Боли глава

Македонија, Русија и Казахстан - то су срца три

Во последно време светската општествено-политичка јавност, а особено медиумите, сѐ почесто се навраќаат и, се разбира, на широко шпекулираат со можностите за реализација и остварување на една дамнешна идеја за создавање евроазиски сојуз или унија по примерот на европската, чии главни протагонисти и реализатори, барем засега, се Руската Федерација и Казахстан, односно претседателите на овие некогашни советски републики, Владимир Путин и Нурсултан Назарбаев, со интелектуална поддршка од познатите руски политиколози Александар Дугин, Александар Панаров, Сергеј Гавров и популарниот киргизиски писател Чингиз Ајтматов. Актуелноста на современите глобални интегративни економски и политички процеси, кои го обележаа почетокот на 21 век и ги зафатија главно земјите од Источна Европа и новосоздадените држави на Балканот по распадот на Југославија, меѓу кои и Македонија, налага сериозен меѓународен и дипломатски приод и анализа на пројавената иницијатива во насока на можноста за остварување на оваа значајна политичка агенда, која заради здружувањето на несомнено големите економски и воено-стратегиски потенцијали на инволвираните страни, во основа може да ги измени постојната геополитичка конфигурација и општиот политички баланс во Европа и во светот.
Драган Jањатов, поранешен дипломатски претставник на Македонија во Русија; „Нова Македонија“, 10.07.13.

нема
11.07 2013
Лакрдија и хипокризија

Со оваа епизода Грујо покажа страшно поведение на бескрупулозен психопат кој е спремен да навредува и омаловажува се, ама баш СЕ што ќе му се испречи на патот. После оваа епизода и сцените на апсењето на Љубе Бошковски и новинарот Кежаровски потполно сум убеден дека овој човек ако дојде до тоа е спремен и да убива само за да остане на власт. Без око да му трепне! Човек кој веќе 12 години оди на работа во влада што како министер што како премиер, човек кој злоупотребува над 30 милиони евра државни пари за пропаганда и крши низа демократски стандарди само за да му остане газето во премиерската фотеља обвинува за кариеризам поп кој се откажал од можноста да има жена и деца и животот му го посветил на бога и по цел ден се мота во црна мантија и кисне по некои манастири во македонски вукојебини и притоа дури се дрзнал јавно да се спротистави на ваков режим по цена на вакви омаловажувања кои секако во извесна мера и беа очекувани, ваков човек да се нарече кариерист?! Па тоа е маестрална фрапантна спектакуларна епска ЛАКРДИЈА И ХИПОКРИЗИЈА! Боксерчево маме си ебало, шо би рекол народов наш...

Саше Ивановски, Мактел, 09.07.13.

нема
09.07 2013
Визибилност

Како и да е, мислам дека владиката Пимен меѓу другото имаше проблем што повеќе години е владика во синодот на МПЦ, а многу малку луѓе тоа го знаеја, и очигледно анонимноста го оптеретувала. Мислам дека на човекот му недостасуваше визибилност, пошироката јавноста да го запознае, па кога ја виде оваа шанса да го направи ова на наш грб, не се симна од медиумите под контрола на опозицијата цела недела. Којзнае колку бил среќен што конечно смислил причина некој да го даде на телевизија.

Никола Груевски; Нет прес / Либертас, 08.07.13.

нема
08.07 2013
СК014 - Непродуктивно лудило кое се развива

Зошто актуелната власт во Македонија продолжува со својата политика на ограничување на јавниот простор во центарот на градот, намалување на слободниот проток на пешаци (да не зборуваме за идеи) со структури и статуи со големина која би се сметала за неприфатлива дури и за градови како Истанбул или Њујорк, и сето ова без земање предвид или почитување на ставовите на оние кои се најмногу погодени, граѓаните на Скопје? Зошто не се консултирани, како што тоа би било случај и во секој нормален главен град за едно такво големо, интензивно и непродуктивно лудило кое се развива.
Ерван Фуере, поранешен евроамбасадор, на Фејсбук; 06.07.13.

нема
06.07 2013
Гласот на Александар

Американската агенција за национална безбедност (НСА) може верно да го репродуцира гласот на Александар Македонски.
Мирослав Лазански, воен аналитичар; Либертас, 27.06.13.

нема
05.07 2013
Живот и смрт

Овде уствари отсекогаш се работело за борба на живот или смрт, и сите оние кои се обидуваат ова да го релативизираат се наивни и шалабајзери. Се дружам претежно со дечки од опозицијата и овие години гледам само јадови, несреќи, погреби, бегства во странство, банкроти, разводи, депресии, стагнирања... Додека талибанците сите се женат и се множат како зајаци. Што е ова ако не борба на живот или смрт? Талибанциве на пастирот се како оние заебаните калифорниски пастрмки во нашите езера: кога ќе избегаат од кафезите маме ебат у цело езеро ги јадат и чамците и се’ што мрда во езерото. Такви се и нашиве талибанци на власт. Се’ уништија, на се’ се посраа, притоа покажувајќи такви канцерогени нивоа на невкус, на беда, злоба, одвратност и гнасотилак што тоа е просто неописиво. 
Саше Ивановски, Мактел, 02.07.13.

нема
03.07 2013
Братучедска културна политика: руши во Скопје, конзервирај во Ново Село!

