Концерт на Keira is you во Ла Кања

19.04.2011 09:35
Концерт на Keira is you во Ла Кања

Во рамките на нивната европска турнеја полскиот бенд Keira Is You на 26-ти април ќе настапи во Скопје, во барот Ла Кања.

Ова преставува втор настап на бендот во Скопје по минатогодишниот септемвриски настап исто така во Ла Кања. Нивнотот ново ep насловено „One of those things that you do once in a lifetime and hopefully learn a lesson from“ е објавено на 7-ми април оваа година за Flix records, а песната Triangle можете да ја преслушате на следниот линк http://soundcloud.com/flix_records/keira-is-you-triangle/s-SW5t6.

Keira Is You е нов бенд на Jakub Radomski, поранешен лидер на бендот Hariasen. Radomski на турнеите низ Европа има настапувано на исти сцени со бендови како The Appleseed Cast, Engine Down – два бенда со
кои и најмногу ги поврзуваат Keira Is You, но и со позвучнии имиња како dEus, Placebo и The White Stripes.

Дебитантскиот албум „Nothing Else Will Happen” беше објавен на 12-ти октомври 2009-та од страна на независната етикета Daydreem Records.

На албумот се приметуваат широки ексепериметални елементи како детски хорови, се чувствува влијанието на њу вејвот од осумдесетите особено преку употребата на синтисајзери и виолончела.

Кратко по објавувањето на албумот бендот замина на турнеја со шведскиот бенд Jeniferever, кој ќе имаме повторно можност да го чуеме во живо во Скопје идниот месец.

Официјална мајспејс страница:

http://www.myspace.com/keiraisyou

Видео за песната “Mаdness”

http://www.youtube.com/watch?v=h1CuMXdcvc4

Извор: Compressor - Задруга за креативна трансформација

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото