МВР тоне сè подлабоко

11.06.2011 10:15

МВР тоне сè подлабоко и подлабоко во тињата на себепротивречноста. Во официјално соопштение стои дека „уште од самиот почеток МВР тврдеше дека се постапува по случај кој се води како „незнаена смрт“ и дека по однос на тој случај се преземени сите неопходни мерки“ (Наспроти сите инсинуации полицијата го расчисти случајот за неполни 24 часа). Како може да се работи за „незнаена смрт“, кога смртта е констатирана од медицински лица во присуство на полициски службеници кои го презеле телото на убиениот од страна на осомничениот кој „се доближил до него и со употреба на физичка сила му задал неколку удари со тупаници и клоци на Мартин во пределот на главата и телото“? (Полицискиот службеник ќе одговара за убиство).

МВР тврди дека дознале за „насилната смрт“ дури 13 часа по настанот: „На повик на еден од инспекторите околу 13:45 часот, директорот на Институтот за судска медицина, побарал лично да се видат и околу 14:15 часот, односно 13 часа по настанот, вербално му соопштил дека станува збор за насилна смрт.“ (Наспроти сите инсинуации полицијата го расчисти случајот за неполни 24 часа). Како е можно бруталното насилство на полицаецот кое се случило среде плоштад, во присуство на илјадници очевидци и стотици полицајци, да остане буквално незабележано? Како е можно видливите траги на бруталното насилство да не бидат забележани и од медицинските лица кои констатирале смрт? Како е можно полицајците кои му помогнале на осомничениот - „двајца полициски службеници кои патролирале во близина и веднаш се јавиле во итната медицинска помош“ – да не ги забележат видливите траги на насилство и да не го задржат осомничениот поради сомнение дека сторил тешко кривично дело (тешки телесни повреди или свирепо убиство)?

Откако беше објавен на Окно мојот блог-пост CSI: Прашања на кои треба да добиеме одговор!, добив ваква критика: „ама не видов еден збор што ќе укаже на тоа дека ова убиство те засега како човек прво, ниту еден збор да искажеш сочувство!“. Мислам дека е крајно нечовечки да се упатуваат вакви критики. Да не ме засегнеше лично убиството, немаше да го напишам текстот, немаше да учествувам на протестите, ниту пак ќе учествував во организација на тркалезна маса на која беше зборувано за убиството. Написиве ги пишувам намерно крајно рационално, без никаква патетика, со цел да ги посочам прашањата кои воопшто не се расветлени (наспроти тврдењата на МВР дека случајот е расветлен во рок од 24 часа)

Слушам по телевизииве и на Фејсбук неаргументирани критики зошто немало реакции од невладините во врска со случаите Беќиров и „Поштарот“. Она што најмногу ме погодува е тоа што и некои радикални „активисти“ за човекови права од уста не ги симнуваат случаите со „Беќиров“ и „Поштарот“, а воопшто не се сеќавам дека некој од нив јавно реагираше на времето кога се обидувавме да ги актуелизираме овие случаи и кога баравме кривична и политичка одговорност.

Сите што обвинуваат за „политизирање“ на случајот, ги молам убаво да ја анализираат оваа изјава: „-Maртин таа вечер беше многу среќен. Купи 10 шишиња вино за да ги почести пријателите. Радосен, се качи на бината, сакаше да ја сподели радоста, оттаму го тргнаа и го убија. Тоа е вистината, низ солзи им соопшти на насобраните, Александар Нешковски.“ Најбесрамно нешто во моментов се обидите на гебелсовските пропагандисти за политичка дискредитација на сите што бараат професионално расчистување на случајот, одговорност од сите инволвирани, и воспоставување на ефикасен механизам за надворешна контрола врз МВР . Пропаганданата машина за забошотување на случајот, за деморализирање на протестантите и за дефокусирање од инволвираноста на МВР во кривичните дела (свирепото убиство, непријавувањето и прикривањето на убиството) работи со полна пареа уште од шести јуни.

Беспредметни се и расправите дали се протестира поради полициската бруталност или поради обидот за заташкување на случајот. Протестите, колку што можам да разберам, се и против полициската бруталност, но, и против обидот за прикривање на полициската бруталност. Токму затоа, барањата од петицијата се: и одговорност за конкретниот случај, и механизам за надворешна контрола на МВР. Малку ми е чудно тоа што дел од протестантите ја споделуваат перцепцијата која сака да ја наметне ТВ Сител. Имено, токму Сител го политизира случајот (особено со заклучокот: „Симпатизер на СДСМ убил симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ злоупотребувајќи ја својата полициска функција“). Токму Сител пропагира дека „и едните и другите се исти“ и ги вади од нафталин случаите „Поштарот“ и „Беќиров“.

Од моја гледна точка, ситуацијата е трагикомична. Забележувам, некои упорно се обидуваат да ја изишкаат пропагандната мува од капата, продолжуваат да го шират пропагандниот слоган „сите се исти“, бараат сега одговорност за случаи од пред 5-6-7-8 години, а никаде ги немаше тогаш кога малкумината активисти за човекови права баравме ефикасна истрага и кривична и политичка одговорност за таквите случаи.

Ете, се распишав, оти прашањава лично ме тангираат. Десет години се обидувам да се борам за стопирање на полициска бруталност и за граѓанска контрола врз МВР, се борев и за распуштање на Алфите од моментот кога беа формирани, продолжив и кога ме малтретираа и кога ме уапсија, и се радувам што борбата против полициското самоволие и полициската бруталност станува помасовна.

На крајот, една порака до сегашните борци за човекови права: Ако вашите постапки се раководени од стравот да не бидете „политички обоени“, пропагандната машинерија брзо ќе ве уништи. Да укажам, кога Хелсиншки комитет пишуваше против властите за случаите „Беќиров“,„Раштански лозја“, „Ел-Масри“, полициската тортура во 2001, прогонот врз „Лавовите“, случаите на полициска бруталност на „Алфите“, „Тигрите“ итн. - секогаш критиките беа упатени кон одговорните кои се на власт, никогаш кон оние кои се во опозиција. Имено, и сегашните власти се соодговорни за случаите „Поштарот“ и „Атентатот на Глигоров“ – затоа што и тие имале со години прилика да ги расветлат докрај случаите и да ги посочат одговорните.

Оние што се борат за човекови права, мора да станат имуни на било какво етикетирање и стигматизирање. Моето 10-годишно искуство ми кажува дека таквото етикетирање и стигматизирање е незибежно, кога јавно се бориш за човековите права. Ако почнеш да ја трошиш енергијата на докажување дека не си „партиски обоен“, тогаш пропагандистите ја постигнале целта - успешно те дефокусирале од твојата кауза. Практично, те замолкнале.

извор на фотографиите од протестот на 10 јуни:
http://www.flickr.com/photos/fosim/sets/72157626931569520/with/5818766907/

Ova e interesno. Lagano i

Ova e interesno. Lagano i suptilno da ne pretopish vo opozicija. Ke se grizam da ne bidam oboen, zatoa sto ne sum oboen=dzgan. Tebe seedno li ti e dali site mislat deka si siluvac ako ne si? Vtoro so toa sto jas ne sum oboen im prakjam poraka i nekoja vrsta na dozvola na ostanatite koi me gledaat deka e vo red da ne bides oboen.

