Попот Киро и попот Спиро

08.04.2011 14:28
Попот Киро и попот Спиро

Совети за богоугоден живот

Уважени оци,

јас сум православен христијанин по убедување, раѓање, а по малку и од инает на големите светски сили со Ватикан и со нивнион Антихрист на чело. Со оглед дека сум таков каков што сум, каков што Господ ме создал, ги почитувам сите црковни канони и правила, а посебно држам до држењето постови. Ги постам постовите од сите величини, од големите до малите, а во поглед на воздржувањето од мрсна храна ги почитувам и средата и петокот. Наспроти тоа што внимавам на постот како на најголема православна светија, ме стрефи голема несреќа (иако мислам дека попрво станува збор за ѓаволска измама или прелест). Имено, за време на божикниот пост добив инфекција на левото око. Офталмологот имаше некое свое медицинско објаснување за мојот проблем, но јас многу добро знам дека секоја болест е последица на гревот, само што немаше смисла тоа да му го објаснувам. Та така тој ми препиша, почитувани мои оци, некаква маст за очи која се одзива на името хлорамфеникол, и јас на своја духовна пропаст и ја употребив посочената маст. И тоа среде пост! Како ништо веќе да не ми е свето! Инфекцијата, додуша, ми помина, но ми остана рана на душата и прашањето кое го ремети мојот мир во Христа: дали за време на постот смее да се користи маст за очи? Ако не смее, како да го окајам својот грев? Однапред благодарен, ви ги љубам светите десници

Православ Крстевски

Посните чварки бб

Крстиново

 

Попот Киро: Па добро, драг брате Православе, го читате ли вие воопшто Евангелието? Зарем не се сеќавате дека Христос рече: „Ако твоето десно око те соблазнува, ископај го и фрли го од себе; оти подобро ти е да пропадне еден од удовите твои за целото тело твое да не биде фрлено во пеколот“.

Што чекате? Лимун?

 

Попот Спиро: За време на постот не смее да се јаде мрсна храна. Следствено, ни маста за очи не смее да се внесува во организмот по орален пат. Дозволено е евентуално, како последица на гладта предизвикана од долготрајниот пост, наречената маст да се прождира со очи. Значи, начинот на којшто вие, мил брате во Христа, сте ја употребиле маста - не е грешен. Но, што ви требало за помош да им се обраќате на безбожните медицинари покрај својата мајка Црква и нејзините верни слуги какви што сме отец Киро и јас? Во тоа е вашиот грев. Не се грижете, лесно ќе го окаеме - десет оченаши во комбинација со акатист по ваш избор и со доброволен прилог на нашата жиро-сметка, ќе доведат до ваше духовно прочистување. Благодат и мир да имате од Господ наш Исус Христ.

***

Уважени оци, потекнувам од стара македонска православна фамилија, а и самиот сум таков. Во мојата куќа се славело уште во времето кога и за многу помали прекршоци се одело во комунистичките казамати на долгогодишни робии. Со таква позадина не ми беше тешко да и’ бидам верен на Македонската православна црква и на нејзината вера православна. Сето ова го зборувам за, не дај Боже, не помислите дека сум некаков православен малограѓанин и тиква без корен. Но, од некое време, има една година, чувствувам како во мене некој ѓавол да се прекршил. Веќе не ми пее срцето кога одам во храмот на служба Божја, за постот и причестувањето не водам грижа, а од мирисот на тамјанот ми се превртува утробата. Се плашам да си признам, но ова замешателство сериозно ми мириса на симптоми на акутен атеизам. Ве молам, како носители на светото Предание, да ме просветлите во поглед на мојата душевна состојба. Дали сум станал атеист и антихрист? Има ли лек за мојата болка? Помагајте, добога!

Неверниот Томе Палчето

Булевар на анатемата бб

Отпадија

 

Попот Киро: Не е тоа ништо, брате Томе. И самиот често се чувствувам како вас, но, што ќе правам, го совладувам гадењето, одам до храмот, од нешто сепак мора да се живее. Тоа што сте станале атеист не ви пречи и понатаму да бидете член на Црквата, со оглед дека слободата на верата е загарантирана со Уставот. Црквата и онака е преполна со православни атеисти, па не гледам зашто би нè напуштиле само поради тоа што сте ја изгубиле верата.

 

Попот Спиро: Во вас, како што велите, „некој ѓавол“ не „се прекршил“, туку во вас буквално влегла нечиста сила. И тоа во нечепната состојба, во целина и целост, да се послужиме со формулацијата на јуродивиот Жика Обретковиќ. За ваша среќа, постои едноставен начин вашиот проблем да се реши. Соберете 5000 евра и повикајте нè да ви извршиме егзорцистички ритуал. Кога од вас ќе ги истераме демоните, без проблеми ќе се вратите кон вообичаениот начин на живот.

