Сентименталната страна

18.10.2011 10:52
Сентименталната страна

Беше типичен скопски летен ден. Се разбудив на пладне. Претходната вечер, после цели 28 години, ја прекинав врската со мојот град. После тешки расправии кои се одолговлекоа длабоко во ноќта, таа долга, страсна и интензивна врска конечно заврши. И така е подобро. Се разбудив дента со доза тага всадена длабоко во мене бидејќи имав претчувство дека ќе остане засекогаш. Всушност, јас не сакав да прекине таа врска... го сакав сè уште, но тој се смени. Свесна дека промените се неизбежни, се надевав дека неговите, и покрај тоа што сите алудираа на трагедија, ќе имаат среќен крај. Но не беше така. Ден за ден тој сè повеќе се претвораше во вообразен шминкер без содржина. Останував во таа врска како маѓепсана од сопствената надеж и верба во нешто што веќе не постоеше. Се борев за него како што можев и умеев. Неуспешно. Вака е подобро. Постапив правилно и веднаш почуствував олеснување. Олеснување измешано со среќа и ентузијазам кон новооткриената слобода. Сега сум слободна повторно да сакам, одново, некого кој ќе го интересира како се чуствувам изгубена во неговата утроба, како ми е кога талкам по неговите улици, некој што нема туку-така да ги избрише моите омилени места и спомени. Станав. Се упатив кон прозорецот, погледнав кон него. Уште беше тука, секогаш ќе биде, но не и за мене. Но пред да се збогувам, морам да раскажам за нас двајца. Да остане трага.

Не се сеќавам на мигот кога првпат го здогледав ниту, пак, кога се заљубив бидејќи дружењето траеше отсекогаш, откога паметам за себе и заради тоа сè е како претопено едно во друго - целосно. Цело детство го минавме заедно, рамо до рамо по дворовите, парковите, уличките. Тинејџерските години исто така. Заедно учевме школо во и надвор училниците. Никогаш не беше совршен, но токму таа негова разноликост и воедно постојаност го правеше единствен. Сите објекти, простори, енергии, сите носители на неговиот карактер беа искрени. Нештата беа, вистината и значењето сведочеа за себе; беше de facto.

Одеднаш луѓето почнаа да се менуваат, дојдоа други маси, кои за мене беа непознати. На почетокот не ги забележував, подоцна не им придавав значење. Коегзистиравме, тие не ме негираа, ниту јас нив. Кога се судиравме (мојот свет и новоинсталираниот) бевме културни, трпеливи како странци во исто купе. Не ни очекував дека за влијанијата на овие нови случувања јас ќе бидам споредна, спонтана, неизбежна колатерална штета. Почна да се случува неизбежното. Скопје се здружи со нови лица, а што очекував? Новите лица беа сè поприсутни... додека ние комфорно уживавме во она што го нудеше Скопје, новите лица работеа на случајот. Меѓу нив беше и таа. Таа беше руса, секогаш средена, со чуден вкус за музика, навидум потивка од мене и без многу дебати и прашања. Сè повеќе го гледав со неа, ја претставуваше како пријателка. На почетокот мислев дека е минлива фаза, па мене ми беше повеќе од очигледно дека во неа и нејзините пријатели немаше содржина, но тој како маѓепсан продолжуваше да ужива во леснотијата на постоењето на овие групи луѓе. Првиот легитимен знак за тревога беше кога ја внесе дома, ја запозна со родителите и несебично сподели со неа сè што имаше и што знаеше. Со години и векови стекнуваното искуство и знаење ѝ го покажа едно неделно попладне на кафе на кеј. Тоа што тој не го знаеше (сè уште) е дека таа не разбира, не ја гледа вистината – само формата. Оттука сè тргна надолу. Сега ми беше јасно дека зад пријателската фасада таа имаше други намери. Сакаше да ме замени. Полека но сигурно таа се стекнуваше со дозвола да истражува, дури да интервенира – да живее во неговите простори. Токму тогаш тие негови (и мои) драги простори почнаа да се менуваат видливо, бесрамно. “Празните”, романтични простори, кои сведочеа за многу љубови, за прошетки и караници, се полнеа. Се полнеа со илустрации на персонификации на среќата. А вистинската среќа заедно со вистината полека но сигурно ја снемуваше. Taa како да сакаше да ми се одмазди, како да ме мразеше и менуваше сè повеќе кај него, за да докаже дека и покрај сè – таа победи, дека дојде нејзиното време. Се користеше со итрини кои, всушност, беа смешни, очигледни игри кои, за нејзина среќа, зашеметеното Скопје не ги регистрираше. Mу подаруваше мали додатоци, украси за по дома, почна да му организира родендени и да му ги бира пријателите. Тој беше токму таму каде што таа посака, не ми се ни јави да ми соопшти дека веќе ги гледаат заедно во јавност. По некое време почна да ја следи и во стилот на облекување и почна да ги негира местата каде ние живеевме, да им наоѓа сто и една маана на драмски, на плоштадот, на кејот итн. Ултимативниот удар беше неговото решение да ги промени, сруши местата на сите наши стари убави живеења. Рушеше спомени, вистински сведоци за историјата на Скопје, а градеше нови објекти кои требаше гордо да зборуваат за нејзиното владеење над него. А тие нови симболи на новата врска не беа искрени, тие не значеа, сами по себе беа ништо, тие носеа пораки кои невешто скриени говореа за агресивната нарцисоидност и алчност на масата предводена од неа.

