Наградата Pritzker за архитектура за првпат замина во Кина

01.03.2012 11:33
Кинескиот архитект Ванг Шу

Вчера беше објавено името на архитектот на кој оваа година му беше доделена наградата Pritzker, признание кое секоја година го доделува фондацијата Hyatt на најуспешниот светски светски архитект.

Станува збор за кинескиот архитект Ванг Шу (Wang Shuu), кој е основач на архитектонското студио Amateur Architecture Studio.

Како што пренесува порталот Archdaily, „целта на наградата е да им оддаде почит на живите архитекти кои се заслужни за долготраен и важен придонос кон човештвото и градење на околината преку уметноста на архитектурата.“

„Без разлика на тоа што ова студио се нарекува ’аматерско“, се работи за уметник кој на виртуозен начин манипулира со сите инструменти на архитектурата; формата, мерката, материјалот, просторот и светлото“, изјави еден од членовите на жирито кое ја донесе одлуката за овогодинешната награда.

Во продолжение погледајте неколку дела од кариерата на овој кинески архитект.

Новата уметничка академија во Хангжу

Музеј на современата уметност во Нингбо

Историскиот музеј во Нингбо

Станбени згради

Керамичка куќа

Студентски дом во Ксиангшан

Извор: pritzkerprize.com

ОкоБоли главаВицФото