***

Почитувани оци, годинава за својата крсна слава Ѓурѓовден потрошив дупло повеќе пари од мојот комшија. Се наоѓам во голема недоумица: дали постапив правилно или, пак, сум подлегнал пред демонот на суетата?

Невен Су(н)етлија

Расипикуќа бб

Долно Коливо

 

Попот Киро: Драг верен Невену, какви тоа демони ве запоседнале? Се разбира дека правилно сте постапиле! Нек се види кој е вера, а кој невера!

 

Попот Спиро: Брате Невен во Христа, дајте му го на царот царовото, а на Бога божјото, односно на неговите претставници, т.е. на нас; а она што ќе ви остане слободно трошете го по личен кеиф.

стрипови: Космопловци

извор за текстот: Томислав Марковиќ, Време смрти и разоноде

Невкусно и невистинито. А

Невкусно и невистинито. А колку за авторот, има многу попикантни нешта да се кажат за дел од српските свештеници, не морал да се мачи да измислува прикаски за животот и духовното раководење во Македонската Православна Црква. А ако некој од уредниците на Окно навистина почувствувал искрена духовна жед да влезе во процесто на очистување на срцето од страстите и да се украси со некој од даровите на Светиот Дух, односно ако сака навистина искуствено да навлезе во мистичните димензии на Православието, коља доволно добро знае како да ги пронајде потребните контакти со големите духовни отци на македонското Православие. Впрочем, доволно добар дел од негови блиски пријатели во младоста се посветија токму на православен духовен подвиг, потполно откажувајќи се од други видови интелектуално надградување и кариера. Знаеме добро и дека искрено во душата самиот Коља се уште ги почитува овие луѓе, во разни животни ситуација тие и му ја примија потребната молитвена помош и му помогнаа во искушенијата. Сега се прашувам, за кое од тие добри дела тој наоѓа апетит да ја каменува Македонската Православна Црква? Што му згрешила?

Изборот на вакво четиво ќе го

Изборот на вакво четиво ќе го сфатиме како израз на поголема жед кај Никола Гелески за негово лично понирање во одондестраното преку Светите Тајни и преку духовното поучување и лична преобразба во Христовото Тело кое живее и расне во Македонија како Македонска Православна Црква. Сепак ќе мора да потенцираме дека до ова нешто, односно духовен и мистичен личен напредок, тој може да дојде единствено преку неговото лично учество во ова Тело Христово, а не како соговорник, и особено не како гласноговорник, на одвраќачот од Христовата вера, имено секогаш демонот, кој само со измами и клевети се труди да го оневозможи човековиот развој во Црквата како можен богоносец.

Ако сепак уредникот бил раководен од човекољубиви идеали и од желбата поочигледно да ги гледа плодовите од дејствувањето на Македонската Православна Црква меѓу народот, повторно ќе го потсетиме на нецелисходноста од неговата постапка, од причина што Основоположникот на автентичната духовност меѓу човештвото, имено богочовекот Исус Христос, овој Кољин начин на духовно дејствување го отфрли како особено неефикасен и против-духовен:
„Зошто ја гледаш раската во окото на брата си, а гредата во твоето око не ја чувствуваш? Или, како ќе кажеш на брата си ’чекај да ти ја извадам раската од окото, а пак ете во твоето око има греда’?“ (Мат. 7, 1 - 5)
Не би сакале да го наречеме ниеден човек лицемер (како што во продолжение на овој текст вели Спасителот за оној што сака да го поучува својот ближен за недостатоците, а не се потрудил да се очисти и самиот од своите недостатоци и не го достигнал совршенството на односот со Бога и со ближните), не сакаме да му кажеме така ни на Коља, зашто веруваме дека додека има здив во човекот, има шанси тој и да се покае, да ја види својата планина што го дели од единство со Бога, и самиот да ја сруши, за да може со радост и љубов да се принесе себеси за животот на светот, ако тој свет навистина толку многу му значи. Му посакуваме се најдобро и особено искрено преродување и покајание со вкус кој ќе го држи во Христовата вистина доволно силно и доволно долго, што ќе ги достигне мирот, радоста и човекољубието на начин кој ја сведочи полнотата на мерата во растот Христов. Ова го реков, зашто знам дека тогаш ќе имаме еден друг Коља, таков кој од сесрце ќе живее за ближните и со ближните, таков кој во себе ќе ги носи како зеницата во очите мислата, зборовите и делата на своите сонародници и на членовите на Телото Христово, коишто него го носат во срцето без оглед на се, и кои секој негов камен го чувствуваат како одговор на нивната недоволност и поттик да пораснат во богољубието и меѓусебната љубов многу повеќе. Но сепак го молат да не ја навредува Црквата Божја, како и да му изгледа таа, зашто Таа е Тело на Живиот Бог, од Кого сите, особено Коља, често имаат потреба. Толку често, што ниеден здив во градите не е возможен без Него. Толку многу, што подобро е да се умре за Него одошто да се живее далеку од Него или без Него, Кому нека Му е слава, чест и поклонение, затоа што спасува со истото неуморно трпение, сега, секогаш и во сите векови.

