Легендата никогаш не заминува

03.01.2012 11:58
Киро Глигоров

Киро Глигоров стана легенда уште за време на животот. Постојат неколку причини за ваква оцена: тој беше првиот претседател на независна Македонија избран на слободни избори; Глигоров беше творецот на раздружувањето од Југославија без војна; Глигоров беше учесникот во двата клучни датуми во македонската историја и го симболизираше континуитетот помеѓу 2 август 1944 и 8 септември 1991; Глигоров преживеа тешка операција по атентатот и продолжи да ја извршува претседателската функција; Глигоров беше активен во политиката речиси 60 години, што само по себе го прави исклучителен и значаен; Глигоров замина од функцијата шеф на државата на 82 години, почитуван и ценет и во Македонија и во светски рамки.

Не верувам дека Бил Клинтон, при посетата на Скопје во јуни 1999 година, бил непретпазлив и неинформиран или, пак, бил само куртоазен, кога пред поширок круг присутни и од македонска и од американска страна, му предложил на Глигоров да се кандидира за уште еден претседателски мандат. Но, Глигоров веќе претходно го најави своето повлекување. И така и бидна.

Со новиот милениум започна да тече постглигоровото време.

Оттогаш поминаа 12 години, доволно време за периодот на Глигоров да се погледне од повеќе ракурси и од една пристојна дистанца. Но, тоа беше доволно време и за да се научат некои заборавени лекции. Овие две фази во нашата понова историја ќе бидат и понатаму стожерните точки не само за валоризација на минатото, туку и за тоа како ќе ја градиме и сегашноста и иднината.

Денес, кога се простуваме со поранешниот претседател, примерно е за Глигоров да се говори со пиетет. Тоа го прават неговите искрени поддржувачи од левицата, тоа го кажуваат и неговите политички противници од десницата. Глигоров го заслужи тоа.

Многумина негови соработници, поддржувачи или, едноставно, неговите современици, во првичните реакции ги истакнаа заслугите на Глигоров во создавањето независна и самостојна Македонија. Таа емфатичка нишка во оцените и во сеќавањата, требаше да ја симболизираат и загубата што ја доживеа Македонија со заминувањето на Глигоров. Во тој дух, за Глигоров можат да се испишат цели книги.

Во едно бурно време за Европа и за Балканот, исполнето со крвави расплети, политиката на Глигоров ѝ обезбеди мир на Македонија за полесен премин на патот кон самостојноста и независноста. Глигоров се здоби со аурата на миротворец. Граѓаните на Македонија добија сигурност и спокојство дека под водството на Глигоров нема да има војна и бесмислени жртви. Така и беше. Тука се наметнува реторичкото прашање – зарем само тој факт дека имавме десетгодишен мир под негово водство не е доволен за да сфати величината на Глигоров?

Киро Глигоров е уште еден пример во историјата дека тешките времиња создаваат големи луѓе. Или, малку поинаку кажано – големите луѓе ги прават полесни тешките и смутни времиња. Но, сите овие оцени можат да заличат на еден тежок превез од зборови зад кои се кријат само патетични и пригодничарски фрази какви што обично се слушаат при испраќање на политичар или на државник кој оставил виден печат во своето време.

Во градењето однос спрема Глигоров се кријат две стапици – прво, тоа е ретропристапот и, второ, панагириките заради краткотрајните политички поени. Истовремено, со ова сакам само да укажам колку е амбигвитетна, а во крајна инстанца и погрешна лесно изговорената флоскула, искажана без рефлексивност и без супстанцијалност, дека Глигоров си обезбедил видно место во историјата на македонската држава. Или, дека на 1 јануари 2012 година, Глигоров трајно замина во историјата.

Што тоа значи? Дека во наредниот период историската наука ќе добие уште поголем поттик за да ја валоризира и да ја преиспитува улогата на Глигоров? Или, пак, нашиот однос спрема него ќе се сведе на тоа кога ќе се постави восочна фигура во музејот на ВМРО? Или, тоа ќе се манифестира преку габаритноста на споменикот на Глигоров? Или, кој плоштад во државава ќе го носи неговото име? Таквото испраќање во историјата и таквото третирање на Глигоров, засега, станува сосема ирелевантно и крајно погрешно.

Убеден сум дека уште долго време Глигоров нема да биде (само) историска фигура! Зошто?

Прво, затоа што Глигоров беше испраќан во историјата уште додека беше жив! И тоа не почна кога Глигоров ја напушти претседателската функција во 1999 година, туку тоа го следеше од самиот почеток на независноста и на плуралноста. Второ, неговите политички опоненти се обидуваа да го претстават Глигоров како симбол на минатото. А на нивна голема жал, Глигоров стана симбол на новото време, симбол на независна и демократска Македонија!

И таа улога не му е загрозена и покрај сите ревизии и покрај сите удари врз македонската политичка статика.

Оној момент кога Глигоров почна да еманира вредности што отсликуваат една нова епоха, и додека мнозинството граѓани беа уверени дека добиле вистински човек во вистинско време, битката против Глигоров и против политиките што тој ги симболизираше не престанаа во ниту еден момент. Одеднаш, Глигоров стана средиштетото околу кои се вкрстуваа сите добри и сите лоши страни на македонското општество. Од една страна, Глигоров ни помагаше полесно да ги апсолвираме некои нови историски ситуации, а благодарение на него изгледавме попаметни и подобри одошто сме, но, од друга страна, Глигоров ни служеше преку него да проектираме или да транспонираме еден страшен товар на конфузии, лажни надежи, моментални перцепии и на политички ставови од секаков вид.

Во времето кога Глигоров беше најпопуларен, освен некои ступидни ласкања, стана вообичаено да се ловат неговите слабости, наместо да се посветиме повеќе на вистинските проблеми и предизвици. Во тоа немаше ништо чудно за едно плурално општество. Но, во секој случај, за една млада демократија изгледаше многу развлечена и многу детализирана скалата на вредности околу идеалната слика за првиот човек на Македонија.

