Победа, и ништо друго

18.05.2011 11:15
Победа, и ништо друго

Чудна и морничава беше глетката кога минатата среда по полноќ се возев од скопскиот аеродром до дома. Од надвозникот што води кон населбата Ченто, па сè до центарот на Скопје „никнале“ десетици билборди од двете страни на улиците. Со жолти букви на црвено поле, некој прашува: Дали сте за победа? Прашува и едновремено одговара со заокруженото ДА. А кој тоа прашува и одговара? На билбордите нема потпис. Уште еден „изум“ на итроманците од партијата на Груевски за изигрување на законот. Ем анонимни, ем препознатливи. По којзнае кој пат, нивната анонимност е нивниот идентитет. Она што не можат да го скријат, тоа се парите. Кој друг во оваа држава има толку пари за да закупи толку билборди? Кој друг може без мера да ги расфрла народните пари? Знаат груевци: само расфрлањето без мера може да го прикрива грабежот без мера. Но заборавиле дека и грабежот мора да има мера, за да може да се одржува привидот дека повеќе градат, а помалку крадат.

Додека молкум ги бројам билбордите како што во 1979 година ги броев бункерите во Енверовата Албанија, возачот ми кажува дека уште еден работник го изгубил животот на необезбедените скелиња на градилиштата на „Скопје 2014“. Колкава е цената на човечките животи во Македонија со која владеат груевци, се прашувам. Молкот одново го прекинува возачот кој ми кажува за скандалот со списоците обелоденет од двете новинарки на А1. Колкава е цената на човечкото достоинство во Македонија со која владеат груевци? Има ли нешто што тие не го згазија? Правата, слободите, достоинството, вистината, приватноста? Има ли принцип што не го избербатија? Има ли вредност што не ја загрозија со закани и уцени? Има ли нешто што им е свето, освен безграничната власт и неограничената моќ? Одговорот е морничав: нема, зашто нивната обесчовеченост стигнала дотаму што уценуваат и со правото да се имаат деца!

Дегутантна беше сцената во која еден градоначалник и еден скулптор во дворот на МАНУ ги караат новинарите кои прашуваат за загинатиот работник. Новинарите им ја расипувале радоста, свеченоста на откривањето на уште еден споменик! Дегутантно беше молчењето на премиерот, а уште подегутантен беше неговиот обид одговорноста да му ја подметне на починатиот. Колкава е цената на човечките животи во Македонија со која владеат груевци?

И колкава е сметката што ќе ни ја остават за плаќање? Колкава е дупката што ќе зјапне кога новата влада ќе направи увид во „македонцките работи“ одработени од груевци? Колку ќе треба да ни вратат за да ни ги платат петте години што ги изедоа како да се скакулците од романот на Петре М. Андреевски? Ќе има ли казна за запустувањето и задоцнувањето на кое груевци ја осудија Македонија само за да можат да повладеат од 2008-та наваму?

Пред да стигнеме до одговорите на овие прашања, ќе треба да ги поразиме на 5 јуни. Груевци знаат дека излажаа, измамија и ограбија. Знаат и дека народот го знае тоа. Знаат и дека не можат да победат на регуларни избори. Билбордите не гласаат, колку и да се на број. Затоа ќе направат сè да „гласаат“ и малолетници и стогодишници. Затоа (ќе) плашат и (ќе) уценуваат. А ако тоа не биде доволно, ќе посегнат и по насилство. Го слушам Велосипеткин деновиве како „оперативно го обработува теренот“ за тоа инцидентите да му се припишат на СДСМ. Како несмасниот обид со подметнатото месо кој толку смрдеше што дури и Јанкуловска мораше да се огради од подметнувањето.

Петгодишното владеење на груевци не ни дава право да веруваме дека без гнасотилаци ќе ја предадат власта. Зашто стравот со кој го држеа народот во покорност се пресели кај нив. Нивните билборди молчат, но гневниот народ се огласи. Под затемнетите прозорци на зградата во која Груевски божем работи 24/7, во неделата вечерта се слеа река од народ кој бара груевци да си одат на 5 јуни. Залудно пцала Центарот за контаминација на ВМРО-ДПМНЕ дека на протестниот митинг на СДСМ имало 30% помалку отколку на претходниот. Толку масовен собир Македонија нема видено. Зошто? Зашто Македонија никогаш не била толку опустошена и понижена како денес, на истекот на петгодишното владеење на Груевски и фамилијата.

