Фејсбук воведува опција UNLIKE за корисниците во Македонија

01.02.2012 15:29
Фејсбук воведува опција UNLIKE за корисниците во Македонија

Фејсбук одлучи да попушти пред големиот број барања на корисниците од Македонија да се воведе можност за користење на опцијата „unlike“, екслузивно дознаваат Пара вести.

Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, изјави дека моментално не постојат технички можности сите корисници во светот истовремено да го користат копчето „like“ и „unlike“, па затоа во наредниот период тоа ќе им биде достапно само на корисниците од нашата земја. Од успехот на оваа опција во Македонија ќе зависи и глобалното проширување на можноста.

Цукерберг објасни дека Македонија е избрана за овој експеримент, зашто оттаму пристигнале најмногу барања за опцијата.

„Анкетата спроведена меѓу корисниците на Фејсбук во Македонија покажа дека 86% од корисниците сметаат дека „unlike“ опцијата е најдобрата иновација која ја вовел сајтот, додека другите 12% сметаат дека тоа е „добра вест“. Само 2% од испитаниците сметаат дека нема потреба од оваа опција“, истакнува Цукерберг и напоменува дека неговата компанија секогаш на прво место го става корисникот.

Најавата на „unlike“ опцијата најмногу ја поздравија претставниците на политичките партии, кои истакнаа дека на тој начин ќе можат да кажат што мислат за програмите на другите политички партии пред и за време на изборните кампањи.

Од друга страна, тинејџерите се радуват дека сега за прв пат јасно ќе можат да се изјаснат за фотографиите на своите пријатели.

инспирирано од njuz.net

Ова е право за у "боли

Ова е право за у "боли глава". "Unlike" веќе има на фејсбук. "Dislike", м? Само напред авангардо! Супер сте! кисче