Така, на национално освестените и на самопрогласени демократи им пречеше неговото комунистичко минато. Некои забележуваа дека Глигоров е престар за функцијата, а се опкружил со неискусни и со млади политичари. На новопочените демократи им пречеше неговата огромна популарност и му забележуваа дека во негово време се јавиле елементи на авторитарност и на загрозување на демократијата. За други, пак, Глигоров беше премногу толерантен и благ спрема политичките противници. За новопечените патриоти и екстремни националисти, Глигоров беше предавникот на националните интереси, а за т.н. критички настроените интелектуалци, пак, важеше за бескомпромисен и за нефлексибилен. Едни го обвинуваа дека води политика на невидено попуштање спрема Албанците, други, пак, сметаа дека испишува нови црвени линии спрема оваа етничка заедница, односно дека е најодговорен што Македонија не се устрои навреме како мултиетничка држава.

Вакви амбивалентности од времето на Глигоров можат да се набројуваат до бескрај. Ако на почетокот сето ова ни изгледаше како составен дел од плуралноста и од фолклорноста на овдешното демократското живеење, како што поминуваше времето, стануваше јасно дека тоа е еден од поважните индикатори за тоа колку се сложени и колку се комплесни состојбите во Македонија. Уште тогаш созреваше сознанието дека опцијата на Глигоров нема да биде зацементирана за време на неговите два мандати. Тоа како да ги разочара и поголем дел од неговите искрени поддржувачи.

Кога Глигоров замина од претседателската фунција, Македонија и понатаму се соочуваше со големи проблеми и предизвици. Тешките времиња ни се повторија и по десет години од независноста.

Глигоров, сепак, не беше чудотворецот, кој, како со волшебно стапче ќе ги реши сите наши проблеми и сите наши противречности. Дали е тоа резултат на слабостите во стратегијата на Глигоров или пак, се должи на комплексноста на македонското опшество, односно, дека е резултанта на повеќе фактори, одговорот е можен само во едни поинакви политички констелации од сегашните и со помош на ослободена и недиригирана историографија.

Последниве неколку години претседателот Глигоров многу ретко имаше јавни настапи. Токму во тој период, се интензивира ревизијата на политиките на Глигоров. На прв поглед, алтернативите што сега се нудат не значат напуштање на програмските одредници кои биле донесени уште во времето на Глигоров. На ниво на декларативноста, навидум, ништо не се променило, туку само се менуваат одредени пристапи, кои се оценети дека во минатото биле погрешни. Но, во суштина, работите се изместени од корен, бидејќи, се нарушени или се напуштени носечките политички принципи и вредности, разнебитена е политичката архитектоника и сите структури на општеството се нападнати од вирусот на неодговорноста и на антистратегијата.

Оттука, Македонија има иднина ако успее да ги реафирмира политиките што ги симболизираше Глигоров. Нам ни треба враќање кон Глигоров. Тоа враќање нема да заличи на измислување топла вода. Доволно е одново да го разбереме елементарните работи што беа доминатни во времето на Глигоров, а тие можат да се сублимираат во два збора – рационалност и реализам.

Што нè научи Глигоров? Прво, од него научивме колку е важно водечките луѓе на државата да изберат правилен курс, односно да бидат носители на една јасна и конзистентна државна стратегија. Тоа, во моментов, е нешто што најмногу ни недостига.

Второ, Глигоров нè научи дека државите, а особено оние помалите како Македонија, мораат да водат сметка за реалностите што владеат и на внатрешен, и на регионален и на глобален план. Тоа помага да се сфати комплекноста на модерниот свет, системот на меѓузависност, дека работите, најчесто, не се црно-бели или дека нештата не се еднозначни.

Трето, односот спрема нашите странски партнери или спрема западните вредности мора да биде конзистентен, искрен и доследен.

Четврто, не може да се гради демократија со популистички методи.

За овие неколку работи треба да му бидеме благодарни на првиот претседател на самостојна Македонија. И тоа е само една од причините зашто Глигоров останува инспирација и во иднината.

Впрочем, легендата никогаш не заминува.

„Најголемиот“ Титов

„Најголемиот“ Титов економист, „човекот од реформи“ како што велеше за себе Киро Глигоров, дробеше бесмислици уште во 1983 година, дека социјалистичкото стоковно производство се разликува од капиталистичкото. Со таквото тврдење, К. Глигоров докажуваше дека ништо не знае од марксизмот и дека е само капиталистички идеолог каков што се формирал на Правно-економскиот факултет во Белград, во Кралството на Караѓорѓевиќите. За жал, тој си остана со тие знаења што ги стекнал на тој „кралски“ факултет, иако имал и можност и обврска да се запознае со сјајните Маркс-Енгелсови научни анализи што ќе му беа од корист и нему и на општеството. Вака, општеството остана со кратки ракави, а неговата слава на „човек од реформи“ била неоснована. Ниту една негова „реформа“ не успеа да го спаси „социјализмот“, што е доказ дека ако е нешто ненаучно поставено, тоа не може да опстане. Тука не помагаат ни оружени сили, ни какви било организирани општествено-политички акции. Ете ЈНА, иако според тврдењето на К. Глигоров, беше четврта вооружена сила во Европа – не успеа да го одбрани „социјализмот“. Кога го зборуваме ова, не е можно да се одбегне, а да не се цитира Енгелсовиот став од „Анти-Диринг“ за силата и економијата. Енгелс на 32 страници ја разгледува улогата на силата и економијата и на последната страница заклучува: „Економскиот развој без исклучок и незапирливо си го расчистувал патот…“, што наметнува пак заклучок дека силата против економијата не може ништо. „Социјалистичката“ економија поставена на капиталистичка основа (наемен труд, производство на разменски вредности, пазарно стопанисување), не можеше да се развива слободно и консеквентно на Маркс-Енгелсовите научни заклучоци ги заостри антагонизмите својствени на стоковното производство. При разрешувањето на истите не помогна ни ЈНА, ни сите „безбедносни“ сили што имаа улога и задача да го „штитат уставниот поредок на СФРЈ“. Пропадна „социјализмот“, се распадна СФРЈ како „решение“ на заострените антагонизми, се формираа „суверени и независни“ национални држави, а општествената состојба во нив, сепак, не се реши. Антагонизмите си останаа и понатаму да го имплицираат своето деструктивно дејство против општеството, што е видливо од секојдневните настани, дури и по осумнаесет години од пропаста на „социјализмот“.

