Етимологија

12.04.2023 11:02

Сите мои зборови
туѓи се звуци
од дамнешни договори
сите мои зборови
издишување се при умирање
и одекнуваат во врисокот на новороденче
сите мои зборови
имаат корени
на кои не им се знае почетокот
сите мои зборови
слуз се преточена
од уста в уста
на страсни љубовници
сите мои зборови
отпадоци се од минати назначувања
сите мои зборови
крици се на диви преиначувања
сите мои зборови
позајмици се од север и југ
сите мои зборови
избегале од пославните денови
сите мои зборови
ги загубиле некогашните значења
појасните па и другите
сите мои зборови
препуштени се на игра
на површни луѓе
сите мои зборови
веќе биле и пцости и бајки
сите мои зборови
јазик се на подли и луди
сите мои зборови
од големината на историјата се плашат
сите мои зборови
еве и овие
друг умее поубаво да ги свие
сите мои зборови
присвоени се одамна
од некои силници
а зборовите на јазикот мој
единствени ми се наследници

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Новоговор
Графички Дизајн / Култура
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото