Боли глава

Посакуваме да ни ја урнат куќата?!

Дури, ако сакате, во согласност со балканските сваќања дека без три-четири илјади години континуитет не си нација, имаме право и темелите на нашиот идентитет да ги поставиме на историска почва, која грчкиот народ ја сметал за своја да речеме во античка Македонија. Но, проблемот е што меѓународните односи не почиваат врз археологија туку се производ на реални односи на сила и на интереси, па оттаму и нужноста од такт и интелигенција. Преведено на обичен јазик: ако ги поставите на темелите на вашиот идентитет на историска почва која послилниот сосед ја смета за своја, тој нема да се смири се додека не ви ги урне темелите. Зар тоа го посакуваме, да ни ја урнат куќата?!
Денко Малески, поранешен министер за надворешни работи; Република, 18.10.13.

нема
21.10 2013
И навистина, што друго имаме!?

...Да не заборавиме на секои три секунди да вреснеме: името не го даваме, тоа е се’ што имаме! И навистина, што друго имаме!?
Бранко Тричковски, колумнист; Фејсбук статус, 19.10.13.

нема
20.10 2013
Одам да го бранам стадионот со динамит

Ако ни го одземат стадионот сите одиме на улица и остануваме без дом. Одам да го бранам стадионот со динамит и ги повикувам сите навивачи да ми се приклучат.
Душан Вујошевиќ, кошаркарски тренер и претседател на собранието на ЈСД Партизан, реагира на пресудата со која стадионот на Партизан и’ се дава на Војската; „Време“, 10.10.13.

нема
18.10 2013
Кој родител сака да го види своето дете во село Слепче на 50 години со брада искубан распуштен?

Кажи ми Бетмен, кој родител сака да го види своето дете во село Слепче на 50 години со брада искубан распуштен сам без никаква материјална сигурност без жена без деца без пари со зависност од алкохол и што ли уште не, кој тоа го сака?
Саше Ивановски продолжува да се заглибува во кал по идиотската колумна против Игор Џамбазов; Мактел, 16.10.13.

нема
16.10 2013
Двоножни крлежи и гниди секогаш имало

Кога такво друштво ќе ве нападне можете само да си го зголемите спокојството. Авторот на тие квалификации и по карактер и по професија е крлеж. Тоа е единствениот талент кој што го поседува. Без тоа не би можел да се прехрани. Се знае од кого цица и за кого цица. Заради таквиот талент постојано има некој што го плаќа. Но слугите се секогаш на голема мака. Никогаш не се сигурни дали доволно одработиле за газдите. Постојано трчаат да ја натфрлат нормата. Но колку повеќе се трудат, појансо се гледа нивната ретардирнаост на сите други полиња. Драг Саше, се работи за еден неетички шљам, проверен и докажан, немам намера поради такви да објаснувам каква била мојата улога кон крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите. Знаат сите нормални луѓе. А што се однесува барањето од мене нови мандати и функции, нека ми го испратат таквиот од кого сум барал да ми го каже тоа мене. Двоножни крлежи и гниди секогаш имало. Нашата несреќа е што многу се намножија, и се амбицираа да ја водат земјата. Затоа нашето мочуриште се шири и продлабочува. Прашањето е до кога?
Петар Гошев, во одговор на уредникот на порталот „Мактел“, реагира на нападите кон него од Љупчо Зиков и Миленко Неделковски; Мактел, 14.10.13.

нема
15.10 2013
Кодно име: „Претседавач“

Како, бре, акцијата за злоупотреби во „Машинопромет“ ја крстија „Претседавач“?! Ај да беше „Машинбравар“, ќе личеше потаман! Или ја стартувале пред 4 месеци кога Шиповиќ стана Претседател на Советот на Центар и токму поради тоа, или имале визионерски капацитет дека од него ќе биде Претседавач! Кумот на кодното име на акцијата ептен кикснал! Ама барем ние разбравме што „ги боле“ кумовите!
Јадранка Костова; „Фокус“, 11.10.13.

нема
14.10 2013
Во контејнер или во напуштен хотел

Не знам дали ќе ме уапсат, сместат у некој контејнер, запалат у напуштен хотел, исклучат од партија, ама новата влада мора да донесе неколку закони како што се: закон за конфискација на украденото од граѓаните, одземање на 11 октомвриските награди на незаслужените и корумпираните, укинување празникот на ДПМНЕ, амнестија на сите политички затвореници, трансформација на музејот на ВМРО во компјутерски инкубатор со 100 вработувања, одговарање за 24.12, автономија на универзитетот... 11 Октомври, БОРБАТА ПРОДОЛЖУВА!!!
Јани Макрадули, пратеник; Фејсбук / Мактел, 11.10.13.

