Боли глава

И фашистите биле отстранувани од парламент

Немаше насилство врз пратениците. Тие беа насилниците. Такви инциденти има и во модерните европски демократии. И фашистите биле отстранувани од парламент.
Ивица Боцевски, „Нова.тв“, 01.02.13.

нема
03.02 2013
Духовна продуховеност

Ако нема духовна продуховеност, луѓето се разделуваат.
Јагнула Куновска; „Јадибурек“, 30.01.13.

нема
02.02 2013
Петгодишник патриот

Во една од градските кафеани пред некоја вечер едно петгодишно дете стана и на премногу шармантен начин побара од музичарите да му испејат неколку партиотски песни. Буквално целата кафена беше импресионирана од љубовта на ова момче кон сопствената земја, меѓу кои и јас. Но, подоцна се запрашав дали е во ред едно пет годишно дете да порача песна за клетите Турци, место да пее песна за рибарот Климе. Ги запрашав родителите од каде му е чувството и дали некој влијае на неговиот избор за музика. Ми кажаа дека ја следел само телевизиската програма .Покрај другото ми кажаа дека ова петгодишно дете се чувствувало како припадник на некоја партија и дека често го бакнувало телевизот кога ќе видело некој од функционерите.
Дејан Блажевски; А1он.мк, 31.01.13.

нема
31.01 2013
Буле у зандана

Што да се каже за Буле наш, да не си му у кожа. Од премиер, лидер на владејачка партија, да паднеш на нивото на еден беден “одработувач” за интересите на оваа бедна гарнитура на ВМРО ДПМНЕ, да паднеш на нивото на Миленко и Амди Бајрам, сето тоа за да не ти заврши газето у зандана, е тоа бре брате е бедно до јаја. (...) Ме интересира само, во оваа игра на се или ништо на Буле, свесен ли е што ќе се случи со него доколку опозицијата некако успее, а засега добро им оди, да се докопа до кормилото? Па во тој бес, има бре да одговара не за тенковските делови, не за Телеком, има да одговара и за калоричноста на нафтата у тенковите и за нутриционистичките квалитети на паштетите што ги мачкале војниците у 2001-ва... Не сум поборник на никакви местенки и одмаздољубивост преку кршење закони, но праведна одмазда е сепак фина работа.
Саше Ивановски, „Мактел“, 30.01.13.

нема
30.01 2013
Џоковиќ?! Не памтам руски имиња

Мислам дека Енди не победи бидејќи ќе „вриштеа“ сите медиуми во Британија. Веројатно е во прашање Федерер, а за овој третиот никогаш не сум слушнала. (...) Да, да, сега се сеќавам како изгледа, висок и црн, зарем не? Но, не памтам имиња, особено не оние тешките, руски имиња.

Викторија Бекам; „Плусинфо“, 30.01.13.

нема
30.01 2013
Омекшивач со прстот врз лајк

За да биде онака европски Филе го вклучи и Хорхе иако знае дека пустиот претседател ниту има капацитет ниту авторитет за Олеснувач мегу Грујо и БЦ. За жал тој може да биде највише само Омекшивач. Пустиот дремејќи во резиденцијата на Водно од што нема што да прави си лајкува на веб страната на премиерот за да го потсети дека го сака и му е верен во битката против БЦ и комуњарите. Кутар Борис колку се фрустрираше од овие денешниве новинари од фалангата на Грујо кои го исмеваа дека е фикус во претседателскиот кабинет. Не му беше јасно зошто му се исмеваат а тој навистина работеше…Значи Омекшивач е Бриселската задача за Хорхе во планот ПРИТИСОК врз БЦ докрај, простор за ГРУЈО до бескрај.
Ацо Кабранов, „Либертас.мк“, 25.01.13.

нема
28.01 2013
Никола Црвенковски

 Никола Црвенков..., ха, Никола Груевски, хм, Никола Груевски во...

Влатко Ѓорчев, пратеник, со мозок избербатен од сопствената пропаганда; А1он.мк, 26.01.13.

нема
26.01 2013
Кадрите на Хорхе

Не може да се постигне компромис за нешто за што не може да се постигне компромис.

Владимир Божиновски, „политички аналитичар“; Алфа ТВ (емисија „Пресинг“), 23.01.13.

нема
24.01 2013
Кадрите на Хорхе
нема
24.01 2013
Нема Јадран за Словенците!

