Боли глава

Спикерот–пенушка подава рака

Тој грозен и скудоумен говор беше изречен пред македонската и меѓународната елита, во гротескен амбиент на банана-барок, каде што од какофонијата на бесмислени лажни конзоли, корнизи и картуши, исполнети со вистинска блујавица од несварени архитектонски орнаменти, обилно се цедеше бојата на лажното злато. Во амбиентот кој можеби сепак повеќе му прилега на урнебесниот „Бал на вампирите“ од Полански, спикерот–пенушка го заврши својот инфантилен исказ со „ефектната“ гимназиска ораторска фигура: „Од оваа говорница подавам рака.“ А, зошто пенушката подава рака? За да ги повика клетите кодоши од опозицијата да престанат да бидат велепредавници и да застанат со ДПМНЕ во единствен фронт во одбрана на името... Ајајај, човек да помисли дека живее во клас за ментално ретардирани!
Мирослав Грчев; Окно / Слободен печат, 05.11.13.

нема
06.11 2013
Водачи пред да проодат, професори пред да научат, новинари без да читаат...

Тој веќе предолго присутен тренд на поедноставување до вулгарна банализација на работите по мера и интерес на „абеотите“ не' донесе во ситуација да имаме водачи кои водат пред да проодат, професори кои предаваат пред да научат, новинари кои пишуваат без да читаат, да сакаме во Европа но не сакаме во Брисел, да ги мразиме другите, а се презираме себеси, да бараме, но да не даваме, да сме опкружени со провокатори и без нималку провокации. И сето тоа зачинето со политика без народ, ликови без карактер, споменици без темели, гласања без избор, антика без средновековие, култура без уметност, религии без верници, вера без милост, љубов без чесност, надеж без можност.
Арсим Зеколи; Утрински весник, 04.11.13.

нема
05.11 2013
Левата страна на Вардар - линија Мажино

Државотворните билдинзи на левата страна на Вардар се лошо камуфлирана „Мажино линија“ или вмровистичка адаптација на нормандиските фортификации на фелдмаршалот Ромел од пред седумдесет и кусур години. Тие градби се такви според својата симболика, а нивната физичка конституција овозможува многу лесна трансформација на целиот простор во непробојна бункерска линија кога ќе дојде ред главниот град на бившата држава да се дели на два дела! Како Никозија, Бејрут или Берлин! Барокот и неокласицизмот тука се комитски трикови кои не му дозволуваат на непријателот да се сети на овие, во суштина, основни, функции на Скопје 2014, а на Влатко Ќорчев, на Лилето Поповска, на Рембрант Амадеус или на Љубисав Иванов од династијата Ѕинг и на останатите православни џихадисти, им овозможува со своите „Хеклери“ за миг да се најдат на смртоносните снајперски позиции врз ќерамидите на Мууу Зејот на смртта или меѓу дорските столбови на Земјовадната смејурија македоника! Каква ингениозност!? Никогаш не сум се сомневал во идиотските визии на ВМРО!
Бранко Тричковски; Плусинфо, 03.11,13.

нема
03.11 2013
Следни на листата за отстрел се порталите?

Јас мислам дека отпорот е поради тоа што ќе биде загрозено неконтролираното, можам да кажам во наводници, илегално финансирање на одреден број на портали во Република Македонија од добро познати извори.
Зоран Трајчевски, партиски војник и претседател на режимското тело за произведување пропаганден мрак и магла нагалено наречено Совет за радиодифузија; Радио Слободна Европа, 03.11.13.

нема
02.11 2013
„Кум“ и братучед

Реакцијата вчера беше како од некој редовен гледач на американскиот филм „Кум“. Ако мислат, ако се надеваат и ако сметаат дека споредбите со Љубе ќе не’ уплашат, се лажат. Апсете, заканувајте се и продолжете со истата политика на создавање страв. Меѓутоа, вистината вчера излезе на видело. На видело излезе дека шефот на тајната полиција, и прв братучед на премиерот го дуплирал својот имот во последните неколку години, а премиерот молчи, и го одобрува сето тоа.
Радмила Шекеринска, на прес конференција; 01.11.13.

нема
01.11 2013
Ако тоа воопшто е некаков јубилеј и ако ова воопшто е некаков живот

Со овој концерт одбележувам 50-годишен јубилеј на живот, ако тоа воопшто е некаков јубилеј и ако ова воопшто е некаков живот. Ретко се поклопуваат коцките во животот како што се поклопија сега да завршуваат на три, 1963, 1973... Ме прашуваат каков е тој роденден што го славам по половина година. Епа јас им велам што има тоа врска. Во држава како Македонија се’ е можно, кога можеше пред 15 години Мајските вечери да се одржуваат во октомври, а Струшките вечери на поезијата беа во Скопје тогаш и јас можам да славам роденден во ноември.
Игор Џамбазов; Плусинфо, 28.10.13.

нема
31.10 2013
Панчев ми го посра лицето

Ќе умрам со отворени очи, Панчев ми го посра лицето.
Андон Дончевски, првиот македонски фудбалски селектор; Плусинфо, 28.10.13.