Стоковната размена, вредносна размена на еквиваленти постои само таму, каде што средствата за производство се приватна сопственост. Постоењето на истата во општество, кое се определило за социјализам, индицира дека средствата за производство се приватни, а не дека таа е социјалистичка, како што тврдеше К. Глигоров во 1983 година, ширум тогашна СФРЈ. Секој стоковен производител до производот, кој му е потребен, доаѓа со посредство на пазарот. Каде е местото на општествената сопственост во стоковната размена! Таа исто така се преобразува во приватен разменувач и таква останува. Значи, не постои општествена сопственост во стоковната размена. Да дообјасниме. Во општество каде што постои вредносно производство „не е можно да се избегне трансформацијата на вредноста во капитал, а трудот, кој произведува разменска вредност, во наемен труд“, вели Маркс. Марксовото исправно учење го докажа историјата. Лениновото, погрешно, праксата го отфрли, само што е создадено погрешно мислење дека тоа е грешка на Маркс. Или дека капитализмот бил попросперитетен и поатрактивен од социјализмот, заради што народот го избрал истиот. Таквото тврдење е само површно гледање на работите, кое не може никако да се прифати и за научно, бидејќи не дава никаков аргументиран одговор. Ако таквиот „одговор“ биде прифатен за научно исправен се добиваат невозможни, парадоксални заклучоци.

Нема разлика, ниту имало, меѓу денешниот систем и „социјализмот“. Во „социјализмот“ постоеше некој привид на „подобро“, но тоа траеше додека не се заострија антагонизмите до неподносливост. Ако било „подобро“ во „социјализмот“, кој разумен човек бега од подобро? Тоа е само малограѓанско сентиментално размислување, кое нема никаква основа. Стоката и парите исти се и во „социјализмот“ како и денес, во пазарното стопанство. Тие се „разликуваат“ само кај Кардељ и К. Глигоров, кои изведуваа таков заклучок врз основа на непостојни премиси: општествена сопственост и самоуправување. Имено, К. Глигоров во предавањето на слушателите на Вишата воено-политичка школа во ЈНА, во 1983 год., тврдеше: „Социјалистичкото стоковно производство се разликува од капиталистичкото, бидејќи се базира на општествена сопственост и социјалистичко самоуправување“. Би се рекло точно тврдење. Меѓутоа, со што се докажува дека во стоковното стопанисување постои општествена сопственост и самоуправување? Секое стопанисување засновано на приватна сопственост доведува до заострување на општествените антагонизми, кои секогаш привремено се разрешуваат со насилство. Тоа е неминовен закон на секое општество засновано на стоковно стопанисување. Затоа сите, кои заговараат приватизација, од општеството прават џунгла во која владеат само дрскоста, бескрупулозноста, измамништвото, лицемерието и сè што може да придонесе за да на грбот на својот близок се качиш повисоко, а него го турнеш што подлабоко во општественото калиште. Залудни се заложбите за мир на сите такви „миротворци“. Таквото однесување е само дволичност која помага да се излаже оној, кој има повеќе човечност во себе. Ако тоа не го увидуваат „водачите“ и „учените“, тоа не значи дека не е така.

Глигоров, посебно, должеше на македонската јавност да ѝ објасни многу. Со неговото долгогодишно „искуство“ како федерален партиски и државен функционер, беше должен да објасни зошто не презеде за цело време, во договор со другите во Македонија, мерки за признавање на националните права на Македонците во соседните држави. Исто така, како претседател на Македонија во два мандата како можеше да прифати зачленување на Македонија во ООН под ПЈРМ? Па, сите „суверени и независни“ држави што останаа по распадот на СФРЈ беа нејзини поранешни републики. Како тие атрибути да се залепат само за Македонија? Дали Глигоров, или оној кој го барал тоа од него, не знаеле дека прават бесмислици? Зошто, како „човек од реформи“, како што вели самиот за себе, не успеа како „голем“ економист да ја среди македонската економија? Да, кога е човек „голем“ тој останува должен за многу одговори. Посебно, кога работи на буржоаски начин за кој не се потребни никакви знаења. Да, Титовиот „најголем“ економист не успеа да ја поштеди македонската економија од сите појави, кои се карактеристични за граѓанската, односно капиталистичката економија. Така е тоа кога „големите“ луѓе немаат време за марксизам. Ете, и Кирил Миљовски со завршен ветеринарен факултет, иако немал време за марксизам, станува првенец на економската мисла во Македонија, која се разбира, ја детерминира потполно капиталистички. Какви „генијални“ економски мислители, кои не прочитувајќи ништо од Маркс и Енгелс, одлично го знаат тоа што го знаат и малите „бизнисмени“ на Бит пазар.

Секој човек, кој застанува пред група луѓе како водач, би морал да одговара за сè она што ќе се случи за несреќа на групата, ако тој не ја зборувал вистината. Затоа ги „напаѓаме“. К. Глигоров, докторите на квазинауки, политичарите и свештениците. Не сме љубоморни на нивната „слава“ и „чест“, бидејќи тие се злосторнички. Не сме љубоморни на нивниот бонвивански живот, бидејќи е паразитски, со ништо оправдан, на товар на работниците. Не сме љубоморни на нивното знаење и интелектуални способности, бидејќи не се доволни да се прочита и разбере едно мало дело од Маркс и Енгелс, кога не стигнале веќе да го прочитаат и разберат „Капиталот“. Ги напаѓаме заради разликата меѓу нивните зборови и дела. Им префрлуваме за мафијашко однесување, кое го прикриваа со лажење, заведување и измама. А каде што не помагаше тоа користеа груба примена на сила или злоупотреба на медицината и судството и сè што им обезбедува да ги остварат своите приватни интереси. Перфидната употреба на мас-медиумите ги претвора во моќни лажачи на кои човек мора да им се спротивстави на секој можен начин и со сите можни средства. Во таа смисла го напаѓаме Глигоров, што никогаш не ја зборувал вистината, иако секогаш имал можност за тоа. Друга работа е ако тој не ја знае. Но, кога можат службени лица на „државата“ да напишат во решението со кое неосновано му го одземаат возилото на човек, кој работи во странство дека „незнаењето не го оправдува“; како може да се правда со незнаење еден кралски правник, Титов најголем економист и претседател на Македонија во два мандата. И општопризнат „миротворец“ и „спасител“ на истата. Спиноза вели: „Незнаењето не е аргумент“. Но, за оние кои изигруваат лумени и мислители, а не за обичниот граѓанин.