Игор, ти си некој факинг

Игор, ти си некој факинг лудак излезен од некој холивудски бофл?! Или само некаков језив и фанатичен анахронизам од средниот век залутан директ накај 21 век?! Си проголтал метла, момче! Подемонски коментар светлината на Окно одамна не видела! (ако го исклучиме претходниот коментар на претходно добро познатиот пациент)
Дајте, лебави ви, таму под закрилата на МПЦ-ОА, нек ви отворат некој дневен психијатриски центар и нек ви даат у тегла по сто бубашваби дневно за да се пресметувате со замислените демони по некои азилантски ливади. Јес да ќе ви дое и Друштвото за заштита на бубашваби у контрола - ама тоа е мања штета. Буди бог с вама, идиоти! Штом дигнете очи од читање верски календарчиња - одма ве заболуе глава! Читајте авантуристички романи, јадници, ете ви еден скромен рецепт ко за почеток, и пијте персен нане и мајчина душица.

Ја садим босиљок Фридрих ми

Ја садим босиљок Фридрих ми Ниче

И ајде сега сите заедно: „Ја волим тај секс“

Ух, како е добро чувството да си се измочкаш во умивалник. Милина!

... иже од Отца рожденаго прежде всех век...

Бисмилах!

Равновесие и равнословие во баснословна големина, или величина, важно е сите да словиме и глаголиме оти главите има да не заболат инаку.

Ај, а бе да не сум јанлаш, или можеби сум акмак, кој ќе знае, џанам само некој ајван, што се вели, може ми се присторило само, или пак привидение некое од сенката произлегло.

Е па, еба го!

Верата во живиот Бог не е

Верата во живиот Бог не е прашање на ’век’, туку прашање на храброста на срцето да се соочи со своите страсти и да преземе подвиг да ги преобрази, и на свеста на умот за неговото потекло. За ова е потребен целоживотен процес на покајание и туѓинување од мерилата на светот, нешто што на оние кои ја немаат вкусено оваа работа им изгледа непријатно и мрачно. Но дека оваа претстава им ја наметнува демонот за да го оневозможи нивниот пристап и учество во животот на Живиот Бог сведочи растечкото мноштво луѓе од сите возрасти (особено во зрелата младост) кои откако ги вкусија т.н. понуди на овој свет ја открија величината и сладоста на активното Православие. Денес подемот на Православната Црква насекаде во светот, особено во традиционалните центри, не е ниту тајна ниту безначајност на културен план. А нејзините редови ги красат најубавите личности меѓу младата напредна интелигенција во овие земји. Меѓу нив Македонската Православна Црква блеска како своевиден дијамант, толку редок што поставува пример за совршенство на духовниот поредок во монашките работилници и ја освојува благодатта на духовниот идеал смирено, силно и неодземливо. Но „светлината“ на окно за жал е таква што овие вистини досега остануваат недостапни за редакцијата. Сепак, не е чудно, тоа е и единствената метода на демонот: да го поставува умот на човекот-мислител за врвен критериум на неговата индивидуална вистина, без да се самоиспитува за сопствените грешки и падови. Времето си тече, но нашата љубов заради спасение наше лично и на секој човек не отстапува. Секогаш ќе Го молиме нашиот Бог да им даде сила и убавина на нашите дела што ќе ги приведат мислите на сите кон Неговата непресушна љубов во Која секое искрено покајание е зародиш на вистинска Божествена радост.

Е КОЉА, ЗАРЕМ ЗАБОРАВИ НА

Е КОЉА, ЗАРЕМ ЗАБОРАВИ НА ЛУЃЕТО КОИ ТИ ДОЗВОЛУВАШ ДА СЕ ИСМЕВААТ. еХ, КОЉА, КОЉА

ај, наведи некој кој бил во

ај, наведи некој кој бил во затвор зашто одел во црква или џамија.Јас памтам одамна, ама тогаш живеевме поубаво и многу помалку баравме помош од Господ. А, можеш и да наведиш некој на кој Господ му помогнал,а да не е од Мекедонски народни приказни.