Велат Словенците дека ние Хрватите никогаш нема да отидеме во ЕУ. Дојде време некој конечно да им каже: можеби ние не одиме во ЕУ, но ни вие нема да одите на Јадран.
Војко Оберснел, градоначалник на Ријека, ја коментира изјавата на словенечкиот министар за надворешни работи, Карл Ерјавец; Твитер / Т-портал, 19.01.13.

нема
24.01 2013
Парламент-бункер

И затоа, за да не гори и нашиот парламент, како што гореа британскиот и германскиот, треба добро да се проанализираат состојбите, а преземените чекори да одат во насока на заштитата на мирот и правниот поредок. Но, исто така, потребни се и соодветни стратегиски реакции. На пример, дислокацијата на собраниската зграда на некое друго место, на еден, што би се рекло, бришан простор, каде што ќе биде тешко да се нападне од страна на можните терористи. Тоа би бил простор со исклучителна стратегиска позиционираност, како што е сторено тоа со американската амбасада. На овој начин, во самиот центар на градот, опколен со безброј згради, паркови и огромниот Градски трговски центар полн со луѓе, каде што секој терорист лесно се крие и се „губи” во тој неконтролибилен лавиринт, нашиот парламент е вистински глинен гулаб.
Александар Станкоски, „Утрински весник“, 22.01.13.

нема
22.01 2013
Полтергајст во Собранието

Сетете се само на филмот „Шајнинг“ од Стенли Кјубрик, во кој главниот лик, толкуван од Џек Николсон, доживува напади на параноидна шизофренија, манифистирана со манијалкално однесување, а мотивирана и генерирана од полтергајстот, кој е вткаен во самата градба, на тој напуштен и проколнат хотел во Апалачките Планини. Така и во нашето Собрание е вткаен духот на инфериорноста, фрустрацијата и омразата. Тој демне и бара пукнатина во аурата на погодниот пратеник, а потоа се имплементира како резидент во неговата душа, од каде што дејствува со својата демонска волја.
Александар Станкоски, „Утрински весник“, 15.01.13.

нема
21.01 2013
Зошто Грујо одбивал дуели

Груевски: Јас во повеќе наврати имам кажано дека и покрај тоа што на двапати оценив дека ќе отидам на сиот ризик, начинот на кој Црвенковски и неговите соработници ги доживуваат тие дуели е далеку од нивото. Едниот на другиот си кажува дека е пијаница и ненормален. Дуелите во кои учествува Бранко Црвенковски се од таков тип. Кој колку крши, кој колку е луд, кој е пијаница. Тоа е главната причина поради која не сум сакал да прифатам, за да не се прави еден циркус, едно шоу, кое е под секое ниво.
Кире Наумов: Ама таков стил немаат Шеќеринска и Бучковски.
Груевски: Тоа е истата школа.
Кире Наумов: Ако зборуваме така тогаш еве ќе кажеме дека вие сте школата на Љубчо.
Никола Груевски и Кире Наумов во дијалог во емисија на Миленко Неделковски; „Плусинфо“, 18.01.13.

нема
19.01 2013
Се воспоставува стравовлада за да се реши спорот со името?

Доколку причината за таквиот попустлив однос (на Западот) кон Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините поддржувачи од ДУИ и ДПА е можното ветување за решавање на спорот со името, под услов во земјата да не остане ни маче ни куче кое би писнало и најмало двоумење за финалната одлука, тогаш неминовно се поставува прашањето што всушност е прокламираната цел а што прикриената побуда во рашомонијадата околу самиот спор? Дали спорот намерно со пролонгираше со цел на воспоставување на еднопартиска стравовлада, или пак намерно се воспоставува стравовлада за да се реши спорот со името?
Арсим Зеколи, „Утрински весник“, 14.01.13.

нема
17.01 2013

Препорачуваме

Во челустите на пандемијата на деснило

Бранот на фашисоидната милитаризација ја плави цела Европа.

Македонија и „Биг Бенг“: историски лекции

На 1 мај 2004 на ЕУ ѝ се приклучија десет земји, од кои седум од поранешниот источноевропски лагер.

Лекцијата на палестинските новинари

За митот на независните новинари.

Зошто ми е забранет влезот во Германија

„Ние, Европејците, со децении сме учесници во бавниот геноцид над Палестинците.“

ОкоБоли главаВицФото