Боли глава

Дијалог Груевски - Шекеринска

Груевски: - А знаеш ли дали татко ти не е кодош?
Шекеринска: - Да знам дека татко ми не бил кодош, но знам и дека твојот вујко Мијалков бил.
Мактел, 20.08.13.

нема
21.08 2013
Бранко Црвенковски и јас - класична лоботомија

Ако го минеш некако и тој „лустрациски“ филтер и ако сѐ уште имаш мислење различно од владејачкото, а глумиш некаков патриот, зад кривината ќе те начека Бранко Црвенковски. Или ќе ти речат оти Црвенковски стои зад тебе, или ќе те набедат дека мислиш исто како него. Што да направам Црвенковски веќе ништо да не мисли, се прашуваш. Ти доаѓа да му организираш атентат или да му речеш да се самоубие за да немате исто мислење! Класична лоботомија.
Зоран Димитровски, глодур на „Нова Македонија“, 17.08.13.

нема
20.08 2013
„Музеј земја“ – последен проект на владата на РМ

Станавме земја без критериуми, затоа не’ нема подалеку од сопствените граници – немаме со што да конкурираме. Под многу нивоа сме на државен план, а алтернативата, која носи слободна мисла , се чува во затвор, под контрола од самата држава. Некомпетентни луѓе одлучуваат за нашата судбина, а народот ги прима нивните одлуки здраво за готово. Незнаењето и простотилукот во комбинација со партиската послушност се синоним за успех. Ентузијазамот е со одамна изминат рок. Тие што сеуште имаат сила и надеж – емигрираат. На останатите им збогтиса од лажги и си го прифатија камшикот на ДПМНЕ како судбина. Останаа поединци да бараат парче слобода и надеж. Дел од нив, со време, веројатно ќе замине. Полека стануваме „музеј земја“ – последен проект на владата на РМ.
Синоличка Трпкова;Фејсбук / Либертас, 12.08.13.

нема
19.08 2013
Мирке, нема потреба да кинеш мадиња!

Би сакал да полемизирам ама за жал нивото е такво па се што имам да кажам доволен е ФБ. Еве на пример Мирка ја читам сакала да кине мадиња. Нема потреба Мирке, промена на пол сега се врши брзо во клиники во блиско соседство..Белград на пример. Е сега дали тоа ќе ти помогне за да имаш посилен глас во застапувањето на хомофобијата и останатите фобии не знам...ама ете пробај наместо да бркаш новинари на кои би им кинела мадиња како што самата кажуваш!
Борјан Јовановски, новинар; Фејсбук / Мактел, 17.08.13.

нема
17.08 2013
Емигрантите ги однеле парите!

Дали сите млади, средовечни и стари што ја напуштија осиромашента земја, отидоа во белиот свет по парче леб или некои отидоа со парите што „ги спечалија“ во матната транзиција. А ние овде ќе си ги вадиме очите, ќе се мразиме ќе си „пуштаме крв“. Тоа се важни прашања кои заслужуваат барем да се отворат ако ништо друго. Каде отидоа, исчезнаа парите.
Аљоша Симјановски, колумнист и режисер; Утрински весник, 12.08.13.

нема
16.08 2013
Водачи или тешки медицински случаи

Комисијата на општина Центар за „Скопје 2014“ вели дека констатирала „пропусти“ во реализацијата на овај проект. Мислам дека грешат или имаат јазично-етимолошки проблеми. Таму не се работи за пропусти, туку за тешки дубиози, за големи кратери и за силни ерупции, од кои два милиона луѓе тешко страдаа. Времето ќе покаже дека нешто слично или повеќе од тоа се имаат случено и во сите други области. Оваа фаза од осум години владеење веројатно ќе остане запаметено во историјата на државата како тешка човечка катаклизма, каде што се газело по се’ што е човечко. Идните аналитичари ќе имаат сериозен проблем да ги дефинираат сегашните водачи – дали тие воопшто биле водачи или тешки медицински случаи…
Мерсел Билали на Фејсбук; 13.08.13.

нема
15.08 2013
Меѓу образованата и шлакнатиот

Според тоа, меѓу еден ординерен шутрак (се мисли на Саше Ивановски, уредник на Мактел - заб. Окно) кој се увлекуе у дупе таму каде што бара пари и една разгоропадена Мирка, јас без размислување би ја избрал Мирка. И не само тоа. Еве, дури и во својство на обичен човек, новинар кој има не повеќе од пристојно образование и 1.200 грама здрав мозок во главата, без оглед и наспроти сите политички околности, симпатии и антипатии, без оглед на сите мои полемики со неа, јас за свој собеседник и омилен „непријател“, секогаш би ја избрал интелигентната и начитана Мирка, а никако оној непоисмењаковиќ кој се однесува ко шлакнат со цигла у глава. Тоа, едноставно, е прашање на ментална хигиена!
Бранко Героски на Фејсбук; 13.08.13.