Jean-Paul Marat nacuno

Jean-Paul Marat nacuno postaveno? Ciro da go spasi socijalizmot? Odprilika na taa recenica prestanav da ti go citam komentarot. Okolu vtorata recenica prestanav da go citam i tekstot koj go komentirash. Pocetnici i ti avtorot.

Од 1947 до 1952 Глигоров имал

Од 1947 до 1952 Глигоров имал позиција на помошен министер за финансиско планирање. Во 1962 бил избран за член на ЦК СКЈ. Од 1969 до 1978 бил член на претседателство на ЦК СКЈ. Држејќи ги овие функции, Глигоров има историска одговорност за пропаста на социјализмот, кој во суштина се практикуваше како пазарен социјализам. Посебно затоа што и Глигоров како и Кардељ, обајцата го фаворизираа „социјалистичкото стоковно производство“, кое придонесе за општествено-економски ексцеси.

Важно е што ти, Мара,

Важно е што ти, Мара, ѕингоиден левичару, се залагаш за национал-социјализам и притоа клечиш на колена пред пастирот. Шеста година гази пастирот, а ти, ѕингоиду, и понатаму се занимаваш со сукњата на Шеќеринска и со гревовите на Кардељ и Глигоров од 1947-1952. А кај си ти, во денешницата, латасоиду? Кај е твоето време, твојата одговорност? Во подметнувањето кукавички јајца во името на национал-социјалистичкиот груевизам?! Кога те гледа човек тебе, Мара, почнува да се сомнева во исправноста на старото: Полош од комунистот е само антикомунистот. Ми се чини дека ѕингоидниот комунист (= национал-социјалист, т.е. груевист) сепак е најлош.

Мара, стварно си јак врмовец

Мара, стварно си јак врмовец (ванчомихајловист?):
„Со неговото долгогодишно „искуство“ како федерален партиски и државен функционер, беше должен да објасни зошто не презеде за цело време, во договор со другите во Македонија, мерки за признавање на националните права на Македонците во соседните држави. Исто така, како претседател на Македонија во два мандата како можеше да прифати зачленување на Македонија во ООН под ПЈРМ?“
Мара, што не побараш работа кај Хорхе Иванов, уште еден младинец-комунист со ум на тинејџер (налик на твојот, Мара)? Или кај Бранислав Серкоњац, уште една марксистичка величина преобратена во полетен национал-социјалист? Иди, бе, Мара, гради вмровска кариера, не се шуткај по предавнички западоидни сајтови!

Прероден

Прероден глупак,

Национал-социјализам противречи на социјализмот. Социјализмот го укинува национал-социјализмот. Пастирите и полтроните се искоренуваат со укинувањето на разликата меѓу производствениот и непроизводствениот труд. Конкретно: во автентична демократија не постојат професионални политичари.

А сега да те разобличам како злонамерен импутирач за тоа како јас сум „ѕингоиден левичар“:

Меѓу Основните програмски определби на СПМ стои „изградба на демократски социјализам ... со целосна економска и политичка демократија“ за да потоа се вброи и како основна програмска определба и „развојот на пазарно стопанство ... и здрава животна средина“.

Овде очигледно постои противречност, бидејќи ако СПМ стои зад изградбата на демократски социјализам, не може да развива пазарно стопанство. Ниту пак развојот на пазарно стопанство оди рака под рака со развојот на здрава животна средина. Целосна економска и политичка демократија би подразбирало укинување на наемниот труд, поопштествување на средствата за производство и земјата, и директна партиципативна демократија на национално нивo. Развојот на пазарното стопанство пак подразбира промовирање на општествени односи во кои трудот на вработените се потценува, одн. не се плаќа во целост, што противречи на развојот на демократски социјализам во којшто наемнината како форма на плаќање, одн. потплаќање на вработените се укинува и се воспоставува систем на плаќање на целата вредност на вработените.

Прероден глупаку, од сите протуви (да употребам српски збор за да изразам поим за најлош човек) најопасен е оној, кој не е свесен дека е протува.

Мара, сфативме, ти на Окно

Мара, сфативме, ти на Окно бараш работа од преродбениците, национал-социјалистите (они строго го надзираат Окно, така што не ти е лоша тактиката, Мара). Нежно си се сакате, ти, ѕингоиду, и груевистите. колку си жесток, Мара, кон остатоците од левицата во мк, толку си нежен кон сегашниве господари. Браво, Мара, беден опортунисту!

Невработен, идеолошки

Невработен, идеолошки слепецу, реков преродениот глупак импутира злонамерно, а ти го издаваш! Велиш, кон остатоците од левицата во мк! Нема такво нешто. Штом Глигоров, вчерашниот „комунист“, остана рамнодушен пред пустошот на приватизацијата, треба ли да очекуваме феникс од остатоците на гнилата социјалдемократија?! Беден роб на идоли!

Вечерва нема да спијам...

Вечерва нема да спијам...

