Скопје и аеродромот „Александар Велики“ ќе се поврзат со запрежна линија

21.02.2012 14:44
Градските власти со овој потег се надеваат дека ќе се зголеми туристичкиот интерес за Скопје, но и Македонија

Скопскиот аеродром „Александар Велики“ и градот Скопје од 1-ви март ќе бидат поврзани со нова запрежна линија.

Според градоначалникот Козе Трајановски, веќе била ангажирана приватна запрежна компанија, која била едиствената пријавена на тендерот кој, пак, пред неколку месеци тајно го објавиле градските власти.

Според Трајановски, запрежните коли ќе возат во зависност од распоредот на летовите, односно нема да има точно време на поаѓање на истите.

За оваа запрежна линија ќе има неколку станици.

Запрежните коли ќе мораат да исполнуваат минимум стандарди, како што се четири тркала, добро ухранет коњ и најмалку еден управувач со возилото.

Во есенските и зимските месеци, како и во врнежливите денови, превозниците се должни да обезбедат покрив за патниците.

Од безбедносни причини, во запрежните коли нема да се дозволува пушење.