Боли глава

Да видиме од што леш се изцрвиле црвите

Све живо се искурназило и отвара четири за све. А бе нит рибине под Камени не зинуат поише на изџвакано интегрално лепче од Жито Лукс, за дудинка ич муабет да не праиме, а ако им закачиш бел црв, си ибале мајката, братучед. Прво ги намирисуат ко џукели отворена паштета покрај дпмнеовски контејнер, за да проверат датум производње, да видат од што леш се изцрвиле црвиве, па тек ондак, врло евентуално да отворат уста и да залапаат мамац, иначе, ц’к. Рибарине, мислам на Скопскиве рибари, од давна ги фрлија трските. Мрежи друже мој, струкои и малку динамит собран од новогодошњи петарди, бум – трес, зашеметуеш осиромашено рибно богаство, и собираш мрежа. Види братучед, само у Скопјево добијаш генерален утисак дека и у држаава све ти е стаено у стање на тешка превара од една страна, па на опасно високо ниво на наивност од друга страна, и максимален левел на обазривост од треќа страна...
Боки Бургија, Плусинфо, 24.05.13.

нема
04.06 2013
Среќна театарска земја

Македонија денеска се препознава како среќна театарска земја.
Елизабета Kанческа-Милевска, министерка за култура; „Дневник“, 31,05.13.

нема
03.06 2013
Се самоубила поради немање деца

Мерилин Монро заради кариерата како актерка не сакала да раѓа деца и дури побарала да и извршат кастрација, односно хируршки зафат за да не може да забремени. Но, отпосле, кога и се јавиле чувството и желбата за мајчинство, не можела да го направи тоа бидејќи грешката била сторена, па утеха не можела да најде во никој случај освен со одземање на животот, со самоубиство.
Владиката Петар, на прес конференција; „Дневник“, 31.05.13.

нема
01.06 2013
Гром, Кукавица и Цеца

Значи народе, чекајте позитивна политичка плима, после долга осека со неспособната и раскарана опозициска СДС доаѓаат убави денови, и за власта и за нас, трета опција, ви реков ГРОМ КУКАВИЦА и се разбира ЦЕЦА. Предвидувам дека со нив и Грујо и ние ќе РАСЦВЕТАМЕ, а Али и Тачи ќе гледаат, и ќе им течат лиги. Ќе нема уцена за тендери, провизии, коруптивни зделки, оти чинам дури тогаш се ќе завршува во новата зграда која јас еве ја крстив ТРИ ВО ЕДНО, односно и власт и опозиција под исти кров во хотелот на ЦЕЦА. Дотогаш, до тоа благостање, да се стрпиме, остана уште малку, кај и да е овие раскараниве ќе го изберат новиот БЦ, кукавицата ќе пропее, а Стевчо ќе продолжи со нему омилената НИКО НАМ НИШТА НЕМОЖЕ, ЈАЧИ СМО ОД СУДБИНЕ. Таа него му го топли срцето, оваа ГРОМОТ чинам е повеќе за уметнички дојам на идната коалиција ТРИ ВО ЕДНО или поедноставно широк социјалистички фронт на чело со ВОЖДОТ спонзориран од ЦЕЦА.
Ацо Кабранов, Либертас, 31.05.13.

нема
31.05 2013
Курово здравје

Професоре Фрчкоски, не дозволувајте во ниту еден момент од овој гриз на власта да почне да ве боли курот. Тука мислам не на курот како полов орган туку на фалусот односно, во жижековска смисла, на симболот на потенцијата, општествена пред сè, но и сексуалната нека ве држи, што па да не ве држи!

Бранко Тричковски, „Глобус“, 28.05.13.

нема
30.05 2013
Како се вика машки полов орган на латински?

Која е најдолга река во светот? Заокружи го точниот одговор: а) Вардар б) Дунав в) Нил г) Драгор. Мислам, стварно треба да си Ајнштајн да одговориш на ваква загатка. (...) Како се вика машки полов орган на латински? Заокружи го точниот одговор: а) Денис б) Тенис в) Пенис. Таков е тој систем. Заебан. Си бара знаење. Гледам, млади со ај-кју тринаесет, доволно голем коефициент колку да не какаат дома на тепих, станаа доктори на науки на дваесетитри години, а уште азбуката на Кирил не ја знаат до крај.
Сашо Тасевски, „Мактел“, 28.05.13.