Многумина денес се радуваа За

Многумина денес се радуваа

За смртта на Глигоров - веста кај македонците во Австралија беше примена со голема радост за неправдата што ја нанесе во Обединетите нации кога Македонија беше примена под името Поранешна Југословенска Република Македонија, и за коментарот кога Глигоров спомна дека македонците немаат никаква поврзаност со Александровата цивилизација. Многумина денес се радуваа во стил на демострантите на Арапската пролет кога беа сменети некои диктатори меѓу кои и Мубарак. Меѓу коментарите беа и следните: Да се погреба зад Карпатите, не заслужува државна почест, да се погреба во Белград, да не се поставува восочна фигура во музејот дека ќе ја срушиме, бараме извинување од Македонската Обединета дијаспора за неправдата што ја направија при доделувањето награда на човекот кој нема заслуга, тоа се само пораките од македонците во Австралија за човекот кон кој немаат почит.

http://informator.ws/avstralija/26196-pocina-kiro-gligorov.html

Мара, ти си прославен

Мара, ти си прославен коментаторски гзолижач на власта. Чудно, стварно, како досега не те вработија да бидеш и службен штапски стаорец?! Или си на специјални задачи?! Од вакви кретенски левичари ко тебе, Мара, левицата уствари и наеба, жестоко, во 20 век, на многу фронтови. Најлошото во левицата ти го олицетворуваш: кукавичлук („јаки се националистиве, седи мадро или придружи им се’) придружен со клупски (секташки) фанатизам кој повеќе служи да ги разбие сопствените редови отколку да им наштети на моќните. Прав левичарски дебил, со еден збор - Мара!
П.С. Те правда само ако си на специјална задача, убацен од наци гнсите; инаку твојот дебилитет е непростлив

Контрапамет, јас напишав

Контрапамет,

јас напишав погоре:

„Национал-социјализам противречи на социјализмот. Социјализмот го укинува национал-социјализмот. Пастирите и полтроните се искоренуваат со укинувањето на разликата меѓу производствениот и непроизводствениот труд. Конкретно: во автентична демократија не постојат професионални политичари.“

Прав левичарски дебил е секој што мисли дека социјализмот не претпоставува укинување на разликата меѓу производствениот и непроизводствениот труд.

Не сум на никаква специјална задача. Не јадам леб од тоа. Глигоров јадеше, но само сереше. Исто како што после него серат идолопоклоници како тебе.

Денес се симнаа завесите и

Денес се симнаа завесите и црвената капиталистичка класа од прикриено премина во отворено владеење. А светската капиталистичка класа ја прифати штом таа го отфрли „социјализмот“ и се откажа од „комунизмот“. А оној кој треба да ги „праша“ разните Глигоровци, Гошевци, Тупурковци, Титовци и слични бандити, за „социјалистичкото стоковно производство“, за „неотуѓивите самоуправни права на производителот“, за „чесно стекнатите милијарди“ и др., е премногу уплашен, преплашен до вкочанетост и неспособност за каква било акција. Да! Таков го направија „комунистите“ – да ја сака „својата“ држава, иако таа не го сака него; да верува во политичарот, иако тој не го смета за човек; да ја почитува власта, иако таа не го почитува него. Марксизмот ќе го ослободеше од сето тоа, меѓутоа „комунистите“ не го сакаа. И под маската на „марксизам“, тие даваа секакви искривувања, отфрлувања и малограѓански сфаќања за општеството и општествените односи. И наместо народот да бара одговорност од истите, поради тоа што го маткаа со „социјализам“ 40 години, тој и денес дозволува да го водат истите тие и такви морони. Се разбира – во општествена катастрофа.

До денес ниту еден

До денес ниту еден протагонист на „социјализмот“, иако имаа доста време, не се јавил во јавноста да каже каде беше грешката со него, како тоа не го увидоа и како дозволија да пропадне? Ете, К. Глигоров пишуваше мемоари, Тупурковски „историски“ книги, Ги има уште многу, кои можат многу нешто да кажат за „социјализмот“, бидејќи тоа е „историски“ случај без преседан, и тоа не смее да помине без широко и темелно разгледување. „Научниците“ не смеат да се однесуваат како ништо да не се случило, или се случило „токму она што треба“ – што не е точно.

Може да се замислат

Може да се замислат „миротворците“ како Глигоров, Кљусев, Мирчев и сите слични, кои од една страна, што е пофално за нив, ги криеја регрутните списоци на младинците за да не бидат мобилизирани за бесмислената војна во Хрватска, а од друга страна заговараат приватна сопственост над средства за производство, во спорењето за која „брат убива брата“. Приватизацијата е „можна“ само во еден случај – сите оние кои не можат да се изборат за приватна сопственост да се сложат да бидат робови на имателите на истата. А како постапуваат „браќата“ кога се робови, тоа е видено досега во историјата. Останува, значи, да се обезбеди на секого приватна сопственост од секое средство за производство. Но, тоа не е можно од ред причини. Единствен излез е – општествена сопственост над средствата за производство, со задолжително работење на сите работоспособни во производството и, врз основа на тоа работење – учество во потрошувачката на производите за подмирување на егзистенцијалните потреби. Логиката го наложува тоа решение. А секое друго, какви денес заговараат политичарите и „учените“ од квазинауките, е бесмислено, тоа го турка светот во пропаст. Ако некој тоа не може да го види не треба да изигрува никаков лидер, ниту пак да има било каков пристап до децата и студентите. Може некој да биде навреден од ова што е наведено, но таквите нека земат јаже и да се обесат на првото дрво, бидејќи на нивна совест лежат сите жртви во војни и социјални судири од 1941 година до денес. А такви жртви се продуцираат секојдневно, затоа што „логиката“, суштината, законитостите и „движењето“ на приватната сопственост се такви секогаш, без исклучок, да продуцираат беда за мнозинството, и сјај и раскош за криминалното малцинство, кое се наметнува над мнозинството како власт, водачи, бизнисмени и сл. Од бедата се раѓаат сите неволји – болести, незнаење, криминал, дрога, религиозност, очај, проституција и револт. Сите кои пледираат за приватна сопственост се, или шарлатани, кои случајно дошле до „научничка“ диплома без да видат што е наука, или превеани мафијаши, кои по секоја цена сакаат да се видат себеси над сите. И во двата случаја тие повеќе заслужуваат да бидат пациенти на некоја болница за умоболни, отколку да бидат водачи на народот.