Припадникот на една агенција за обезбедување го убедува чуварот на филијалата на една ликвидирана банка: „Гласај за ВМРО-ДПМНЕ. Уште четири години да повладееме и да ја оправиме државата“. Речиси истото го кажа едниот мегафон кога беше гостин во емисијата на другиот. Да освоеле уште еден мандат, а потоа ќе можеле вечно да владеат! И навистина, ако имаме на ум што направија со народот и државата овие пет години, не треба да имаме дилеми дека во следните четири ќе нè снема и нас и државата. Ја слушам „најекспертката“ Мирка како на новинарот на австралиското радио на македонски јазик „најпатриотски“ му објаснува дека компромисот што сме морале да го прифатиме не било име, туку прекар на државата! Значи, заради прекар нè прогласуваа за платеници и предавници? Заради прекар не влеговме во НАТО? Заради прекар заостанавме и зад Албанија? Заради прекар ќе распишувавме референдум? Не ќе да е тоа, туку смрди на распродажба. Смрди на уште еден „изум“ на итроманецот Груевски со кој уште еднаш ќе ја прелаже „меѓународната“ за да прогледа таа низ прсти на сите нерегуларности што ги здумал и ќе ги здума во деновите што идат.

„Само победа и ништо друго“, соопшти во неделата вечерта Бранко Црвенковски. Се надевам дека ги имаше на ум сите значења на реченицата со која го заврши говорот. Зашто, две победи на 5 јуни не се можни. За Македонија само едно е победа, а тоа е поразот на груевци. За Македонија, победата на груевци е пораз и капитулација пред фалсификатот и насилството. Денес, во Македонија, опозицијата нема право на капитулација.

Слики: Rachel Goodyear

наслов = цитат од празниот и

наслов = цитат од празниот и виден 100 пати говор на БЦ. Катастрофа.

Doktore, naslovot li ne ti e

Doktore, naslovot li ne ti e po vojla?
Ah sto ste mi cudni vie protokolovite, ama ajde uste malku...

Abe za ovi protokalovite, she

Abe za ovi protokalovite, she shto ne im ide u prilog, e citat, kradeno, isvrteno, nekomptetentno i potkupeno. Samo nivniot pastir e najaren.. drugoto sé necini... se blizi braka moi 5ti.. a posle? Mislete mu ja... Vie

Да забележиме дека

Да забележиме дека ’преродбениве’ трошат народни пари и за фингирани кампањи за подршка од странство. Денес Сител и Курир помпезно пренесоа дека The Wall Street Journal објавил напис за Скопје 2014 и ја фалел бизнис климата за градење. Наводно ќе се градел и Мериот хотел и сл.

Побарав информации за авторот на текстот. Тоа е извесен William Boston. Ако ја погледнете неговата веб страна ќе сфатите дека човекот се нуди и пишува по нарачка:

’Based in Berlin, I am available for long and short-term reporting assignments and am free to travel anywhere the story leads..’

и

’ I can provide completed features or contribute to your projects with reporting.’

Изгледа ДПМНЕ плаќа кампањи кај странски новинари по нарачка за потоа да тврди дека има меѓународна подршка.

Ochigledno Makedonija e

Ochigledno Makedonija e bogata zemja, parite pretekuvaat.Sega pochnaa i stranski novinari da zarabotuvaat od nashite pari.Do sega ne ubeduvaa da ne gi slushame stranskite novinari koga ja kritikuvaa vladata, ama ne bi bil VMRO, ako so ujdurma ne ja sredi i taa rabota. Si plati nekkakvi si novinari, platenici i si dobi toa shto sakashe. Najsmeshno e shto sega i Mirka Velinovska pochna da citira "stranski novinari", hihihihihi

Видете странските новинари

Видете странските новинари кои критикуваат сигурно се дел од грчкото лоби, иако критика не мора да биде поврзана со името, тие така дејствуваат, тоа им е тактика. А ако некој пиште нешто добро, тогаш сигурно е само воодушевен од нашата преродба. Зошто ја мразите Македонија и не и давате да се прероди?

Ах тој Грујо цел свет го

Ах тој Грујо цел свет го потплати а Македонците ги хипнотизираше, а кутри Милчин и остала ситна боранија да им ги дае човек сите пари Соросови,сите локуми,сите кафиња,сите наполитанки,маички,капчиња... не може да го мрднат рејтингот на СДС поише од 2%.

Абе вардар отиде у втора лига

Абе вардар отиде у втора лига

А слушам СДСМ го ставиле

А слушам СДСМ го ставиле целиот имот под ХИПОТЕКА... И тоа кај Хари Костов! Ај на здравје нека им е! :) Кој страшен FAIL ќе им се деси на избориве, уште од тука мириса...

П.С. Без саглам и асална и ДОБРА опозиција нема ни подобра Влада (позиција). Тоа е, ќе чекаме смрт на опозицијата па со надеж дека некој ден ќе се прероди... Надежта е (колку толку) во „маливе“ како ЛДП и ДОМ и слично. Време е за обединување (минус туморов наречен СДСМ).

Опрем добро!

Опрем добро!

ДОМ??? Лилјана Поповска??? А

ДОМ??? Лилјана Поповска??? А бе, ајде не заебавај, таа е бетер од споменативе.

Вечер бил mouthpiece на

Вечер бил mouthpiece на владата. Што ќе рече уста. Ти си дупката што е на другата страна од дигестивниот тракт.

ОкоБоли главаВицФото