нема
30.10 2013
Трендо нема муда

Трендо досега не реагирал вака кога 90% од новинарската фела со се МТВ и добива директни наредби од ДПМНЕ што треба да се кажува на вести и да се пишува во весници и по портали и кога за награда тие новинари се шетани по цел свет а медиумите добиваат милиони евра награда и тоа дирек од владината каса. За нив ќути како пиченце затоа што така е безбедно, но сосема е храбро да се удри по Саше Политико и неговиот портал со цели тројца новинари како екипа. Но Трендо увек бил таква бедна пичкетина, он секогаш имал храброст да ги исмее грешките на некои сироти гревови по македонската внатрешност кои се обидуваат да го емитираат Елвис Присли ама никогаш не го исмеал Грујо и Хорхе, за тоа треба муда а Трендо ги НЕМА!
Саше Ивановски; Мактел, 28.10.13.

нема
29.10 2013
Инвеститор до инвеститор

А бе има ли некоја делегација со која сме обавиле контакт да не биде заинтересирана за инвестирање во Македонија? Кинезите заинтересирани. Бизнимесните од Бурса заинтересирани. Американците заинтересирани. Германските бизнисмени заинтересирани. Хунзите заинтересирани. Месопотамците заинтересирани. Сите заинтересирани. Изгледа од што сите се заинтересирани, па нас тешко ни е да одбереме кои да биде, не дека нема заинтересирани, има заинтересирани. Ете Кинезите се заинтересирани. Бизнимесните од Бурса се заинтересирани. Американците се заинтересирани. Германските бизнисмени се заинтересирани. Хунзите се заинтересирани. Месопотамците се заинтересирани. Сите се заинтересирани.
Влатко Васиљ, Фејсбук, 26 октомври

нема
28.10 2013
Кој му го дал на новинарот правото по субјективна оцена да го брани јавниот интерес?!

Кој му го дал на новинарот правото по субјективна оцена да го брани јавниот интерес за нешто за кое државните органи кои го штитат јавниот интерес и ги спроведувале законите, воделе постапка.
Од соопштението на Основен суд 1, Скопје; А1.он, 22.10.13.

нема
26.10 2013
Свака будала има своју радост

Додека траеше нашиот протест, од другата страна на Вардар го забележавме евро-амбасадорот Аиово Орав. Беше загледан во гомноскоците и во другите чуда на „Скопје 2014“. На враќање, му упативме погледи полни со презир и го оставивме да празнува на октомвриското сонце. Србите велат, свака будала има своју радост.
Бранко Героски; Слободен печат, 24.10.13.

нема
25.10 2013
Обвинители диктираат пресуди, а судот им е згнат на новинарите

Аман бе пишувачи на судски реакции и лекции по законитост, па зарем тоа е притисокот што највеќе ве боли, како што велите врз независноста на судскиот систем, а не е јавниот обвинтел кој ја соопшти и вината и казната 20 дена пред да биде изречена пресудата на Кежаровски и пред да биде напишана и образложена пресудата и пред да стане правосилна.
Ерол Ризаов, новинар; Утрински весник, 24.10.13.

нема
24.10 2013
Политички аргати наместо едуцирани судии

Сакам да кажам нешто и за судиите кои вчера ни упатија соопштение. Ние доколку во оваа држава имавме едуцирани судии, а не политички аргати, половина од властодршците требаше да бидат во затвор, а не новинарот Кежо или кој било друг што неправедно се држи во затвор денес.
Мухамед Зекири, главен уредник на АЛСАТ ТВ; А1.он.мк, 23.10.13.

нема
23.10 2013
Етимолошкиот гениј од Автокоманда има ново откритие: Винчи бил од Виница! Или од Винча?!

Леонардо да Винчи, најголемиот ренесансен гениј, е роден во 1452 година, во малото место Винчи во северна Италија. Името на неговото место на раѓање веднаш потсетува на некои места кои се наоѓаат на Балканот. Винча во Србија, на пример, каде што се наоѓа фамозниот Институт за атомска физика, Виница, мало гратче во источна Македонија или, пак, Виниче, село во североисточниот дел на Скопската Котлина. Секако дека овие топоними не се случајно толку слични, а оваа чудесна подобност упатува на одредена историска припадност.
Александар Станковски, еден од главните идеолози на груевизмот и антиквизацијата; „Утрински весник“, 22.10.13.

нема
22.10 2013

Препорачуваме

Нема веќе предавници на чело на државата

Има нешто добро во смената на власта во Македонија.

Изборните резултати не се позитивни за развојот на една (надежно) либерална демократија

Нашите избори – и кампањата и исходот – само ја намалуваат веќе оскудната нијансираност на политичката понуда.

Во челустите на пандемијата на деснило

Бранот на фашисоидната милитаризација ја плави цела Европа.

Македонија и „Биг Бенг“: историски лекции

На 1 мај 2004 на ЕУ ѝ се приклучија десет земји, од кои седум од поранешниот источноевропски лагер.

ОкоБоли главаВицФото