Неволјите од кои народот

Неволјите од кои народот денес страда, се директна последица на квазикомунистичкото владеење. Меѓутоа, многу луѓе со тага на тоа и пожелуваат пак да се вратат „комунистите“. Ако тоа се случи дури тогаш ќе биде катастрофа. Чудна е кратковидоста кај луѓето во поглед на општествените проблеми. За нив виновници, за сè ова што се случува денес, се Туѓман, Милошевиќ, Изетбеговиќ, Георгиевски и др. Во својата кратковидост, тие не се прашуваат како може да се случи да се омасови нешто против што историјата го дала својот суд – усташтво, четништво, пробугарско расположение и слични национализми. А квазикомунистите беа најголеми противници на сите тие движења. И што се случи? Под директна власт на квазикомунистите оживуваат, растат и победуваат политичките движења и организации, кои беа поразени во Втората светска војна. И кој се наоѓа на нивно чело? Пак, „комунистите“. Која е разликата меѓу Туѓман како Титов генерал, и некогашен претседател на Хрватска? Никаква. Меѓу Глигоров како Титов економист, и некогашен претседател на Македонија? Пак, никаква. Што проучиле тие луѓе, па да морале да направат толкав пресврт во нивното политичко војување? Ништо. И со кој резон и денес ги „избираме“ и „славиме“? Со никој.

Признавање на Македонија,

Признавање на Македонија, грчко противење, бугарско тактизирање и безброј други бесмислици служат само да им ги замачкуваат очите на луѓето да не ја видат вистината. А вистината е следнава – ако се продолжи со сегашнава „политика“ во економијата, Македонија ќе остане без население, затоа што сите работници и техноинтелигенција ќе избегаат во странство или ќе земат бугарски пасоши. Според тоа, народе, немој и понатаму да се интересираш за политика и слушај ги твоите Глигоровци, Црвенковци, Мирчевци и Тупурковци, кои трчаат по светот и „лобираат“ за Македонија. Од тоа се живее. Се разбира, оние кои лобираат. Но, затоа многу мајки ќе проплачат, затоа што „лобистите“ живеат од крвта и потта на нивните синови. Колку им е потешко на работниците – толку им е поубаво на политичарите. Старата вистина констатирана од народот со изреката „додека на еден не му се стемни – на друг нема да му осамне“, се трансформира во „колку повеќе на мнозинството му се стемнува, толку повеќе на малцинството му осамнува“. Да, во антагонистичките општества засновани на приватна сопственост над средствата за производство тоа е така.

Она што го исквачија

Она што го исквачија „комунистите“ на власт и се испили кон крајот на ХХ век, тоа не можеа да го направат ни ЦИА и КГБ заедно со сите оружени сили – едновремен пад на „социјализмот“. Тоа беше резултат на објективните економски законитости кои, за жал на Киро Глигоров, и во „социјалистичкото“ стоковно производство делуваат против волјата на сите. (Колку се смешни сите оние „научници“, кои заговараат „почитување на економските законитости“ што е исто како и физичарот да зборува: „Не скокајте многу високо, почитувајте ја гравитацијата“. Со таа разлика што гравитацијата е природен закон, а економските „законитости“ не се.) Всушност, сите сакаат од другиот да ги „почитува“, а самиот тој настојува да го искористи тоа што ќе произлезе од нивното „почитување“. Тука е таа „невидлива рака“ на А. Смит, на која Хајек толку се радува, а која не е ништо друго, туку „анархија на граѓанското општество и основа на модерниот јавен поредок“. Само што денес „невидливата рака“ на Смит се претвора во многу забележлив тресок на „US-Navy“ и „Air Force“ насекаде и по секого, кој не го почитува приватниот интерес на американскиот капитал. Тука, сепак, не помага ништо тоа. Единствена помош на тој капитал е само тоа што му помагаат самите работници, барајќи „поголеми плати“ и консеквентно задржувајќи го стоковното производство и понатаму. Од моментот кога работниците ќе станат свесни дека со тоа не постигнуваат ништо, од тој момент „господинот Капитал“ сакал-не сакал ќе мора да оди в музеј.

Мара, безнадежно си глуп, туп

Мара, безнадежно си глуп, туп и крут. Оној, па, што се бави со тебе, е дабетер, мора да се признае. Ради тоа, машко, те оставам, ролај само, слави го груевизмот, анализирај го социјализмот, кажи ни фино кај погрешија Киро Топурко Тито Лазо итн.

Контрапамет, контраргументи

Контрапамет,

контраргументи сакам да прочитам од тебе, или ќе продолжиш со ејакулациите на ад хоминем коментари?

Мара е Боки 13 на

Мара е Боки 13 на социјалистичката мисла! Архи кретен! Асли дебил! До тој степен е треш што развеселува и предизвикува фановска возбуда:)
Пиши, Мара, аха, објасни ни каде се заеба македонскиот социјализам? Толку страсно ги очекувам твоите разјаснувања што дури и заборавам колку ми е прекрасно сеа, под пастирот, кој конечно ги сјеба и транзиционите и комуњарите, па на раат можеме да се заебааме и анализираме...

И, викаш, Мара, во штабот ти

И, викаш, Мара, во штабот ти забранија да го спомнуваш светото име на пастирот? Или чисто трепетна самоцензура, рука ти задрхтуе пред помислата на пресветлиот и на неговиот (т.е. твој) татко од земјата Ѕинголенд? Ако, ако. Не треба залуд да се троши името господово. Само нек ни е пастирот, а со комуњариве ќе се расчистиме, кад-тад.

Веќе објаснив, но твојата

Веќе објаснив, но твојата шуплива черупка е предозирана од идеологијата на гнилата социјалдемократија.

