Боли глава

Груевски на Илинден 2013

Неполн месец од овој недоличен настан, на ден Илинден 2013 во славното Крушево, Неговата екселенција Груевски призна: „Во право е Паско Кузман кога тврди дека антиквизацијата е мое ремек дело, не греши чаршијата кога шепоти дека стојам зад одлуките на Томе Аџиев во процесот на лустрација, патувам во најдалечните земји за ваше добро, скотови ниедни, ич да не ви е гајле за трошоците. И како што опозицијата е виновна за смртта на демократијата во Македонија, така лошите Грци не ми отвораат пат да поминам. Но мене ми останува меѓународната јавност, Обединетите Нации, и за овој проблем лично ќе се заложам да се реши, исто како што ги остварив ветувањата од својот прв инаугуративен говор. Гледате и сами, не остана ни трага од сиромаштијата, не ве задолжив петпати за непродуктивни инвестиции, туку ве раздолжив, земјата македонска стана толку стабилна што служи за пример во Европа, а просечната годишна стапка на БДП е дури поголема од таа што ја ветив. Откако драстично ја намалив бирократијата, непродуктивните трошоци паднаа ниско. Затоа вие дишете со олеснување и толку искрено ми аплаудирате“.
Божин Павловски,Плусинфо, 03.08.13.

нема
03.08 2013
Скопјаните во мексикански алишта

Зошто им пречеше Мексичка улица? Сe уште се во бодри години скопјаните кои се сеќаваат дека оваа улица е именувана во чест на Ева Самано, сопругата на мексиканскиот претседател Лопес Матеус, која по земјотресот во неколку наврати лично дошла во Скопје и со вагони носела тони облека како помош. Скопјаните потоа со години низ Југославија ги препознавале по мексиканските алишта.
Горан Михајловски, Вест, 16.06.12.

нема
01.08 2013
Мизеријата на Груевски низ бројки

Фактите се поразителни: Македонија е на дното од регионов според странски инвестиции за 2012-та година. Целата таа помпа и шоу што го приредува Груевски е обичен циркус без никаков ефект. Погледнете и сами, износот на странски инвестиции во земјите од регионов за 2012-та:

Македонија 104 милиони евра; Србија 274 милиони евра; Албанија 745 милиони евра; Хрватска 1 милијарда евра; Бугарија 1,6 милијарди евра.

Тоа е тоа драги мои, ако баба лаже, трап не лаже. Го изгласавме Груевски во 2006-та за да го вработи народот и да ги крене платите, да привлече една милијарда инвестиции годишно, да има раст на БДП од над 6 проценти годишно, но од сето тоа добивме само кур од овца!

Саше Ивановски, Мактел, 29.07.13.

нема
30.07 2013
Важност

Поважно било сега државните медиуми да пренесат дека некој соработник на полицијата во 1963 година, кога сум имал 21 година, напишал во својата достава дека имам лошо мислење за тогашните дела и писатели, одошто дека тонеме и како мало безимено државиче, и како најсиромашни во Европа, ич не било важно.
Божин Павловски, Плусинфо, 27.07.2013

нема
29.07 2013
Груевски за популизмот, 2006

Очигледно е дека популизмот е составен дел на секоја политичка сцена, во светот, па така и македонската не е имуна на овој феномен. Но, она што навистина сериозно ме загрижува е кога популизмот ќе се издигне на ниво на државна политика, или подобро кажано, кога популизмот ќе стане замена за безидејноста на одредена гарнитура на власт, како што, за жал, е случај со актуелната владејачка политичка гарнитура во земјава. Така денес, за жал, имаме премиер кој секој месец, по потреба, зборува за инвестициите од ‘Сименс‘, Дојче банк, ‘Џенерал моторс‘, ‘Сузуки‘ итн, кои само што не ги донел, а секој ден станува се' поочигледно дека нема да видиме ништо од тоа. И тоа го прави, односно подобро кажано, тоа го зборува само поради тоа што е убеден дека граѓаните сакаат да слушаат за надежта дека брзо ќе излезат од економската криза ако странски инвеститори од овој ранг дојдат во Македонија. Значи, иако од нивното владеење добивме само рекордна невработеност и сиромаштија за граѓаните, социјалдемократите повторно се обидуваат состојбата да ја покриваат со некаква апстрактна идеја за стабилност, безбедност или европски перспективи. Популизмот, за жал, во Македонија стана начин на водење политика од страна на СДСМ, но сметам дека таквиот начин веќе самиот на себеси ќе стане негација.
Никола Груевски, во колумна 2006 година; Утрински весник / Мактел, 25.07.13.

нема
26.07 2013
Вашето не е препорачливо ни за Коза Ностра!

Груевски да ти бил загрижен оти главната опозициона партија си имала команда лево-десно?! И дека тоа ќе било лошо за државата?! Ќе сме ја загубeле препораката!!! А бе човек, па полни осум години ваше владеење создаде не лошотија туку тотална хаварија на државата! Вашето владеење ја направи најсиромашна и најзадолжена на светот. Најнедемократска и најпартиска. Најнепрофесионална и најпирамидална. Најкорупциска и најкриминална. Најризична и најнебезбедна. Тука омразата служи за да ја прави невидлива мафијата. Не водството лево-десно, туку ни црниот ѓавол нема капацитет да им наштети толку на овие луѓе колку што тоа го прави вашето владеење. А лево-десната игра си е уште една ваша лага, за да продолжите да владеете градејќи ја вашата среќа врз несреќата и трагедијата на два милиона луѓе. За да го градите вашето задоволство врз бедата и тагата на сите други луѓе. Водство како вашето не е препорачливо ни за Коза Ностра... Вашите членови не само што не смеат ништо да кажат, туку не смеат ни да мислат. Но, сега јажето ви е околу вратот. Ништо не ве спасува...
Мерсел Биљали, Мактел, 23.07.13.

