Боли глава

Нуклеарна топлина

Ќе објавиме добра вест поврзана со производството на ураниум збогатен до 20%, во почетокот на 10-те дена од одбележувањето на годишнината на Исламската револуција. Таа вест ќе биде толку убава, што ќе ги стопли срцата на сите Иранци и на сите луѓе што сакаат да има слобода во целиот свет.

Махмуд Ахмадинеџад, претседател на Иран

26.01 2010

Ма­ке­до­ни­ја оди кон Ев­ро­па. Заш­ти­тен знак на Бри­сел е фон­та­на­та со де­те што мо­ча. Скоп­је мо­ра да за­ли­чи на ев­роп­ска­та прес­тол­ни­на. За­тоа, гра­до­на­чал­ни­ку То­до­ро­виќ, раз­мис­лу­вај на те­ма­та: Кој во Скоп­је би мо­жел да мо­ча, а во ис­то вре­ме да би­де нај­впе­чат­ли­ва фи­гу­ра? Не би ме чу­де­ло да го ста­ват Гру­ев­ски. Тој спо­ме­ник ќе би­де нај­до­бар пе­чат на не­го­во­то вре­ме.

Горан Михајловски, „Вест“, 23.01.10.

25.01 2010
1

Пушачите сега може да умрат од пушење, а не од смрт.

Драган Павловиќ Латас во вестите на „Сител“ (извор: „Фокус“, 22.01.10.)

23.01 2010
4
Каде сега

А ти, Латас, каде пушиш сега?!

Јанко Илковски го прашува Драган Павловиќ, „Наша ТВ“, 19.01.10.

22.01 2010

Таа револуција за која зборуваме не треба да се одвива одозгора надолу, туку одоздола надолу.

Жарко Кујунџиски, колумнист, во разговор на Алфа ТВ, 21.01.10.

22.01 2010
1

Кога сте во спор, секој настојува својата страна да ја покрие со аргументи. Така и Грција ќе из­ле­зе со аргументи, а како што слушам, многу од нив ќе бидат од наши новинари што да­ва­ле изјави или што ширеле шпекулации, и што давале погрешни информации кои се во корист на грч­ка­та страна.

Ѓорге Иванов, изјава во Струга, 19.01.10.

21.01 2010
1
Фарса

Лустрацијата станува политичка фарса кога органите за лустрација се сведени на пасивни верификувачи на „факти“, конструирани од страна на нереформираните и неконтролирани служби за безбедност, истите што произведувале досиеја од 500 страни. Наместо инструмент на транзициска правда, лустрацијата се претвора во инструмент за политичка пресметка, особено ако непознат дел од сомнителните досиеја се во приватни архиви и се злоупотребуваат за лични или партиски цели. Лустрацијата се претвора во инструмент за политичко жртвување ако лицата што се лустрираат немаат еднаков пристап до класификуваните информации и услови за фер постапка.

Жарко Трајаноски, „Дневник“, 20.01.10.

20.01 2010
Уживање

Во услови кога „Запад нè отпишува, а Исток не сака да нè запише“, паланечкиот менталитет почнува мазохистички да ужива во територијалните пресметки на локалните медиумски „црноберзијанци“, кои оперираат според максимата „За говнари - говнарска цевка“.

Жарко Трајаноски, „Дневник“, 20.01.10.

20.01 2010
Кошмар

Влегувањето во Европската унија не е враќање во Рајската градина, туку влегување во кошмар во кој ќе исчезнеме.

Артемије, епископ рашко-призренски, „Данас“

18.01 2010
Пропис

Не знам дека постои пропис според кој Црвенковски издава лиценци кој е опозициски политичар.

Јован Манасиевски, „Утрински весник“, 15.01.10.

16.01 2010

Не може бре три дена да прашуваме за скандалот со СИМ-картичките во кој се вклучени клучните министри и најблиски луѓе на премиерот, а тие да се прават улави. Па, каде живеете, луѓе! Знаете ли колку страшно го уништувате демократското ткиво во Македонија? Знаете ли дека може да нема назад во оваа спирала на насилство (од секаков тип)? Сте правеле ли некогаш симулации во главите што ќе се случи кога ќе паднете од власт?

Гордан Георгиев, „Утрински весник“, 15.01.10.

15.01 2010
1
Матика&Лапата

Матиката е сила, лапатата е моќ!
Тергајте кун себе идење и в ноќ!

Вевчански карневалџии испраќаат порака до македонската влада, 13.01.10.

14.01 2010
Историски моменти и монументи

Не сметам дека се многу спомениците, баш се малку, треба уште повеќе да се направат за да може исто така да се види, кој сме, што сме, каде одиме, оти не може да ништо знаете без сите тие историски моменти и монументи.

Паско Кузман, Алсат телевизија, 10.01.2010

12.01 2010
Хирург

Фактот дека го напуштија довчерашните адоранти за Санадер е болка како операција на дебело црево. „Што остана, хирургу?“, плачно прашува пациентот по будењето од анестезија. А хирургот тажникаво врти со главата. Толкумина од нив на страдалников му се беа вовлекувале во задникот што се чини сосема неоправдано ако настрадаат само оние кои беа задолжени за боење на тунелот.

Виктор Иванчиќ, „Новости“, 08.01.10.

нема
11.01 2010

Препорачуваме

Универзитетите како фабрики

Зошто праќаат полиција против сопствените студенти? Дали се тоа настрани луѓе кои мислат дека младите заслужуваат ќотек?!

Нема веќе предавници на чело на државата

Има нешто добро во смената на власта во Македонија.

Изборните резултати не се позитивни за развојот на една (надежно) либерална демократија

Нашите избори – и кампањата и исходот – само ја намалуваат веќе оскудната нијансираност на политичката понуда.

Во челустите на пандемијата на деснило

Бранот на фашисоидната милитаризација ја плави цела Европа.

ОкоБоли главаВицФото