Боли глава

Хеклери и дрвени митралези

Акцијата беше спроведена па речиси спектакуларно, меѓутоа третманот целиот и од страна на припадниците на специјалните сили за приведување и од страна на инспекторот беше коректен. Посебно во делот кон, да речеме, третирањето на малолетниот син кој се разбуди исто така во 5.30 часот. И успеавме целиот спин да го направиме дека тоа е игра и филм, така што на крај заврши споредувајќи ги своите митралези што ги прави од дрво и прачки со хеклерите на специјалците.
Борис Дамовски, уапсениот па нагло ослободениот режисер на режимското ѓубре наречено „Еднооки“; ТВ изјава, 17.09.13.

нема
19.09 2013
Му се здрвил газот на тврдото столче?

Па дали е тоа истиот Борис Дамовски кој со години си играше курташак со судбините на сите жртви на Грујо низ годините на режимската власт на талибанците?! Му се исплашило синчето и му се здрвил газот на тврдото столче 13 саата... А шо да каже жената од уапсените од Перо Наков која доживеа спонтан абортус во затвор, што е со разбиената фамилија на Велија, што е со трагедијата на Љубе Бошковски, што е со стресот кој го претрпеа Зоран Заев, Душко Млекарот, Тренковски и сега Кежаровски?! Тие немаат ли фамилии, дечиња, ќерки, внуци, тие не трпат ли тортури во занданите во Шутка и Идризово, како е тоа воопшто споредливо со поминати неколку саати на столче за потоа сето тоа да се залие во кафаните во Скопје?! Значи, сто стапа по туѓ грб не болат ич, тие гревови можеме да ги прогласуваме за непријатели на државата и народот, предавници, петоколонаши, соросоиди, удбаши, ЕУ бољшевици ама кога е во прашање своето газе и својата фамилија тогаш ОФ ЛЕЛЕ МАЈКО?!
Саше Ивановски, Мактел, 18.09.13.

нема
18.09 2013
Дали Мијалков е создавачот на вашата криминална олигархија тешка милијарда евра?

Дали е непотизам назначувањето на вашиот прв братучед Сашо Мијалков за директор на ДБК? Дали со ваквата поставеност на Мијалков му овозможивте да има неконтролирана моќ, да сее страв и трепет во државата? Дали Сашо Мијалков е создавачот на вашата криминална олигархија која според некои проценки има стекнато личен капитал во вредност од фантастични една милијарда евра? Дали во овој случај Никола Груевски и Сашо Мијалков имаат судир на интереси и заеднички семеен бизнис интерес? Дали е непотизам и судир на интереси господине Груевски назначувањето на другиот Ваш братучед, братот на Сашо, Влатко Мијалков за советник на директорот на македонската царина, со задолжение во име на фамилијата да ја организира и контролира целокупната трговска размена на земјава? Дали господине Груевски поставувањето на вашиот кум, Зоран Ставревски, за газда и трошач на парите на граѓаните по Ваша и наредба на братучедот Мијалков е нормална практика, или тоа е невиден скандал? Дали Вие, Мијалков и Ставревски сте мозокот на операцијата во која последниве 7 години се одлеани повеќе од 3,5 милијарди евра пари на граѓаните во непознат правец и во приватни џебови? Ова е грабеж од епски размери што го разори македонското стопанство, ги упропасти домашните компании, а на граѓаните им натовари тешка сиромаштијата?
Зоран Заев; Плус инфо, 17.09.13.

нема
18.09 2013
Тешко е да навлеземе во суштината на овој прогон

Времињата надоаѓаат и не' преплавуваат како плима од содржини и емоции. Често пати сме шокирани од контекстите што се развиваат во нашиот ум и душа. Тоа се силни струи на свеста, што почнуваат со својата фатална измачувачка дејност, а нема начин сето тоа да се отстрани, да се изолира, да се отфрли некаде далеку од нас, во небиднината, на депонијата на потрошеното време и живот. Тешко е да навлеземе во суштината на овој прогон.
Александар Станковски, еден од најистакнатите преродбеници и антиквизатори - можеби поради најновиве процеси и апсења?! - западнал во меланхолија; „Утрински весник“, 17.09.13.