нема
23.07 2013
Македонецот не излегол од пештерата

Со мала доза на претерување би можело да се каже дека современиот Македонец се разликува од пештерскиот (!) само по тоа што употребува паста за заби и гледа идиотски телевизии, но во системот на своите стравови и фрустрации е на исто ниво. Мислам дека ние сме во напредната фаза на исчезнувањето како нација, а за државата ќе видиме. Само културна револуција на линијата на модернитетот, нешто апсолутно спротивно од ова што денеска се прави, можеби може да не' спаси. Во идеолошка и политичка смисла клучна операција како долготраен административен политички и културен процес, мора да биде девмровизацијата, а на културен план радикалната дистанца од идиотските и идиотизирачки зрачења на „Скопје 2014“.
Бранко Тричковски, Утрински весник, 22.07.13.

нема
22.07 2013
10 000 вати у шупак

Мене сега талибанците ме подсетуваат на оние сериски убијци во Тексас кои поднесуваат милион жалби пред да бидат спржени на електричен стол. Успеваат да купат околу 10 до 15 години во одолговлекување но сепак упорните тексашани сепак на крајот според сите процедури ги седнуваат на столот и им пуштаат 10 000 вати у шупак.
Саше Ивановски, Мактел, 21.07.13.

нема
21.07 2013
Михајловски - бисексуалец со јака жена

Михајловски своите либерални ставови за слободна сексуална ориентација очигледно ги пресликува во новинарството. Токму ова интервју е доказ. Сака да седи на две столчиња, нешто слично како бисексуалците, со едни на еден начин, а со други на друг начин. И толку. Нема сега многу да пишувам против Горан Михајловски. Едноставно страв ми е. Човекот има силен телохранител. Фаќа веднаш за гуша. Како питбул е. Поготово кога е под дејство на алкохол. Не бира место и време, ниту пак го интересира кој се е пристуен во моментот. Тоа е неговата сопруга. Опасна е. Кај нив дома се знае добро кој е газда во куќа, или поточно кој е маж во куќа.

Дејан Николовски, уредник на Нетпрес; Нетпрес / Мактел, 16.07.13.

нема
20.07 2013
За бедотијата, џиновите и македонскиот комунизам (1945-2006)

Македонскиот комунизам создаде систем на вредности каде што големината на делото на научникот и на уметникот не се мереше според неговата објективна научна и културна тежина, туку со нејзината/неговата слепа верба во каноните на единствената партија. Овој систем потоа си го презедоа и си го продолжија и Киро Глигоров и Бранко Црвенковски. Но, како што гледаш, сега Македонија се отвара кон светот и на виделина излегува сета морална и интелектуална бедотија на етаблираните македонски културни и научни работници, излегува на виделина дека тие не постојат за европската и за глобалната наука и култура. Оние што вредеа, токму овие етаблираниве ги истуркаа на маргините на македонското општество. Како поинаку медиокритетите може да ги поднесат сопствената просечност и мизерност, освен да ги прогонат и да ги затворат џиновите во најтемните и во најдалечните зандани.
Ивица Боцевски, бивш министер на Груевски; Нова Македонија, 12.07.13.

нема
17.07 2013
До неговата екселенција

Неговата екселенција, премиерот Груевски, од сосема наивни побуди (не верувам дека е во канџите на пропагандите, премногу морничаво е тоа) го однесол вагонот наречен Република Македонија на спореден колосек. Ги потценил историските факти дека македонските врховисти во Бугарија се испоклаа меѓу себе и таму не постигнаа ништо, дека на југ победи грчкиот македонизам, и дека само прогресивните сили во предвоена Југославија се изборија за македонските работи.
Божин Павловски, Плусинфо, 14.07.13.

нема
16.07 2013
Една е вистината

Изјавите на водството на ВМРО-ДПМНЕ дека само тие се гаранција за зачувување на уставното име и националниот идентитет се точни колку што биле тврдењата на шпанската инквизиција во Средниот век, кога говорела дека само таа ја говори „вистината“; на истите такви тврдења на комунистите во повеќето држави; на „вистината“ која ја ширеше пропагандната машинерија на Третиот рајх, „докажувајќи“ го тоа низ илјадниците логори на смртта; на тврдењата на СДСМ дека само тие се државотворна партија...

Петар Гошев, Фокус, 12.07.13.

нема
15.07 2013
Од лигавање до дехидрација

Мојот совет до партиските лекари е да прекинат да се лигават зашто од многу лигавање - ќе дехидрираат.

Ѓорѓи Оровчанец, поранешен министер за здравство; Фокус, 12.07.13.

нема
13.07 2013
Цела ноќ да сонуваш лењири

 Кој ги шиша! Да даде господ да им падне аутокадот во којшто работат, Т-лењири да сонуваат цели ноќи.

Александар Поповски, режисер, ги колне креаторите на барокната фасада на ГТЦ, Жарко Чаушевски и Филип Богатинов; Фокус, 12.07.13.

нема
12.07 2013

Препорачуваме

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

ОкоБоли главаВицФото