Гинандроморфи – суштества кои ја бришат линијата на поделбата помеѓу половите

25.02.2017 02:12
Гинандроморфи – суштества кои ја бришат линијата на поделбата помеѓу половите

Papilo Glaucus

Разликата во изгледот помеѓу мажјакот и женката кај еден вид се нарекува полов диморфизам. Овој поим подразбира дека постои линија на разделување меѓу половите, јасна поделба. Меѓутоа, во животинското царство многу суштества ја бришат таа линија.

Природниот свет е полн со хермафродити, животни чиј надворешен изглед може да укажува на мажјак или женка, а всушност да поседуваат репродуктивни органи на двата пола. Нивни помалку вообичаени роднини се гинандроморфите, животни кои претставуваат мозаик од женски и машки карактеристики; да речеме, имаат големина и боја на едниот, а гениталии на другиот пол.

Уште поредок е билатералниот гинандроморф (на сликата погоре), животно кое е половина тој, половина таа, поделен на средина. Овој феномен е забележан кај птиците, раковите – и пеперутките.

Еволутивниот биолог Џос Џонер објаснува „што е тоа што повеќето научници го претпоставуваат“ што ги обликува овие нетипични карактеристики: половите хромозоми на пеперугата стојат во обратна позиција во однос на човечките – мажјаците имаат два исти (ZZ), женките два различни (ZW). Женската јајце клетка понекогаш има две јадра, Z и W. Кога се „двократно оплодени“ со Z спермата на мажјакот, се добива ембрион чија секоја половина носи карактеристики на едниот пол.

Колку се ретки ваквите примероци? За потребите на едно истражување од 1980-тите, стручен тим одгледал речиси 30.000 пеперутки и меѓу нив откриле само пет билатерални гинандроморфи. Џонер вели дека колегите од Универзитетот Невада, во Рино, биле возбудени кога во 2011 година откриле уште четири.

Џонер вели дека гинандроморфите од неговата лабораторија се обиделе да положат јајца, но не успеале, веројатно поради некои неправилности во своите репродуктивни системи. Според тоа, иако нивниот вид се одликува со впечатливи бои, изгледа дека тие таа нивна убавина не можат да ја пренесат.

 

Област/подрачје на распространетост

Шуми, паркови и предградија во источниот дел на Соединетите Држави и во некои делови на Канада.

 

Други факти

На овој билатерален гинандроморф или источната тигреста опашеста пеперуга (Papilio Glaucus) жолтата страна е машка, а темната женска (на приказот е зголемен околу 1,5 пати во однос на природната големина). Поимот гинандроморф е кованица од грчките поими за женско, gyn, и машко, andro.

Извор: National Geographic

ОкоБоли главаВицФото