Еј, Мара, ај објасни ми како

Еј, Мара, ај објасни ми како комуњариве (лажни, ти си прав) ја сјебаа транзицијата и им ги скембаа парите пред нос на јадните преродбеници? без лова останаа, богати, бата САше, кумовите, Миле, Горде, Керим, Ѕинго, Латас, да не набрајам!
Мара, објасни ми, те молам, и за ТАТ и за човекот во тренерки и загубари и све, кажи колку му е тешко на мали Грујо, како све почиње од почеток?! Ти да не си, Мара, тешко ќе сфатевме колку суров беше социјализмот, а колку макотрпно е сеа да се исправат сите срања на комуњарите и транзиционите...

Еј, Мара, објасни му исто на

Еј, Мара, објасни му исто на народот дека Бранко во периодот 92-98 потроши 15 милијарди евра (у свој џеп, од тренерка), а Грујо од уста одваја и за период 2006-2012 потрошил јадни две-три милијарди, а све друго бутал у гладна уста, увезуел струја, градел споменици (неградени 50 години) и слични добродети... Објасни му, Мара, чесен комунисту, на заблудениот мк народ, чисто да си знае и да си заврзе у крпче...

Најдраг Некултурно Циничен

Најдраг Некултурно Циничен Стечаец,

Јас сум прав комунист зашто моето левичарство се засновува на Маркс-Енгелсовите дела. Глигоров е изрод на малограѓанскиот социјализам зашто неговото левичарство се засноваше на идејата за „социјалистичко стоковно производство“.

„Во онаа иста мера во која стоковното производство, сообразно со своите внатрешни закони, се развива кон капиталистичко производство, во таа иста мера законите за сопственоста, својствени на стоковното производство, се преобратуваат во закони на капиталистичкото присвојување‘‘ (Маркс, Капиталот).

На тој начин, гнилите социјалдемократи и преродбениците се гозбат од социјалистичкиот леш на Глигоров.

Што се однесува до

Што се однесува до парадоксите во македонската политика!

За неолибералистичките социјалдемократи предложените измени во Законот за експропријација претставуваат лоша порака до потенцијалните инвеститори, додека марксистичката ВМРО-ДПМНЕ полека но сигурно продолжува со остварувањето на некои од основните барања на Комунистичката партија на Германија од 19-ти век. Претходно Министерството за марксистичка култура го одби барањето на уредниците на списанието „Филозофија“ за негово финансирање што е на вистинска линија со марксизмот за укинување на разликата меѓу интелектуалниот и мануелниот труд, а пак овие денови министерот за јавни финансии ни објаснува дека „со Предлог – законот за дополнување на Законот за експропријација се предвидува, доколку фирма која врши производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, не ја извршува дејноста од јавен интерес, државата да и’ ја одземе лиценцата за работа и истата да се даде на друга фирма“. Пријателите на Народот се надеваат дека ВМРО-ДПМНЕ многу поскоро ќе се преобрази во социјалдемократска партија (со онаква идеологија пред Првата светска војна) отколку СДСМ тргнат по својот Млечен Пат во потрага по загубената петокрака.

Но, ништо понеточно не може да биде од тоа дека СДСМ и ДПМНЕ се натпреваруваат во парламентот во одбрана на јавниот интерес. Кој со категориите на капиталистичкиот начин на производство го гради македонскиот општествен систем, тој ги разединува неговите граѓани. Тој тогаш секој член на општеството го преобразува во одвоено општество, а потоа овие одвоени општества истапуваат едно против друго. Јавен интерес не може да постои во услови на пазар. Според тоа, не само што владата на Груевски треба да врши експропријација во рамките на самиот капиталистички начин на производство, туку да го укине капиталистичкиот начин на производство коешто го потчинува јавниот интерес на интересот на приватносопственичката класа. Со тоа ќе престанат и парадоксите на македонската политика.

Мара, извини, но горните

Мара, извини, но горните коментатори се во право кога се подбиваат со тебе. Јадно звучиш, дечко, но и опасно, во сета размавтана крутост, глувост и глупост! И обиди се барем малку да размислиш: ти овде, меѓу коментарите по повод смртта на Глигоров и одличниот текст на Васил Мицковски, звучиш како тие застрашувачки (македоноидни) хиени од Австралија, исто наведени погоре... Звучиш, Мара, во целата своја неверојатна дезориентираност, како некој луд комунист кој среде фашистичките прогони - да речеме, годината е 1933, а местото е Берлин - ги проколнува социјалдемократите, комунистите и другите левичари, затоа што се пизди, слабаци итн. Да, они стварно беа слабаци, да, стварно беа потепани од безмилосните фаланги на Хитлер, но, Мара?! Чукни со главата, дечко! Кого треба да го пцуеш и колнеш?! Размисли! ПУважи го контекстот! Покажи малку почитување! Малку помалку ѕверскост! (Иако, факт е, пастирот добро ве извежбал, да светкате со песјаците, на крв...)

Добронамерна будала, немаш

Добронамерна будала,

немаш сенс за логика за да ја воочиш врската меѓу Глигоровото „социјалистичко стоковно производство“ и гнилата сувереност на државава. Оттука оправдано да се коментира историската одговорност на Глигоров! Да не беа вчерашните комуњарски малограѓани немаше денес да ги имаме гнилите социјалдемократски бубашваби и преродбените неолибералисти.

Повторувам за Добронамерната

Повторувам за Добронамерната будала,

Неволјите од кои народот денес страда, се директна последица на квазикомунистичкото владеење. Меѓутоа, многу луѓе со тага на тоа и пожелуваат пак да се вратат „комунистите“. Ако тоа се случи дури тогаш ќе биде катастрофа. Чудна е кратковидоста кај луѓето во поглед на општествените проблеми. За нив виновници, за сè ова што се случува денес, се Туѓман, Милошевиќ, Изетбеговиќ, Георгиевски и др. Во својата кратковидост, тие не се прашуваат како може да се случи да се омасови нешто против што историјата го дала својот суд – усташтво, четништво, пробугарско расположение и слични национализми. А квазикомунистите беа најголеми противници на сите тие движења. И што се случи? Под директна власт на квазикомунистите оживуваат, растат и победуваат политичките движења и организации, кои беа поразени во Втората светска војна. И кој се наоѓа на нивно чело? Пак, „комунистите“. Која е разликата меѓу Туѓман како Титов генерал, и некогашен претседател на Хрватска? Никаква. Меѓу Глигоров како Титов економист, и некогашен претседател на Македонија? Пак, никаква. Што проучиле тие луѓе, па да морале да направат толкав пресврт во нивното политичко војување? Ништо. И со кој резон и денес ги „избираме“ и „славиме“? Со никој.