Ова е ептен бескрупулозно

Ова е ептен бескрупулозно плукање по православието. Гледам како полека се поместуваат границите, дотолку што веќе не можеме да правиме муабет ни за природниот морал на Ниче, а веќе и Маркиз де Сад со нихилизмот изгледа поисправен со неговата барем некаква свесност за очајот на постоењето. И Верувале или не, тоа е така. Верувале или не... Само едно би kaжала во оваа ситуација : сувопарниот интелектуализам непоткрепен со љубовта кон светот, која е најдлабока мистика, интуиција на животот, таквиот интелект вреди колку што вреди расипан компјутер со илјадници страници на информации внатре во него... Православието е најмалку институција, систем од правила и порочноста на некои луѓе кои учествуваат во тој збир на правила. Православието е само правилно славење на Бог, односно правилно славење на животот, но живот кој е вечен. А надвор од тој пристап, се друго ( без разлика дали станува збор за припадници на институцијата или во другата крајност - за современи антрополози кои плукаат на се )е само груба имитација.

Љубениот хомосапиенс (па

Љубениот хомосапиенс (па макар бил „сувопарен интелектуалец“) се споредува со расипан компјутер?! Еленеора, ти си идиот! Но, не само што си идиот, ти си длабоко антихристијански ориентирана, штом луѓето што не ги разбираш ги третираш ко механички кршови... Вакви „христијани“ со испрани мозоци и со „вграден софтвер“ од најмизерни стереотипи се најгрдата страна на човештвото кое би требало да биде широко, толерантно и слободоумно. Ама не. Мракот секогаш сакал да царува. Овие три-четири „христијани“ што овде во коментариве се појавуваат се најдобрата слика колку македонското православие е затапено (=неинтелигентно), мрачно и недуховито (=без дух). Ебате ропските мантијаши!

Ги следам коментарите и имам

Ги следам коментарите и имам неутрален став кон оваа тема. И верниците претеруваат со нивното настојување ( тоа е точно ) ама тоа што се јавува кај тебе ми е надвор од умот. Мислам дека целосно си ги смешал работите. Мене не ми е јасно - од една страна веруваш дека христијаните се неедуцирани и религиски фанатици, а од друга ја очекуваш нивната љубов кон својот "љубен хомосапиенс". Сега или јас не знам да читам или нешто не е во ред со тебе. Ај те молам среди си ги концептите у глава ок? Сега на што сме ние атеистите ( ете ај ќе кажам - атеист сум, ама ми ја срамиш припадноста, наjискрено ): на тоа да не веруваме во христијанството, или пак да ги напаѓаме зошто не го вршат тоа што се бара од нив? Оти во вториот случај значи дека сепак очекуваме нешто од нив, иако велиме дека се испрани мозоци, итн итн... Тоа ти е како приказната со поповите : абе ајде мајни ги поповите, не верувам во нив ( и приказната продолжува со апсурдната спротивност ) , види ги ни постат, ни ги сакаат и им служат како што треба. Замисли се малце и можеби ќе сфатиш која гнида ти се пикнала у глава. Којзнае, можда и ќе се најдеш облечен ти а не некој друг во ропска мантија...

Идиоте „од до“, твој проблем

Идиоте „од до“, твој проблем е што блага врска немаш нит од религија, нит од филозофија, нит од морал (т.е. што си типичен македонски балван/ка, ко 99% од твоите моронизирани другарчиња).
Малку да си читал/а „религиозна литература“ (од зен будизам и Кабала до ислам и христијанство, башка целиот теолошки корпус што е темел на целокупната западна филозофија), би сфатил/а дека тропаш глупости и дека нема ништо инкопатибилно меѓу слободарството (неприфаќањето на кои било вери), толеранцијата, почитувањето и знаењето на/за другиот.
Христијанството, на пример, преку фигурата на Исус, е екстремно бунтовничка и индивидуалистичка религија, ако сакаш така да ја гледаш. Не е стадо, не е послушништво, не е затупителност и глупост. (Иако, се разбира, во религиозните книги има сешто, така што разноразни манијаци ги касапат книгите за свои потреби.)
Коментаториве овде (комплет со моронизираниот атеист „од до“) се слика и прилика на македонското дибидус распадното општество (распаднато до степен што веќе не постојат никакви културни и морални системи, освен ропското следење на пцовисани матрици). Слика и прилика на неспособноста да се мисли, што консеквентно значи и неспособност да се дејствува. Така што, на целиот ужас што го живееме, капак на се’ е оваа умртвеност и глупост што шамара дури и од дувлата на божем смерните и повлечените. Уа, ропски мантијаши!

ок, да, сега сфатив која ти е

ок, да, сега сфатив која ти е поентата. Всушност ти ги критикуваш закоравените форми и матрици, кои се исчистени од каква била духовност, така? Го разбрав твојот став и најискрено го прифаќам. Ќе можеш да ми простиш за незнаењето? поздрав и имај убав ден.