При крај е реновирањето на куќата во штипско Ново Село во која се родиле загинатиот министер за внатрешни работи Јордан Мијалков и неговата сестра Нада, кои се вујко и мајка на премиерот Никола Груевски, пишува весникот Дневник во репортажата за Ново Село, кое е родно место на голем број истакнати личности. (...) Во Ново Село 16 куќи се ставени под заштита на државата, а нивните сопственици ќе добијат стручна поддршка во конзервацијата и надзорот, објаснува Зоран Читкушев, директор на штипскиот Завод и музеј. - Под заштита на државата се ставени 16 куќи. Тие имаат сопственици, кои ја имаат нашата стручна поддршка во конзервацијата, надзорот. Има интерес за обновување, а со таа намера три од тие 16 куќи купи кардиохирургот Жан Митрев. И локалната самоуправа и градоначалникот Захариев се расположени да се забрза решавањето на проблемот. Годинава заеднички ќе конкурираме и за средства за реконструкција и за конзервација на пет фасади на куќите - вели Зоран Читкушев, директор на штипскиот Завод и музеј.

Плусинфо го пренесува Дневник, 01.07.13.

нема
02.07 2013
Ало, Камбовски! Ало, МАНУ!

Камбовски, барем пост фестум, за да го обелиш образот на МАНУ огласи се барем пост фестум. Не се плаши, па што ако и тебе сосе институцијата оној шоуменот во мантија ве испрати да ГОРИТЕ во пеколот. Од него и од акмаците од лустрациска, а пред се од Груевски, привилегија е да бидеш во списокот на нивните КОДОШИ.
Ацо Кабранов, Либертас, 29.06.13.

нема
01.07 2013
Израел во Европа?

Точно е дека цела Европа, со исклучок на Ирска, Полска и на Израел, го има овој проблем, но кај нас, во една мултиетничка и мултиверска средина, тој проблем е многу поголем.
Никола Груевски, експерт за демографија и географија; Дневник, 28.06.13.

нема
29.06 2013
Хомосексуалноста и педофилијата се исто

Во САД постои движење кое го озакони хомосексуализмот. Зошто не ја озаконат и педофилијата. (...) Гревот си е грев. Можете да го наречете како сакате, но во суштина е истата приказна. Библиски, евангелски и христијански гледано тоа е сосема иста приказна.
Амфилохие, владика на СПЦ; ТВ Атлас / Б92, 27.06.13.

нема
28.06 2013
Момин поток

Му благодарам на еден фејксбукџија кој на статус напиша ШТО ЌЕ НИ Е ЈУЖЕН ПОТОК КОГА СИ ИМАМЕ МОМИН ПОТОК. Од овој статус, така како што јас го дешифрирам, човекот апсолутно е во право. Момин поток, скопјани знаат што е, но за оние од внатрешноста, место во предградието на Скопје каде годиништа се лоцирани ОТПАДИ. Еден таков чинам најголем кој кога ќе дојде време ќе биде исфрлен таму, е кога ќе треба да се празнат депониите на владините пропагандни медиуми, кои катаден по нарачка или не, на народот му сервираат ЛАГИ, кои според мене, не им е местото, ни во етерот ни на хартија, туку на МОМИН ПОТОК.Како поинаку да разбереме ако денес си го спружил на насловна Ставре да го фалиш а утре кога работата излегла по трета мајка ќор фишек, си ќутиш ко онаква во волна и се правиш на мутав.
Ацо Кабранов, Либертас, 26.06.13.

нема
27.06 2013
Ти пожелувам ќебапите да ти го рацветаат газот

Ќеркичките му се срциња исто и сопругата да се живи и здрави, но му пожелувам ова ропакот пастирски од тоа ќебапите да добие најзаебан пролив газето да му се расцвета како оние зумбулите покрај пругите кога цветаат у пролет...
Саше Ивановски, Мактел, 22.06.13.

нема
26.06 2013
Пред Грујо Скопје личело на Чернобил

Лидерот на оваа власт не шмрка бело, нема ледомат во канцеларијата и во резиденцијата (за да може да пие виски, нормално), не престојува во резиденцијата за време на својот мандат (туку во обичен стан), направи неколку национални обележја (музеј, театар, филхармонија, архив, знамиња на јарболи, фигури на најпознатите)... Направи нешто што ниту Кљусев, најмалку Бранко, ниту Љубчо, ниту Хари и Бучко не го ниту знаеа дека треба да го направат. А, камо ли да имаат идеа, да изнајдат пари, да ја изведат целата работа. Пред ова градителско, неимарско време Скопје личеше на Чернобил.
Миленко Неделковски, Мактел, 20.06.13.

нема
25.06 2013
Бед карма

5. Во стилот на петочниот наслов "На Третиот пат му растат шансите за успех", весникот на Минчо Јорданов неколку броја по ред минатата недела ја започнува својата нова ера. Ера на партиско гласило. Партијата во формирање Алијанса за позитивна Македонија веќе има три члена! Минчо, Бучко и Зиков. Прашање за милион долари е кој е четвртиот член? Ако воопшто го има?

6. АБ ќе стане ЈМ телевизија. Андреевски Бојо ќе му ја шитне телевизијата на Јорданов Минчо. Светлата на ЈМ телевизија ќе ги упали гасачот на светла во А1, светло мајсторот Александар Чомовски. Ауууу, бед карма. Бед, бед карма.
Миленко Неделковски, Вечер, 18.06.13.

нема
21.06 2013

Препорачуваме

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

ОкоБоли главаВицФото