Ама ради тоа ти го избираш и

Ама ради тоа ти го избираш и славиш пастирот. Згора на се’, и за тоа е крив комунизмот, т.е. Тито, Кардељ и Глигоров! Можете, Мара, со пастирот да потепате пола Македонија (а на тој пат сте) и па нема да бидете криви! Крив е комунистот! Јака историска логика, нема што! Пасирот-дерле е невин! Ко Милошевиќ и Туѓман! Он е транзициска жртва! Ко и Мара! Освен тоа, Мара е плус и дебил, па да му простиме и за тоа... Боже, каков морон, каква неодговорност!
Имаше право некој погоре: кој се бави со Мара - дабетер е дебил! Ради тоа, добра ноќ и од мене, пастирова овцо!

Добронамерна будала, јас не

Добронамерна будала,

јас не славам никаков пастир. А кој се бави со трули социјалдемократи - стига до фашизам. Како? Кој со категориите на капиталистичкиот начин на производство го гради македонскиот општествен систем, тој ги разединува неговите граѓани. Тој тогаш секој член на општеството го преобразува во одвоено општество, а потоа овие одвоени општества истапуваат едно против друго.

Интересно е зошто

Интересно е зошто Добронамерната будала и сличните на неа не се запрашаат: „Ако пропадна социјализмот, како е можно во политиката и науката да останат истите луѓе како и порано?“ Не. Луѓето не сакаат да се замерат со „свои“... паразити. Виновни им се ЦИА, САД и вонземјани, само не и овие домашни дембели. Ете, луѓето не гледаат дека веќе 20 години ги маткаат со „суверена и независна“ Македонија, која е толку „независна“ што под свое име не може да се зачлени во ООН. Дваесет години со „признавање“ и „прием во НАТО и ЕЕЗ“ политичарите го маткаат народот и се надеваат дека вечно ќе можат така. Но, зарем треба да поминат 30 до 40 години со овие лаги, па работникот да увиди дека не е слободен, ниту во најсуверената и независна национална држава, ако во неа се задржува стоковно-паричното стопанисување.

До ЦК СКЈ Лазар Гогов упатува писмо во 1983-та во кое пишува: ,,Кој е во право, Киро Глигоров или Маркс?‘‘. Зошто прашува и што прашува тоа ќе го изоставам за да не бидам предолг. Не му одговориле. На истиот К. Г. кога веќе се пензионира му напишал две писма и му ги однел во кабинетот во ГТЦ каде му ветиле: ,,Обавезно ќе одговори!‘‘. До денес уште не е одговорено. И немаше да одговори, бидејќи никој не сака својата вина да ја признае што не кажал нешто како треба, иако знаел дека треба правилно да каже, односно научно.

не сакаше попови, вмровци и

не сакаше попови, вмровци и крст на неговиот погреб, и доби ракета како докажан антихрист и комунист пред и се. мене на муслиманска надгробна плоча ми личи. или можда е подобро се се само крст не. ѓаолот бега од крст не???

Гелевски, место да користиш

Гелевски, место да користиш двеста псевдоними за да го дискредитираш Мара, пробај да употребиш еден и здраворазумски да му реплицираш на човекот. Знам, ти и здрав разум не одите заедно ама, сепак, пробај. Да се посмееме малку.

Здрав разум кај тебе и

Здрав разум кај тебе и Гелевски нема. Ако ти си тапа за логика, тој е злонамерен паралогист. Избира помало зло од поголемо. Иако и помалото се покажа како чудовишно.

Pocivaj vo mir Pretsedatele

Pocivaj vo mir Pretsedatele

И покрај сите напори, сеуште

И покрај сите напори, сеуште постојат лица со посебни потреби, кои ниту еден општествен систем не бил и нема да биде во можност да ги згрижи. Портелов, сигурно нај малку. Обиди се на некоја друга врата човеку. Давиш!!

Леви со македонскиот, наместо

Леви со македонскиот, наместо „нај малку“ се пишува „најмалку“. Посебна потреба изгледа ти имаш па да те вратат во основно одделение да научиш барем правопис, а за твоето идеолошко слепило и идолопоклонство кон политичар како Глигоров кој има индиректна историска одговорност за експропријацијата на богатството на мнозинството од страна на неговите „работнички директори“, пропагирајќи го „социјалистичкото стоковно производство“ ширум СФРЈ во 1983 година, не постои таков еликсир, затоа што би погинал од срам во најдобар случај, секако, спасувајќи не‘ нас за кои важи латинската поговорка: „Vitam impendere vero“.

Aliena ne cures. Abusus

Aliena ne cures.
Abusus optimi pessimus.
Errare humanum est, sed in erore persevere demantes.
Qui ventum seminat,turbinum metet.
Vox populi, vox dei.
Veritas amara est.
Sapienti sat.

Политиката на Глигоров беше

Политиката на Глигоров беше всушност политика на непосредни цели, а не на политика на вредност/принцип/доблест. Ниту делувањето во независна Македонија не го спасува Глигоров од историска одговорност! Како претседател, одн. врховен командант на вооружените сили на државата, можеше да ја спречи приватизацијата, но што да се прави, кога Глигоров никогаш не беше политичар од принципиелност. Вчера малограѓански комунист (преведено неписмен марксист), денес нем контемплатор над трагичната експропријација. И вечна битанга.

Sapienti sat.

Слични содржини

Општество / Свет

ОкоБоли главаВицФото