нема
28.05 2013
Томос

Амфилохие ајхманиќ, јефтиќ, пахомие енд ко. ќе му давале или нема да му давале томос, јебали га томос копар мотори, пенти и останати, на петрета од битола и због поради тоа ние двата миљона треба да патимо или да смо весели, бре.
Бранко Тричковски, „Глобус“, 22.05.13.

нема
27.05 2013
Словените се постар и поцивилизиран народ од Елините

Замагленото сведоштво дека Грците ја примиле писменоста од некакви загадочни малоазиски или дури северноафрикански Феникијци ни кажува дека всушност се работи за балканските Сло-Вени, т.е. за Јужните Венети. Додека во глаголицата местото на буквата го дава нејзиниот број на вредност, во грчкиот алфабет и во кириличната азбука тоа не е така. Словенската писменост е постара од грчката, односно Словените се постар и поцивилизиран народ од Елините.
Милош Линдро, поет; „Нова Македонија“, 23.05.13.

нема
24.05 2013
Срамота е што секој може да објави книга

Сега во новите економски односи кој сака може да објави книга и да ја продава. Нема никаков филтер, а тоа е срамота за една културна средина.
Венко Андоновски, „Утрински весник“, 22.05.13.

нема
23.05 2013
И педерите се против Македонија

Ова е нечуено! Само пе..ри! Оваа манифестација ја организираат истите оние кои ги организираат геј парадите ширум светот. Јас досега слушав сè и сешто, но ова е прв пат со свои очи да се уверам штo се случува со ова некогаш прекрасно музичко натпреварување. Не е ни чудо што не поминавме, бидејќи се гледа кој овде оди понатаму. Мојот колега Лозано не смееше да излезе од хотелот, а камо ли да отиде до Евроклубот. Таму веднаш го штипкаа за задникот.
Есма Реџепова, српски „Курир“, 21.05.13.

нема
22.05 2013
Традиционална српска тепачка

Даниловиќ е повреден во традиционална српска тепачка меѓу пријатели.
Ивица Дачиќ, премиер на Србија, го коментира повеќекратното прободување со нож на славниот српски кошаркар; Политика, 21.05.13.

нема
22.05 2013
Од бирач вработен не бива

Не ја прифаќам констатацијата дека во Македонија тешко може да се најде работно место, туку е проблем да се ангажираат дел од луѓето да прифатат да бидат работно ангажирани. Факт е дека голем број граѓани одбиваат и пребираат работни места.
Спиро Ристовски, непребирлив млад човек со министерска работа; НоваТв

21.05 2013
Турбо борба за културата и името

Имам впечаток дека ова министерство работи турбо на промоција на Македонија. Ние често говориме за проблемот со името на РМ и се разбира дека тој проблем ќе се турка во рамки на институциите. Меѓутоа, оваа иницијатива на Министерството ја гледам пред се како легитимен начин на борба за името. Нема ништо повредно од тоа кога на литературна вечер во странство ќе ви пристапат луѓе и ќе ве прашаат каде е Македонија или до каде сте со проблемот со името. Ова не е само културна акција за која ние имаме огромна желба и огромна поддршка од ова Министерство, туку ова е и дел од таа борба за нашиот идентитет и име. Огромна благодарност до министерството, ретко имаме министерката во Владата која толку се труди за културата на својата земја.

Венко Андоновски, писател и борец за името, на прес конференција ѝ се заблагодарува на министерката за култура; НоваТв

18.05 2013
Крчат цревата по Косово

Напорите на меѓународната заедница за понижување на српските земји нема да застанат само на Косово. Мислам дека странците овде нè понижија, и не ни дадоа никаква сатисфакција, и поради тоа имам лошо чувство во стомакот.
Милорад Додик, претседател на Република Српска; ТВ Б92, 13.05.13.

нема
17.05 2013

Препорачуваме

Дали крајот вака мириса?

Колумнава е објавена пред 13 месеци.

Нова стратегија

Пет песни: Нова стратегија, Премијера, Царство, Елегија и Прашање на влијание. Графики: Frans Masereel.

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

ОкоБоли главаВицФото