Архитектонските ремек-дела на вашата маса

20.03.2012 12:55
Архитектонските ремек-дела на вашата маса

Архитектите од холандското студио NEXT Architects осмислија друштвена игра, наречена Modern Architecture Game која го проверува вашето знаење за современата (и модерна) архитектура, архитектите, препознатливите згради и нивните автори.

Целта на играта е тестирање на вашето знаење за важните архитектонски дела, легендарните цитати на славните архитекти, препознавање на градбите од дадените фотографии, и напредување низ тркалезното поле до конечна победа.

Деловите од играта се непосредно поврзани за архитектонските икони од овој и минатиот век и, на пример, во случај да застанете на погрешно поле, ќе морате да пропуштите еден круг од играта, носејќи ги познатите очила на Ле Корбизје.

Пионите со кои напредуваат играчите низ играта се направени во облик на препознатливите градби, како што се зградата на кинеската државна телевизија во Пекинг, станбените згради на Нимаер во Сао Паоло, лондонската „краставица“ на Норман Фостер, париски La Défense и многу други.

Првата верзија на оваа игра настана во споменатото студио во 1999 г., а неодамна беше претставено второто, проширено и изменето издание. За разлика од првобитната варијанта, која беше наменета само за холандскиот пазар, сега играта е на англиски јазик, а прашањата, задачите, зградите и авторите се од областа на светската архитектонска сцена.

Извор: inhabitat.com

ОкоБоли главаВицФото