Забележано чудовиште и покрај Вардар?!

17.05.2012 12:23
Наводното чудовиште кое е забележано на кејот на Вардар

По веста на британскиот национален сервис Би Би Си за можно чудовиште во Преспанското езеро, помалку познатиот македонски сервис Ми Жи Си известува за можна појава на чудовиште и покрај реката Вардар, близу Камениот мост во Скопје.

Репортажата била направена од „албанската“ страна на реката. Локални очевидци велат дека виделе како покрај кејот шета нешто мистерозно, нешто кое наликува на човек, но кое има изглед на чудовиште. Еден рибар вели дека секогаш кога рибари на кејот чувствува како нешто го следи од зад грб, а научник кој врши истражувања во Вардар вели дека од околните згради можат да се забележат големи сенки од нешто што се движи покрај водата.

За време на снимањето, камерата на МЖС забележала и присуство на полициски сили на брегот на реката. Локалното население претпоставува дека нивното присуство е за да се смири стравот кај луѓето од можното чудовиште покрај реката, додека стручњаците за безбедност тврдат дека полицајците се таму заради влошените меѓуетнички односи по протестите кои се случија во Скопје минатата недела.

Целата репортажа се заснова на една фотографија, направена од страна на млад брачен пар, на која, наводно, се гледа мистериозното чудовиште.

Од извори блиски до опозицијата, Пара вести дознаваат дека станува збор за добро осмислен маркетиншки трик кој треба дополнително да го зголеми интересот на туристите за посета на македонскиот главен град, посебно за плажата под Камениот мост која изминатите две лета забележа слаба посетеност.

Koce Buchannon, you sexy

Koce Buchannon, you sexy thing!

чудовиштето било забелешано и

чудовиштето било забелешано и како се сере на градскиот плоштад, во жена парк,а и генерално кај ќе стигне

Албанската страна на реката?

Албанската страна на реката? Кретенизам, еднаков на оној на Коце.

по кретенски текст не сум

по кретенски текст не сум прочитал одкако имам интернет! Какви дебили сте вие бре!!!!
А јас на што потрошив 2 минути!?

Горен пријателе, научи си го

Горен пријателе, научи си го мајчиниот јазик. А тоа што си потрошил две минути на Пара вест, кажува дека си се фатил на јадецот, што во суштина илустрира колку лесно може да се наседне на сензационална вест која, пак, е пародија на друга сензационална вест.

Е па, толку.

sekoja cest Decko so

sekoja cest Decko so mozok,posle tvoevo nema poveke sto da se komentira,pozzz :)))

Sramota za sekoj internet

Sramota za sekoj internet portal koj se izrazuva na vakov kretenski nacin so idiotski recnik. Pa kako si dozvoluvate vie vo javnost da plasirate vakva statija. Ocigledno deka nemate pocit preka kakov takov vas gradonacalnik. Bez razlika dali se raboti za gorespomenatiot ili bilo koj drug aktuelen ili bivs funkcioner,sporedbata so cudoviste ili bilo koe drugo zivotno e daleku od nacin na koj se izrazuvaat dobrite novinari ,i relevantnite web strani. Osvem sto ova pretstavuva nepocit prema covek koj e na funcija, ova e nepocit prema cela javnost so toa sto plasirate vakvi gluposti koi nie eve po nekoja si nesreka ke gi procitame. jeste za sloboda vo novinarstvoto,no ova e nesto najloso so dosega go imam procitano...Kade vaka,kade???

МИЗЕРНИ СТЕ КАКО ВАШИОТ ЛИДЕР

МИЗЕРНИ СТЕ КАКО ВАШИОТ ЛИДЕР БРАНКО

Никаде во текстот не се

Никаде во текстот не се споменува конкретно дека станува збор за градоначалникот на скопје, иако фотката го сугерира тоа. А дека Коце е чудовиште (политичко) е општо позната вистина, со оглед на чудовишните размери на проектот Скопје 2014. Така што, споредбата, според мене, е сосем на место. Да го пишував јас текстот, ќе бев уште понемилосрден кон него и неговата дружина. Имате среќа што не работам во Окно, инаку...

de be VMROvci ama se

de be VMROvci ama se vozbudivte,u Ceshka Republika ima animiran film sto ide sekoj den i gi ismeva od pretsedatel do cistackata u parlamentot,vie za eden gradonacalnik koj e na menliva funkcija,denes e tuka utre u P.M

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото