале да живеете?

Па не би одбрал некоја со траорна содржина иако не ми текнува целосно која беше содржината би сакал тоа да е некоја од лектирите до 4то одделение како “35 мај” или “Доктор Офболи”.

- Во кои ситуации жалите што немате книга при рака?

Мислам дека секогаш се наоѓа по некоја книга за тој што сака да чита.

- Да имате своја издавачка куќа, која книга или кој/а писател/ка прво би ја објавиле?

Не познавам премногу писатели кои сега творат, но кога би имал издавачка куќа ќе се погрижам да се издадат некои компилации од кратки раскази на одредена тема од светските писатели. Исто би пробал да го збогатам репертоарот на македонски јазик со книги од областа на науката. Мајкл Полан е многу интересен автор од таа област и мислам дека не е преведен сеуште на македонски. Ете.


- Која книга би сакале вие да сте ја напишале?

“Botany of Desire”. Оваа книга ја следи хронолошки приказната на четири растенија и интеракцијата на човекот со нив низ времето. Премногу интересни факти и шпекулации во оваа книга го замислувам авторот Мајкл Полан додека ги испитува своите научни извори и како прв доаѓа до некои сознанија кои многу од нас луѓето немаме идеја дека постојат.

- Општо прифатено ремек-дело кое не ви се допаднало? И зошто?

“Сликата на Дориан Греј” не ми остави многу добар впечаток а сепак е приказна која е општо позната. Не ми текнува зошто, мислам дека ме изгуби текот на приказната и не ме интересираше нејзиниот краен исход. Ми смета кога фантастичното е концетрирано околу еден лик и другите автоматски не се толку битни во приказната. Сепак одамна беше тоа.

- За која книга (автор/ка) мислите дека сте ги откриле предоцна?

Не ми текнува такви.


- Да можете да приготвите вечера за пет писател(к)и, сеедно од каде се и дали ви се современици, кои би се нашле на масата?

Кнут Хамсун, Франсоа Рабле, Курт Вонегат, Андре Бретон и Едгар Алан По

- Како обележувате интересни делови во книга: белешки на маргините, „уши“, подвлекување со маркери, или...?

Со молив, ама одамна не ми се случило.

- Која книга би ја однеле на пуст остров, а која на отслужување доживотна затворска казна?

Би земал некој добар патепис на пуст остров бидејќи нема да имам прилика да патувам ако сум заглавен така. Не дај боже ако некако се погоди да треба да отслужувам доживотна затворска казна би се посветил на “Улис” од Џемс Џојс. Никогаш не сум ја читал.

- Што читате деновиве?

“Антологија на црниот хумор” - составена од Андре Бретон. Си купив издание на англиски јазик и до сега сум задоволен.

Слични содржини

Прашалник за ... / Книжевност
Прашалник за ... / Книжевност
Прашалник за ... / Книжевност
Прашалник за ... / Книжевност
Прашалник за ... / Книжевност
Прашалник за ... / Книжевност
Прашалник за ... / Книжевност
Прашалник за ... / Книжевност

ОкоБоли главаВицФото