План „Б“

18.02.2012 11:37
План „

Бизмарк го сметал Балканот како последното од сите мочуришта. Ние на Балканот никогаш не сме биле задоволни со ваквите мислења и барем со одличните филмови, произведени на Балканот и од самите Балканци, секогаш успешно сме ги демантирале. Но, изгледа дека сразмерно на тоа колку успеавме како актери и режисери, толку потфрливме како гледачи. Со последниот филм на Анџелина Џоли, кој е всушност нејзин прв филм како режисерка, изгледа пак ќе се покажеме како лоши гледачи! Филмот допрва треба да стигне во Македонија, за да го погледнеме, но уште од сега можеме да констатираме дека овој филм ќе придонесе да се зборува за нашите мали земји, повеќе од сите реклами со големи пари, објавени на големите телевизиски станици!

Берлин, Бизмарк, Бред Пит, Белград – тоа се само некои клучни зборови кои почнуваат со буквата „Б“ и кои можат да ни ја опишат неделава што измина и да ни се римуваат со насловот: План Б! Иако секој би помислил дека насловот се однесува на некоја голема државна стратегија, јас, сепак, ќе се задржам на Анџелина Џоли. Имено, после изречените зборови во Берлин, од страна на Ангела Меркел (единствената Германка која по моќта му се приближила на Бизмарк), за тоа што треба да направиме за ЕУ и за НАТО, некој можеби и би требало да се занимава и со тој план „Б“, после самитот во Чикаго. Но, тоа се задачи за некој друг. За некој кој воопшто имал план „А“. Ако, пак, планот „А“ е, всушност, планот на АА, Али Ахмети, како после Букурешт, кога ја спаси целата политичка класа, со распишување предвремени избори. Тогаш и другите освен него, иако се на челни државни позиции, треба, ете како и јас, да се занимаваат со „Б“ планови – но, само за филмови!

Имено, јас предлагам, во случај по некоја основа да се здружат сите лоши гледачи на филмови на Балканот и да успеат да докажат дека Анџелина само крвнички ни го оцрнила целиот ни Балкан и ни го прикажала без медот во него, тогаш така, здружено, да издејствуваме второ продолжение на филмот, во кој Балканот ќе се прикаже што е можно помедено! Тој филм би требало да биде целиот проткаен со некаков среќен тек и задолжително со еден холивудски среќен крај. Филмот би требало да се снима на тајна локација, со што би се избегнала меѓусебната балканска неусогласеност за сè, па и за последователните превирања за тоа која е, всушност, таа среќна земја на Балканот?

Тука е и шансата и предноста на Македонија. Оти, која друга земја би била потајна локација за снимање на еден среќен филм, од првата земја по мизерија?! Никој не би можел да погоди дека токму во Македонија е можно да се сними тој филм. Во меѓувреме, за да се избегнат сите законски ограничувања и да може филмскиот тим ефикасно да си работи, ние можеме да им определиме и соодветен човек, како актуелниот директор на филмскиот фонд, Башевски, кој ете, без мува да го лази, објавува резултати на уште еден годишен конкурс, после оние контроверзи од ланскиот!

Чинам дека на светската ѕвезда ѝ должиме да ѝ предложиме уште поразработен план за вториот дел, поради самиот факт што таа е најфамозната жена со која кога било се сретнал премиерот Груевски. Од машките, тоа е веројатно Иги Поп, со кого премиерот има и слика, што ете, за жал, не беше можно и со Анџелина! Чуден е мотивот за моќ... кој да го знае, некој можеби сакал да стане моќен, само за да се слика и да се сретне со вакви ѕвезди!

Но, заради целосната уметничка слобода, а и за да нема никакви продукциски ограничувања, потребно е нешто повеќе, нешто што воедно би можело да ни помогне и за државниот стратегиски план „Б“. Тоа би било уникатно нешто, по кое би биле запаметени во целата политичка историја на човештвото. Предлог до актерката да бидеме држава посвоена од нејзина страна! Така, оваа општествено одговорна актерка, позната и по посвојувања, би имала прилика да посвои една цела држава, да го сними филмот поевтино отколку било каде во туѓина и сите ние да бидеме малку како оној Башевски и некои други, малку над законот!

Освен непознатото чувство да бидеш над законот, некои дури би можеле да изберат и да се претставуваат секаде по светот, најлегитимно, како посвоеници на мајката на Александар Македонски! Не знам точно колкави се буџетот и годишните приливи на парот Бранџелина, но сигурно им е пореален од нашиот државен буџет. И лаик може да препознае дека нашите буџети се виртуелни, штом во толкав процент се пренесуваат од година в година! И најважно за нас, граѓаните, помалку учествуваме во нивните приливи, отколку сега и тука, со рамен данок – рамно три пати одданочувани!

На крајот, да не биде дека сме го заборавиле Белград, за чија светлина го помрачивме Скопје и на денот на влубените, да кажам дека неделава таму имаше уште една средба од бајките. Фатмир Бесими, освен нормална и легитимна средба со колегата, министерот за одбрана на Србија, се сретна и со началникот на Генералштабот на Армијата на Србија, генерал-потполковник Љубиша Диковиќ. Тоа е истиот тој човек кој внатресрпски е контестиран за таа позиција поради неговата улога во текот на војната во Косово.

Беше политички многу исплатливо за генералот да се сретне со министер на соседна земја, кој патем е и Албанец. Но, за било кој Албанец, дури и да е министер, нема цена по која би можело тоа да му се исплати, ни нешто навидум вредно, како да речеме, последните две вукви „Б“ во овој напис: бурекџилница среде Белград!

Чудно е што за ова средба со генералот на српската војска, кај нас можеше да се прочита само на маргините на вестите, а за откажаната средба на истиот министер со генералот Агим Чеку, на Косово, уште во насловите се обвини снегот. При толку неисчистени улици и градови во Македонија, нема потреба снегот да се спомне во ниту еден наслов. Тој е тука, секаде околу нас. Освен ако снегот во насловот не е како во природата – прикрива нечистотии, но открива траги!

Извор: Фокус

И шо сеа?

И шо сеа?

Сеа сакаме ББББББББУрмали

Сеа сакаме ББББББББУрмали џамијаааааа, откако ги срушивме темелите преку ноќ и без дозвола почнавме да ја градиме АААААААраста џамија.
P.S. за оџа го сакаме лицето рр - РАМАДАНЧО РАМАДАНОВ.

ОкоБоли главаВицФото