Јас сум јас и јас сум океј

09.08.2011 13:59
Јас сум јас и јас сум океј

Јас сум јас. Во целиот свет нема никој кој е ист како мене. Сè што излегува од мене е автентично мое, бидејќи само јас сум го избрала – јас поседувам сè што е поврзано со мене: моето тело, моите чувства, мојата уста, мојот глас, сите мои дејствија, без разлика дали се однесуваат на други или на мене. Јас ги поседувам моите фантазии, моите соништа, моите надежи, моите стравови. Јас ги поседувам моите триумфи и успеси, сите моите неуспеси и грешки. Бидејќи се поседувам целата, можам да станам интимно блиска со себе. Правејќи го тоа, можам да се сакам себеси и да бидам пријателски насочена кон сите мои делови. Знам дека има некои аспекти од мене кои ме збунуваат, и други аспекти што не ги познавам – но, сè додека сум пријателски настоена и се сакам себеси, можам храбро и надежно да трагам по решенија за загатките и начините да дознам нешто повеќе за себе. Сепак, јас изгледам и звучам, кога нешто кажувам и правам, и што и да мислам и да чувствувам во конкретен момент, тоа сум автентично јас. Ако подоцна некои нешта за тоа како изгледам, како звучам, мислам и чувствувам испаднат дека не одговараат, можам да го исклучам она што не е соодветно, да го задржам останатото и да создадам нешто ново за она што сум го исклучила. Јас можам да гледам, да слушам, да чувствувам, да мислам, да зборувам и да дејствувам. Имам алатки за преживување, да бидам блиску до другите, да бидам продуктивна, и да создавам смисла и ред од светот и луѓето околу мене. Јас се поседувам себеси и затоа можам да се управувам себеси. Јас сум јас и јас сум океј.

Извор: Virginia Satir, Self Esteem, 1975

Вирџинија Сатир (1916-1988) е американска авторка и психотерапевтка, пред сè позната по својот пристап кон семејната терапија. Се смета за „Мајка на семејната терапија“.

Фотографија: Оливер Зам

некако ми се чинни премногу

некако ми се чинни премногу очајнички крик - метода која можеби помага во мигот, да се изгради некој поприфатлив идентитет, различен од наметнатиот во семејниот контекст, но немам доверба во „инсистирање“ и мантрично „билдање“ на самодовербата. тоа е како шема за таблети кои треба да ги разбијат заглавените тромбоцити во крвните садови. да, привремено ќе олесни... но долгорочно, доколку длабински не се расчистат бигорите кои ја спречуваат проточноста на информацијата за себе како нешто што е вредно да биде присутно во заедницата.

Па ако очекуваш од другите да

Па ако очекуваш од другите да ти ја вратат самодовербата, можеш и да се изначекаш, па и излажеш. Никој од нас не е Робинзон Крусо, но мораш да тргнеш од себе.

Сите ние сме Робинзон

Сите ние сме Робинзон Крусо.
...Нико нико као ја... Величањето на уникатноста е градежниот матерјал на островот на Робинзон.

ОкоБоли главаВицФото