Значи неверојатни сте. Речиси

Значи неверојатни сте. Речиси и да нема овдека тема на која во принцип, некој не се труди постојано тврдењата да ги вади од контекст. Интересен е текстот, но не би го коментирал него туку повеќе би сакал да искоментирам нешто во врска со коментаров над мене. Навистина е збунувачки што минативе неколку години кај нас се смета за проблем тоа да се биде опозиција, па оттаму и грижа кај многу луѓе меѓу кои и Анонимниот погоре, да не се западне во опозиција. Но, фактот што на секоја реакција на безмилосните и бесмислени дејства на владата, демонстрантите се осудуваат пред се од страна на владеачката партија и нејзините медиумите и исите веднаш ги сместуваат во група платеници на само една политичка партија од опозицијата, доволно ми зборува за тоа од каде внимателноста и грижата да не ве обојат опозиционерски (иако навистина невообичаена грижа) . Да се спротивставите на оваа влада нужно значи дека сте индоктринирани од Другата страна, која претендира на нејзиното место, па следствено какви и да се вашите примедби и демонстрации истите нема потреба да се земаат сериозно бидејќи имаат политичка заднина. Патем не постои ништо без оваа заднина. Се смета дека е избришан секој чесен, етички, човечки принцип од свеста на сите нас, па што и да направиме е само камуфлирана амбиција за заземање на нивното место. Па дури и хипотетички да е така (А НЕ Е) зарем се тие предодредени овдека вечно да владеат, зарем се тие безгрешни врховни морални судии на кои е невозможно да им се пререче, зарем мораме да ја трпиме сета мизерија која ни ја создаваат заради нивните фиксации на големи пастири кои го знаат патот кој ние слепци не го гледаме? Ние не сме ништо друго во нивните очи освен непринципиелни, завидливи, злобни претенденти за власта, на кои воопшто не им е дојдено до почитување на било какви хумани начела. И токму тоа уште повеќе зборува за стравот кај луѓето да се крене гласот над Владетелот, и за колективната неуроза која се манифестира во постојаното и несвесно преиспитување и коригирање на соспствените ставови со оние на владеачката партија, колку и последниве да се бесмислени. Секое отстапување од истите значи предизвикување дополнителни егзистенцијални проблеми кои со оглед на постоечките никому не му се потребни. И така мнозинството блада во една хипноза веќе неколку години, длабоко завлезени во апатичност и апсолутна преданост на сезнајните и седобри божества од Илнденска бб, се до пред некое време кога еден немил настан ЕКСПЛИЦИТНО ја исплука на површина сета безмилосност, суровост, непринципиеност и перверзност на оваа власт и системот со кој таа управува ( и ќе управува) и не уништува сиве овие години. И наместо ова отрезнување да биде разлог да се вратиме при умот, ние од пуста желба и страв за она што треба да им се случи на Семоќниве (во нормална држава , секако) , се решаваме да продолжиме да ја играме нивната. ”Не е ништо, знаевме дека ова ќе го прават само да ја земат власта”. Ова дотолку што се изнаслушав секакви луди коментари својствени за бладачи од прв ешалон, од типот – ”жално е ова што се случи, но сепак никој никого не тепа без причина”; или ”глупост е да се бара одговорност од кутрата министерка, во несреќен случај” ; или ”се е сценарио на Другите, а овие демонстранитве се несреќно заведени лица - тие се бладачите”. Навистина е неверојтно како сме заборавиле за неколку години дека освен преку нашата политичка призма нештата се гледат и преку други, многу поважни и нам природно својствени, кои не ја даваат сликата која ја сонува и наметнува владејачката партија, па и онаа најголемата во опозиција. И сега кога корективот на заблудите во оваа слика им го грди илузорниот пејзаж, и им укажува дека во неа всушност недостасува суштинскиот дел на една реалност, тие решија да се скријат зад политички интриги, да затајуваат, да обвинуваат други и да направат се да се исполитизира случајот за да можат некако да се оправдаат, како што тоа го правеа минативе години. И она што е згрозувачки е што не само “нивните”, туку и многу други “совесни чувари на човековите права и морал” во оваа земја (за кои мислам дека зборува текстот погоре) ја прифаќаат таа визура, која единствено води во решавање на случајот во полза на оние кои треба да бидат санкционирани. Таков епилог не ни е потребен. Јас во ниту еден момент не се сомневам во чесната намера на сите демонстранти конечно да се задоволат сите неправди и опресии кои изминативе години ги трпевме од страна на овие две полициски единици чие распуштање го бараме и да се направат предложените промени во законикот. И таа цел заслужува секаква жртва, која со оглед на веќе дадената, е сосема безначајна. Секое политичко етикетирање ни е јасно од каде произлегува, но уште повеќе ни е јасно дека она за што демонстрираме ќе претставува човечка придобивка на оваа земја, која ќе овозможи остварување на некои наши основи човекови права, загарантирани, но никогаш досега остварувани. Секое етикетирање на патот на остварување на нашите барања е неодминливо, бидејќи тоа е метод на структурите против кои истапуваме да го одземат легитимитетот на нашите дејствиа. Со тоа што ќе застанете во некој ред на протестите, на жалост ви слеудва етикетата опозиција, бидејќи оние кои бојат, гледаат само во две бои, и не ги интересираат вашите добри намери бидејќи за нив и нема боја во нивната палета. Ако сакате да останете необоен треба да си седите дома и да набљудувате. Така сонот продолжува. Идила за нашите богови.

Се извинувам многу за долгиот коментар (можеше секако да биде и пократок), но навистина многу ми пречи ова потценување на сите кои протестираат, и нивниот третман од власта и нејзините симпатизери како кон бедници, политички агенти на една опозициона партија. Реков, тоа е само доказ за нивното слепило и отчовеченост, а меѓу сите нас кои демоснтрираме, единствено што ни останува е таквите етикети навистина да ги прифатиме само како пројава на надреализмот во кој е западната власта.

Се извинувам уште еднаш.

хгјкхлих se soglasuvam so

хгјкхлих se soglasuvam so tebe! Nasiot najgolem problem e sto ne moze da razbereme sto e toa "gragansko opstestvo." Nie nemozeme da razbereme deka pravoto na protest e osnovno covekovo pravo.
Zato imame komentari kako prviot, i zatoa partiskata propaganda e uspeshna vo Makedonija!

Gi slusham Ivo Kotevski i

Gi slusham Ivo Kotevski i novinarite na vesti i ne mi se veruva deka novinarite i posle 6 denovi ne go postavija OSNOVNOTO PRASHANJE: zoshto koga e najdeno mrtvo telo NE e POVIKAN ISTRAZHEN SUDIJA i OBVINITELOT na LICE MESTO!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Toa e STANDARDNA PROCEDURA!!!!!!! Koga se naogja mrtvo telo prvo se povikuva policija ( vo sluchajov policijata bila na samoto mesto) koja go obezbeduva mestoto, a, potoa, samata policija PRVO gi povikuva dezhurniot istrazhen sudija i dezhurniot obvinitel i otkoga ke se izvrshi uvidot brzata pomosh go nosi mrtvoto telo. Istrazhniot sudija izleguva na lice mesto, a ne odi vo sudska medicina da go vidi teloto, bidejki e bitno kade se sluchila smrtta . Ne sekogash najdeno mrtvo telo e i ubieno, se sluchuva lugje da umiraat na ulica i od infarkt, izliv, no policija, istrazen sudija i obvinitel mora da izlezat na LICE MESTO. pa gledate filmovi, ista e procedurata i kaj nas!
Zoshto policijata vo sluchajot so utepanoto momche povikala brza pomosh a ne povikala na samoto mesto i istrazhen sudija i obvinitel? Prashjte go Ivo Kotevski zoshto ne e POCHITUVANA procedurata??? Policajcite koi povikale brza pomosh a ne postapile spored propisite MORA DA ODGOVARAAT za NEPOCHITUVANJE na propisi! Zoshto do sega ne odgovarale nitu disciplinski i koi se tie policajci? Zoshto ne odgovara i nivniot shef?
So samoto toa shto ne e pochituvana procedurata se gleda deka IMALO NAMERA na PRIKRIVANJE na nastanot i uchesnicite!!!!

Anonimen 444 veli "...Lagano

Anonimen 444 veli "...Lagano i suptilno da ne pretopish vo opozicija. Ke se grizam da ne bidam oboen, zatoa sto ne sum oboen..." Znachi, ako si opozicija si, oboen, a, ako si od stranata na vlasta, ne si oboen i toa e OK? Taka, neli? Doobjasni, te molam, zoshto e losho da si oboen opozicioner, a, da si oboen vlastodrzhec e, dobro??? Zoshto e losho da protestirash protiv policiskata namera da se zatashka ubistvo na nevin chovek, a dobro e da si na stranata na tie shto go zatashkuvaat ubistvoto? Zoshto e dobro da si na stranata na tie shto go odnele mrtvoto telo bez da se sprovede voobichaenata procedura na mestoto na zlostorot so istrazhen sudija i obvinitel, a losho e da barash da se kaznat tie shto ne ja pochituvale procedurata? I, mnogu drugi neodgovoreni prashanja ...

Ok, kratko i jasno. Pogresno

Ok, kratko i jasno. Pogresno se izraziv pogore. Ako nesto nekogas sum podrzuval vo zivotot toa se protestite. Tie ne se organizirani od SDSM i toa mora da se znae od ocigledni pricini. Vtoro ne mi e strav od oboenost pozicija - opozicija (protestive po definicija se opoziciski) tuku mi e strav od oboenost VMRO - SDSM. Poznavajkji ja partiskata orientiranost na OKNO taka go razbrav tekstot. Od gorniot komentar citajte "...Lagano i suptilno da ne pretopish vo SDSM "

batali politika, ama shto da

batali politika, ama shto da pravish, i VMRO iskoristuvashe razni nastani vo svoja polza, epa sega, ako na SDSM im uspee...uspea... makar da, ne veruvam mnogu deka SDSM ke go iskoristi momentot, tie ne se pokrenuvaat brzo kako shto pravi VMRO. SDSM se nekako, mlitavi, neagilni...."butni me, da kinisam". Predupreduvam, ako nekoj stav na nekoj shto protestira se sovpadne so politichki stav na partija ili grupacija, ne znachi deka toj stav ke se pretopi vo partijata. Toa, do dusha, e voobichaena pojava vo normalnite drzhavi, i nema noshto losho, duri e i pozhelno da si pomognat za ostvaruvanje na celta.

хгјкхлих, fala ti

хгјкхлих, fala ti

Слични содржини

Став
Жарко Трајаноски
Општество

ОкоБоли главаВицФото