Музата и поетот

08.12.2023 14:46

Музата в тегла чува заграб вселенско црнило.
Поетот ја опишува третата страна на медалот.

Музата калеми семка од диња со своја кожна клетка.
Поетот јаде бомбони со вкус на молња.

Музата игра шах со розови фигури.
Поетот жонглира со нож и светулки.

Музата другарува со демагнетизиран компас.
Поетот е спријателен со магарешките гриви.

Музата живее меѓу липови годови,
а низ нејзиниот ум чекори мачка.
Поетот живее во лушпа од орев,
а во неговиот ум е дреме лебарка.

Поетот умира со плач на бродови што тонат,
а музата, и да сака, никогаш не умира.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото