Боли глава

За македонската власт и ‘слава Украини’

Луѓето, колку повеќе читаат статуси од Заев, од Али Ахмети, од Артан Груби, од Бујар Османи, од Димитар Ковачевски, од Стево Пендаровски, ‘слава Украини’, толку повеќе во знак на револт од овој политички естаблишмент, заземаат таква страна. Тоа е револтот кон политиките од оваа власт, кои се погрешни.

Христијан Мицкоски, ТВ Сонце / Дојче веле, 01.03.22.

нема
07.03 2022
Имаме предлог за западните влади

Имаме предлог за западните влади - наместо да им го земаат богатството само на руските олигарси, како би било да им го земат богатството на сите олигарси?

Радничка фронта, Фејсбук, 04.03.22.

нема
04.03 2022
„Зошто ни треба светот ако Русија не е во него?“

Нашите подморници се способни да лансираат преку 500 нуклеарни боеви глави, што го гарантира уништувањето на САД и на сите НАТО земји. Ги имаме и најбрзите стратешки бомбардери на светот.

Зошто ни треба светот ако Русија не е во него?

Дмитри Кисељов, новинар и ТВ водител кој се смета за водечки глас на Кремљ; Вести недели, 27.02.22.

нема
01.03 2022
ЕУ прв пат во историја ќе финансира воена набавка и достава на оружје до една земја

ЕУ прв пат во историја ќе финансира воена набавка и достава на оружје до една земја.

Шведска која традиционално не испраќа воена помош на завојувани страни ќе прати во Украина.

Тоа ќе биде втор пат во поновата историја, после помошта за Финска нападната од СССР во 1939 година.

Ивор Мицковски, Фејсбук, 28.02.22.

нема
28.02 2022
Конкретните мерки што треба да направи македонската влада

Македонската влада треба да се воздржи од симболични „мерки“ на „осуда“ и „санкции“. Владата треба да преземе КОНКРЕТНИ и итни мерки:

1) Да ја расчисти руската милитаристичка пропаганда во свој двор, да ги збрише сите руски агит-проп мегафони и сите руски агит-проп агенти („новинари“, политичари и црковни лица).

2) Да испрати безбедносен контингент и медицински персонал во Полска и балтичките земји за помош во справување со неизбежната бегалска криза.

3) ВЕДНАШ ДА ГИ ОТВОРИ ГРАНИЦИТЕ И ДА ПОДГОТВИ ПРИБЕЖИШТЕ ЗА БЕГАЛЦИ ОД УКРАИНА!

Јордан Шишовски, Фејсбук, 25.02.22.

нема
25.02 2022
Путиноботите од Софија ги измешале лончињата

Многумина прават паралели меѓу тврдењето на Путин дека Украина е творба на Ленин и тврдењата на бугарските политички лидери како Радев или Захарова дека Македонија е творба на Тито. И првиот и вториве сонуваат да ги вратат тие земји под нивна доминација.

Сепак, има една битна разлика. До 1991 година Украина навистина отсекогаш била под доминација на Русија (царска или советска), додека Македонија никогаш не била под доминација на Бугарија, освен за време на краткиот и забеган излет на Софија во фашизмот.

Не знам Путин дали е во право, на овие нашиве путиноботи од Софија им се измешале лончињата.

Борис Камчев, 23.02.22.

нема
23.02 2022
22.02.2022

Денешниот ден е еден во 200 години. Ден - палиндром и ден амбиграм (се чита исто и од напред и одзади, а ако е напишан со дигитални цифри, и одгоре и оддолу).

нема
22.02 2022
Народ што фрлат камења и јајца по новите комшии...

Народ што фрлат камења и јајца по новите комшии пошо не му е по ќеиф нивната религија, а ги гласат лоповите што го дерет 30 години, не требит да се грижит за својата иднина.

Пошо ја немат!

Иљче Затаракоски, Фејсбук, 15.02.22.

нема
21.02 2022
Се плашам некои жени како ќе ја разберат ослободителната пресуда за Пале

Се плашам ослободителната пресуда за Пале некои жени ќе ја разберат како дозвола своите насилни мажи да ги убијат, наместо да ги напуштат.

Магдалена Стојмановиќ, новинарка; Мактел, 17.02.22.

нема
19.02 2022
Ние Македонците сме емоционални луѓе

Ние Македонците сме емоционални луѓе, ние Македонците сме патриоти, ние си го сакаме својот македонски јазик и држава, својата македонска нација и сето она што е свето и македонско, бидејќи тоа го примивме од нашиот свет апостол Павле, кој шеташе и чекореше по оваа света македонска земја. И затоа, примајќи ги овие свети молитви од овие наши дедовци и прадедовци, длабоко од душата и срцето верувам дека нашиот претседател на најголемата и најсвета партија ВМРО-ДПМНЕ, господинот Мицкоски, сè ова што го дадовме, верувам дека ќе го вратиме назад. Првин со него, а потоа и со Божја помош. Бог и мајката Божја Богородица ќе му помогне него и на сите негови соработници на сè она што е свето македонско, национално, да го врати назад и нема да дозволи некој што не ја чувствува Македонија национално да ја одредува судбината на нашата света земја.