нема
17.09 2013
Раскурцавање на наркодилерската извршна власт во РМ

Признавам јавно: Сè што правам последните седум години е раскурцавање на наркодилерската извршна власт во Република Македонија... Нека распишат потерница по мене, па во процедура ќе си дојдам во Скопје да се соочиме со Мијалков и Груевски. Ако сакаат циркус ќе го имаат допрва. Мислев до денес немам рејтинг, дека не сум фактор, дека не ме бива, дека сум утнал сè. А тоа полн погодок!
Зоран Божиновски, обвинет „шпион“; Фејсбук / Плус инфо, 16.09.13.

нема
16.09 2013
Антиквизацијата е грчки тројански коњ за Македонија

Сега, кога Тито и Југославија ги нема, свртената историја се спушта до антиката, до Александар и до античките Македонци како на исход. Академици апологети на југословенскиот комунизам, преку ноќ се превртеа во проповедници на антиквизацијата, заборавајќи што пишувале до вчера. Покрај овој вакуум во автономната историографска едукација, за успехот на антиквизацијата е заслужна и УДБ-а. Како антитеза на МПО, таа сред нашата дијаспора го популаризирала античкиот мотив. Иницијаторот за формирање на ВМРО-ДПМНЕ, човек контролиран од полицијата, на митинг во Охрид, изрази вера во победа „со штитот и мечот на Александар Македонски и со камата и мечот на Гоце Делчев“! На амблемот на партијата долго време стоеја едно под друго знамето од Кутлеш (Вергина) и земскиот грб со лавчето. Од друга страна, денес е толку јасно дека антиквизацијата ни нанесува огромна штета и на внатрешен и на надворешен план. Таа е од огромна полза за Грција која во неа добива доказ за нашиот иредентизам. И затоа објективно врши улога на тројански коњ, улога каква што и' беше наменета во оригиналната грчка верзија: ни го зема умот, а ние во тоа постулираме преродба и наш идентитет. И пред светот не' прави некредибилни.
Димитар Димитров, бивш министер истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ; Утрински весник, 16.09.13.

нема
16.09 2013
Војна за иднина на мојата земја и народ

Многу од порталите посебно оној на Боријан Јовановски пробуваат да ми ги извртат изјавите во надеж дека ќе ја зголемат гледаноста, тоа е тажно. Боријане ти си човек за кој мислев дека само на филмови го има. Тажен фраер. Ќерка ми ги вика тие лоши чичковци, јас би додал и ситни. Престани да го ставаш моето и на Кили семејството во опасност и да пробуваш да не ставаш во политичка конотација пошто ова е се само политика не!!! Јас по убедување сум многу поблизок скоро идентичен со ставовите на владеачката гарнитура, а никако со тебе. Името не го давам, ми се допаѓа тоа што е изградено односно новиот лик на Скопје 2014, разните мерки што ги презема владата од типот субвенции за земјоделците и многу други работи. Уште еднаш сакам да ти истакнам дека ова не е борба против власта ова е ВОЈНА ЗА ИДНИНА НА МОЈАТА ЗЕМЈА И НАРОД!!!!!!!!

Владимир Поп-Христов; Фејсбук, 13.09.13.

нема
15.09 2013
За тебе новинарството е еротска игра во Мулен Руж!

Па добро бе друже докторе, ако не се согласуваш со прајминистеро за овие прашања, зошто толку го фалиш бе човек, зошто не го подбереш во вестите на Сител, зашто не напишеш колумна на таа тема во Вечер, или ти новинарството го разбираш сосема поинаку? За тебе новинарството изгледа е како перформанс, актинг, драмска игра во еротското кабаре Мулен Руж! Како Ферус Мустафов што дува во тоа трубата на свадби за добра кинта и ти така за добра кинта "дуваш у пенисот" на Грујо секоја вечер лажејќи го народот спинувајќи вести извртувајќи и разубавувајќи ја грдата македонска стварност. Се чини Мирка кога збореше за лиценци за новинари се чини баш на тебе мислела, баш ти не треба да добиеш лиценца а ни таа самата или пак обратно ако веќе вие давате лиценци на нив ќе треба да пишува Journalist, goverment owned expensive whore!
Саше Ивановски, Мактел, 13.09.13.

нема
14.09 2013
Камо водени топови?!