Во меѓувреме, тој западна во полузаспана апатија, од која што не се разбуди ни кога се удираа силните темели на новите лаги на кои продолжи да се гради таа врска која ми го кинеше срцето. Го смени друштвото и воопшто не се гледаше со мене, со нас. Сега тој почна да изгледа помалку смешно, се прашував како ѝ се допаѓа ваков, дури и на неа. Го смени својот лик, како десетици хирурзи неуморно да работеа со цел никој веќе никогаш да не го препознае. Тогаш се запрашав, токму тогаш си го поставив вистинското прашање: дали тие нови симболи на неговото јас не беа толкувачи на вистината, не беа разумни, манифестации на сегашноста... или беа? Сè повеќе верував дека беа. Дека тоа е вистината која владее, дека за жал вистината на денешноста во Скопје е таа. Таа е невешта шминка, аматерски изработена маска која не успева да ја сокрие својата егоцентричност, слабост, себичност и желба за докажување на наметнатата надмоќ по секоја цена. Таа е онаа истата која не ја познавав, која еден ден дојде навидум скромна и молчелива, која тогаш дури ја сожалив. Таа е тие, оние кои ги раководи лагата, за конечно лагата да стане вистина. Сега таа успеа, нè раздели, завладеа и гордо живее во моите простори – ги украсува, кити, нагрдува, руши, реновира, интервенира. Останува само да се надевам дека Скопје еден ден ќе се разбуди и ќе се сети на своите пријатели, на старите манифестации, на вистинските вредности на градското живеење, на преклопувањата на тие вредности и уште побогатата мрежа на соживот и среќа. Дотогаш единствено се надевам дека таа ќе се задоволи во еден миг или умори и ќе прекине со вирусното ширење на своето толкување на убавото.

Се надевам можеби дека ќе падне болна од сопствената болест. Да не ме разберете погрешно, неговото враќање, будење, не го гледам како шанса за него и мене. Не, ние ја имавме својата шанса... не живеам во надеж дека тој еден ден ќе ми припадне мене. Неговото будење со нетрпение го очекувам поради него самиот. Поради таа љубов која сè уште ја носам за него, тој да се избави, да се спаси, да се излечи.

Пред отприлика 13 години првиот бакнеж ми се случи покрај Вардар, на кејот спроти палатата на плоштадот, веднаш преку мостот. Таму пред банката веќе ја нема нашата клупа. Таму сега стои друг лик. Тој како да не може да се одлучи дали сака да се припои кон старата, искусна и стабилна банка или да сака да се урне во реката и да пушти водата да му го однесе срамот. Стои како адолесцент кој молел за своите пет минути на бината за кога конечно се качил на неа – да занеме. Како слабичок, кутар човек изваден од место и време кого го присилуваат да извршува функција која не му прилега, облечен во руво кое за него е непознато и несреќно. Стои нестабилниот. До него, пак, стои старлета која се труди да е дама, облечена во ефтина реплика на некој класичен фустан. Навечер си дозволува да се накити со црвени пердуви и да го покаже вистинското јас. Збунета евтина старлета со маска на историја и култура. Стои збунетата. Ете, тоа остана да стои.

Авторката е дипломиран инжинер-архитект

Фотографија: mitatos

Ете уште една госпоѓица на

Ете уште една госпоѓица на која и го украле “нејзино“ Скопје, па и клупата на кејот веќе не е таа истата. Сепак подобро е да се стенка за време на квалитетен секс, отколку од историска неписменост, самосожалување, или бедна патетика. На оваа тажна госпоѓица било кој може било што да и украде. Со овој нејзин мајнд-фрејм немора ни да се мачи. Една работа би ви кажал: кога веќе некој стигнал да ви го украде градот-ТОГАШ НИКОГАШ И НЕ БИЛ ВАШ!!! Запомнете го ова кога ќе ви дојде повторно да се лигавите по интернет или приватно.
Моето Скопје е секогаш тука. Се ебе со промените.
Чао, журим...

Кое срање од текст.. тоа

Кое срање од текст.. тоа страшна работа.
Па и на баба ми и фали корзото..
..ебате идиотите ебате..

Mislam deka devojkava e

Mislam deka devojkava e nesvatena od predhodnive dvajca momci koi komentirale. @mirko: tekstov e poln so metafori.. mislam deka bukvalnoto svakjanje na zborod "ukradeno" e vadenje od kontekst. a sopstvenosta na nekoj (bilo koj grad) e smeshno da ja diskutirame. vtoriot komentar nema da go komentiram ... kje go zamolam za osnovna kultura.
moe mislenje e deka tekstot e ok, sum chitala i bolje ama ok e.

Zdravo Marija, profesorot

Zdravo Marija, profesorot tuka.
Jas samo go praktikuvam rechnikot na glavniot urednik na okno, nisto poveke nisto pomalku.

Pozz

Ех...ја кога си ги греев

Ех...ја кога си ги греев јајцата на коцка, како сега ја да згреам стари мадиња! Ебате градот,ебате (или можда до мадињата е?)

tekstot e mnogu ubav i

tekstot e mnogu ubav i emotiven. barem mene me pogodi. bravo za avtorkata!

aj emotivno da mi zgrees

aj emotivno da mi zgrees madinjata

секогаш кога се спомнат

секогаш кога се спомнат мадиња, мислам на посетители

Слични содржини

Јавни простори / Теорија / Историја
Јавни простори / Историја
Јавни простори / Скопје 1963-2013 / Историја
Јавни простори / Историја
Јавни простори / Историја
Јавни простори / Историја

ОкоБоли главаВицФото