Агатангел, митрополит на МПЦ; говор на „Свети Трифун“, 13.02.22.

нема
16.02 2022
За „јавната“ партиска администрација

Толку бесрамно се сметаат за привилегирана класа, што веќе не се ни кријат па си дозволуваат Синдикат да ги изусти зборовите„омаловажување“ и „понижување“ зашто им ја покачиле платата на работниците од кои тие земаат плата. Осилени се. Имаат минат труд. Којзнае колку ора изиграле по комитските вечери, колку плакати излепиле, на колку митинзи вееле знамиња, колку часа отседеле на компјутер да тролаат по социјалните мрежи, колку пари им дале на локални партиски моќници. И сега партиите мора да си го одржуваат тоа гласачко тело. Тоа не е јавна администрација. Тоа се јавни гласачи. Тоа е партиска администрација што ни се продава како јавна администрација. Демек, во служба на граѓаните, а тие се во служба на партијата што ги вработила. Граѓаните – неуслужени. Ги молеа да се појават на работа, за време на пандемијата не ни одеа на работа, па се виде дека државата и општините функционираа и без нив, па после на сето седење дома си ги искористија и одморите, па уште и К-15 бараат да им дадат, никого не можат да избркаат за неработа, а и тие што ги избркаа судот ги врати, па уште и заостанатите плати им ги платија. Сè што се прави во државата се прави за тие да бидат среќни и задоволни. За да гласаат.

Горан Михајловски, 11.02.22., СДК

нема
15.02 2022
Па што не се занимаваше со Тетово додека беше градоначалничка?

Во градот во кој нема вода за пиење, кој се задушува од ѓубре и смог, во кој не функционира ни паркинг ни нормален сообраќај, на локалната власт од ДУИ ѝ биле поважни хонорарите на луѓето што ќе ѝ донесат гласови, па таа партиска лојалност ја купиле со 900.000 евра за хонорари од општинскиот буџет. А централната власт му префрлаше пари на Тетово да ги намали долговите. И ова не го прават командантите од ДУИ. Ова го прави интелектуалното крило, учените луѓе како Теута Арифи која имаше амбиции да стане амбасадорка во Вашингтон. А ако не стане, може и ќе падне коалицијата. Па уште и му одговара на Касами помалку да се занимава со неа, а повеќе со Тетово. Па таа што не се занимаваше со Тетово додека беше градоначалничка?

Горан Михајловски, 11.02.22., СДК

нема
13.02 2022
Сериите не можат да се споредат со филмот како медиум

Многу од вас можеби нема да се согласат со ставот што ќе го искажам, можеби ќе го сметаат и за старомоден - но јас држам до него. Телевизиските серии, колку и да се добри, а има некои навистина квалитетни, сепак не можат да се споредат со филмот како медиум. Колку и да е добра, серијата е секогаш инфериорна во однос на долгометражниот филм прикажан на големото платно. Има нешто затапувачко за самиот гледач во серијата, особено ако гледа цела сезона од неа одеднаш. Прозаичноста на серијата не може да се спореди со поезијата што ја нуди мракот на кино-салата, нејзината тривијалност ми станува сосема очигледна во споредба со величенственоста на филмот штом ќе го чујам звукот на проекторот.

Животот е премногу краток за да се потроши на гледање серии, а не е доволно долг за да се изгледаат сите филмски ремек-дела. Сериите се фаст-фуд што секогаш ќе те остават гладен, колку и да ги конзумираш. Филмот е волшебна гозба што ќе ти го исполни духот и ќе ти го облагороди срцето.

Марко Петрушевски, Фејсбук, 01.02.22.

нема
11.02 2022
Интернетот почнува нагло да губи смисла

Некако интернетот (а со тоа и голем дел од светот) почнува нагло да губи смисла. Воспоставувањето глобална корпоративна автократија го шутна низ брдо сосе надежта за оживување на подзаборавените вредности, угушувајќи го секој обид за реанимација и откривајќи ја сѐ подлабоко мршата која сме ја буткале и ја буткаме под тепих долго време.

Сѐ се сведува на: Ако се чувствуваш слободен да си ги изразиш сопствените ставови на Интернет, веројатно ти си следниот плен на Cancel културата.

„Стисни си Cancel пред интернетот да ти стисне“ е новото „Подобро самиот да си пресудам отколку да паднам во рацете на окупаторот.“ Сѐ друго е заробување себе во комфорот на интернет-понудата, woke-културата и квази-интелектуалната галантерија.

Тања Аждаја, Фејсбук, 07.02.22.

нема
09.02 2022

Препорачуваме

Универзитетите како фабрики

Зошто праќаат полиција против сопствените студенти? Дали се тоа настрани луѓе кои мислат дека младите заслужуваат ќотек?!

Нема веќе предавници на чело на државата

Има нешто добро во смената на власта во Македонија.

Изборните резултати не се позитивни за развојот на една (надежно) либерална демократија

Нашите избори – и кампањата и исходот – само ја намалуваат веќе оскудната нијансираност на политичката понуда.

Во челустите на пандемијата на деснило

Бранот на фашисоидната милитаризација ја плави цела Европа.

ОкоБоли главаВицФото