нема
14.08 2013
„Бристол“ - мавање заушки и борба за ред и поредок

Еден од оние полицајци што првин велеле дека не сакаат да се таму, а потоа мавале полна заушка. Онака од срце. Не поради дрвјата, не поради ВМРО или Груевски, туку поради редот во државата, кој вели дека не можете во град да бидете петленце од буниште. И не можете да повикувате на ред и на поредок, а во исто време да го нарушите тој поредок.
Дарко Јаневски, главен уредник на „Дневник“; Дневник, 09.08.13.

нема
14.08 2013
Биљо, пушти светло!

Ја молам Билјана Беличанец, мојата колешка, бидејќи како жител на Кисела Вода спаѓам под нејзина јурисдикција, да ми пушти светло на улица Георги Димитров. Билјана, замисли како би ти било да си на сцена, а да не ти пуштат светло кај што глумиш. Е мене ми е така! Се јавував кај некој таму во општина ама они ме заебаваат. Ај кажи им дека тоа не е убаво и пушти ми светло.
Александар Поповски, режисер, на Фејсбук ја моли градоначалничката на „Кисела вода“; 11.08.13.

нема
13.08 2013
Глушецот да ѝ скокне на мачката в очи

Сега, кога македонскиот премиер, во својот „газиместански“ говор на Илинден во Крушево, конечно го објави крахот на својата стратегија за (не)решавање на спорот за името, се присетив како тој, во еден од тие разговори, пред околу шест години, ми ја објасни таа стратегија. Ми рече: „Ние сме втерани како глушец од мачка во ќошот. За глушецот нема друг избор, освен да ѝ скокне на мачката в очи“.
Бранко Героски, Плус инфо, 10.08.13.

нема
13.08 2013
Зошто нѐ лажеа цели седум години?

И конечно, јас лично ве повикувам сите да си го поставиме прашањето зошто оваа власт со години тврди дека нема да прифати било каква промена на уставното име (по цена Македонија, наместо кон Запад, да се сврти кон Кина и кон Индија, кон Куба и кон Венецуела), а ваму премиерот Никола Груевски јавно се нуди лично да преговара и да договори заемно прифатливо решение, кое неизбежно ќе биде едно компромисно име. Зошто нѐ лажеа цели седум години?
Бранко Героски, Плус инфо, 10.08.13.

нема
12.08 2013
П... под јорган и г... скапано

Трендо продолжува да глуми лудило и да молчи како п... под јорган за македонските проблеми а цело време да известува за проблемите во странство за да го задржи својот демократски и бунтовен бренд кој уствари е маска под која се крие г... скапано продадено платеничко талибанско...
Саше Ивановски, Мактел, 09.08.13.

нема
09.08 2013
Семкарот од стадионот за титаните

Денес псевдоинтелектуалците од Македонија оваа одушевеност би ја стуткале во феноменот „антиквизација“. Но нивните неологизми и оксиморони, остануваат како растурени лушпи од семки по трибините на стадионот, каде се одвивал големиот натпревар на титаните.
Александар Станковски, идеолог на антиквизацијата и телесна гарда на малиот архитект, пардон - титан; Утрински весник, 06.08.13.

нема
06.08 2013
Како резонира еден идиот: АСНОМ ја упропасти обединета Македонија?!

АСНОМ е погребот на нашата државност, идентитет и сонот за обединуванјето на сите одземени македонски територии. Не разбирам зошто го славиме. Тоа е исто како да го славиме договорот од Букурешт. Извинете партизанчиња ама ако сте го убиле Ченто, а сте го убиле, треба да си одите во Белград и да се поклоните на гробот на ќопавиот загорец и таму да се величате себеси и својата борба за уништување на се што е македонско.
Го гледав документарецот за Ченто и не можев да ги задржам солзите. Семето ваше комунистичко-предавничко!
Тони Михајловски, актер; Фејсбук / Мактел, 03.08.13.

нема
05.08 2013

Препорачуваме

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

Секој ден песна - мала антологија на светската современа поезија

Десет песни од новата Темплум книга во едицијата „Модерна Македонија“.

Најдобрите вицови на Окно

OK.NO. - нова едиција книги по повод петнаесетгодишнината на нашиот портал.

ОкоБоли главаВицФото