нема
12.10 2013
Строго наменско прагматично наравоучение

Строго наменско прагматично наравоучение: Ако сакаш да не те откријат дека си магаре, треба да знаеш да забезекнуеш јавност, а не да се забезекнуеш од јавност. Никад не треба да дозволиш да падне прашина позади тебе. Тогаш, не само што губиш прлеќа титула и шанса за стануење магаре, него се враќаш у позиција за дигање чалам од позиција на заслепена кооперациска оФца...
Боки Бургија; Плусинфо, 08.10.13.

нема
08.10 2013
Саше ко Заев го беси Геро со кабел од маус

Ја да сум на местото на Зоран Заев, под сиот тој масакар кој му го приредуваат талибанците, би го викнал најучтиво Геро во канцеларија, би ја заклучил вратата и потоа би го тепал со столот со тастатурата со масата со тоа книгите би го бесел со кабелот од маусот и после би го фрлил од прозор, мада тоа нема да е многу паметно пошо ќе се дигне уште поголема галама и паника во медиумите, така најдобро е да се лупа по гз со мокар пешкир за да нема белези...
Саше Ивановски; Мактел, 03.10.13.

нема
05.10 2013
Да им оставиме време на криминалците

Во мојата организација има многу криминалци, но треба да им оставиме време сами да се променат, па може после ќе се претворат во најдобри граѓани.
Субрата Рој; Либертас, 02.10.13.

нема
04.10 2013
Секс за сиромашни

Верувам дека многумина кои живеат во сиромаштија ќе се приклонат на сексот и ќе ја зголемат густината на населението. Родителите со кои не доминира нивното „јас“ ќе го изберат вистинскиот пат за нивните деца. Родителите кои не ја следат идеалната семејна законска дефиниција ги губат сите придобивки и бенефиции за нивните деца, а треба да го изгубат и правото на глас. Треба да се запомни дека уставот на една земја е напишан за добросостојбата на луѓето, и за целите на добросостојбата на луѓето денес, уставот треба да се менува според постојните потреби на масите.
Субрата Рој, бизнисмен и уставен реформатор; lokalno.mk, 03.10.2013

нема
03.10 2013
Земја без корупција

Барав земја без корупција и ја најдов Македонија.
Субрата Рој, бизнисмен; А1on.mk, 02.10.13.

нема
02.10 2013
Певаљка трофртаљка тресогазица крекавац

Грујо оди на конференции за народни и десни партии, а уствари тој е политичка турбо фолк певаљка трофртаљка тресогазица крекавац напумпан со силикони и целиот во миничи и штикли од 35 сантима! Она што Грујо им го нуди на гласачите во државава е исто урнебесно разноврсно и контрадикторно што и на народот му го нуди и Цеца Ражњатович: силиконски цицки, религија, семејство, секс, еротика, деца, патриотизам, забава, трагедија, циркус, екстаза, АБЕ СЕ, СЕ!
Саше Ивановски; Мактел, 30.09.13.

нема
01.10 2013
Кој е тој фраер?

Да одлучиш дека Македонија оваа година нема доволно добар филм, за да се испрати еве да речеме и во конкуренција за Оскар, е директен шамар за сите кои инвестираа во филмовите, а кај нас инвестира само и само Влада на Р.М. Тоа е уринирање врз сите што минатата година се будеа, работеа, заспиваа, сонуваа и веруваа во нивните филмови. КОЈ Е ТОЈ ФРАЕР со два пара муда кој на сите нас ни кажа дека сме глупи и дека филмовите к**цу не ни вредат? Тоа е советникот за култура на Б.Ц. Медо Тозија. Забравам му името. Единствениот кој има, на некој начин он мисли дека има, номинација за Оскар со филмот П.Д. (before the rain after shave) на М.М. И сака така да остане. Истиот не сакаше да ја пушти копијата на Панкот(филм) кога требаше тој да биде наш кандидат за Оскар. После оваа одлука мислам дека Медо треба да го испратиме за Сибир, таму се е бело, да му дадеме две кози, што за земјоделие и сточарство што за *** и да го заборавиме. Или да му се забрани да има било каков контакт со македонскиот филм.
Тони Михајловски, актер; Фејсбук / Мактел, 30.09.13.

нема
30.09 2013

Препорачуваме

Нема веќе предавници на чело на државата

Има нешто добро во смената на власта во Македонија.

Изборните резултати не се позитивни за развојот на една (надежно) либерална демократија

Нашите избори – и кампањата и исходот – само ја намалуваат веќе оскудната нијансираност на политичката понуда.

Во челустите на пандемијата на деснило

Бранот на фашисоидната милитаризација ја плави цела Европа.

Македонија и „Биг Бенг“: историски лекции

На 1 мај 2004 на ЕУ ѝ се приклучија десет земји, од кои седум од поранешниот источноевропски лагер.

ОкоБоли главаВицФото