Голем пропуст на македонската полиција. Замислете, не употребила водени топови, солзавец и пластични куршуми против Паркобраните. А бре зошто ги купивте тие справи и не ги употребите против сопствениот народ. Не е битно што биле само 11, угледајте се на турската полиција. Ќе создадовте ефект „Mad Max“, секако вие како и секогаш ќе бевте добрите момци а оние 11 лошите. Не е битно што е спротивно во филмовите за „Mad Max“. Важно е дека сте влегле во филм.
Нано Ружин; Фејсбук / Либертас, 13.09.13.

нема
13.09 2013
Зошто ноќе?

Знаете ли зошто е оваа акција одржана ноќе?! Затоа што талибанците знаат дека тогаш новинарите од малкуте опозициски портали и медиуми спијат, особено камерманите. Нема да бидат доловени со видеа и аудио моментите кога се влечат протестантите, кога се тепаат, се гураат у комбиња. Кога се делат воспитни, кога се покажува сила. Затоа и беа исфрлени новинарите од собрание на 24-ти декември, за да не се долови хоророт во видео записи кои потоа би се вртеле на социјалните мрежи. Талибанците си ја ебале мајката, народски кажано. Они совршено менаџираат со свеста на Македонецот и му дозираат што треба да слушне, види и знае, а тој живее како во Труман Шоу. Се подјебаваат со него овие бедни расипани стаорци!
Саше Ивановски, Мактел, 12.09.13.

нема
12.09 2013
Самите на себе ли лоботомија си имате направено?

Сериозно, не можам да го разберам степенот на аматеризам и несериозност кога на вицепремиер на владата, која наводно состанчела до 4 сабајле, до зори, околу Косово, следниот ден главна порака му - ајде на тв дебата, па луѓето нека одлучат кој е во право. Абе, што ви на вас од ДПМНЕ? Самите на себе ли лоботомија си имате направено? Ова ли е начин да се води политика, да се раководи со држава, па уште народот да одлучел?
Ивор Мицковски; Окно, 12.09.13.

нема
12.09 2013
Миленко не навива ни за СДСМ ни за ДПМНЕ?!

Имав еден голем учител спортското новинарство, Никола Солдатов, македонска легенда, најдобриот спортски коментатор на сите времиња и веројатно и еден од најголемите интелектуалци. Тој велеше дека немаш право да навиваш на натпревар. Тоа може да се прави само ако наш клуб игра со странски клуб, па од национални причини. Но наши клубови или пак ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, тука нема навивање.
Миленко Неделковски; Антена / Мактел, 11.09.13.

нема
11.09 2013
Македонската цивилизација е основа

Македонската цивилизација е основа на современиот културен глобализам, што подразбира интеграција со афирмација на помесните етноси, јазици, религии и култури, наспроти корпоративниот глобализам на британскиот империјализам, кој врз основа на профитната логика на мултинационалните корпорации врши интеграција со асимилација на помесните етноси, јазици, религии и култури,се’до нивна физичка ликвидација од земјината топка.
Тодор Петров; Мактел, 07.09.13.

нема
09.09 2013
Во меѓувреме се почеша на главата во знак на крст

Во 5 часот стана премиерот, ги изми забите со неговата омилена паста и четка за заби од домашно производство, пушти вода во тоалетот онолку колку што е потребно, зошто знае и да штеди. Се облече во кошулата која е сошиена од инвестицијата во Штип дирекно од рака на македонска шивачка. Ја намести краватата право, на начин како што и ја води државата. Се напи македонско кафе, сварено на шпорет кој штеди електрична енергија. Ги врза врвците на кондурите во знакот на македонското знаме и зачекори по македонските асфалтирани улици кои пред неколку години не беа. Се упати на работа за да придонесе во успехот и напредокот на државата која неизмерно ја сака и се бори за неа и македонскиот народ. За време на ужина, повтоно ќе се јавиме каде тој ќе јаде бурек измесен од македонско брашно со македонски квалитет, помогнат со јогурт произведен од здравје радово кое од како оваа власт дојде на власт бележи раст и важи за еден од најквалитетните производи во Македонија, Балканот па и во светот. Во меѓувреме се почеша на главата во знак на крст, неколкупати, зошто тој вербата секаде ја носи со себе. За повеќе, покасно.
Влатко Васиљ; Фејсбук / Либертас, 05.09.13.

нема
06.09 2013

Препорачуваме

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

ОкоБоли главаВицФото