Папагалите не се Македонци

10.03.2012 13:36
Папагалите не се Македонци

Кога „Балдинини“ ќе почне да ја буди гранитната резонанца под нозете на жените што мирисаат на утрински секс и кога денот нов ќе летне да расте, некое магливо утро без дожд, меѓу седум и осум, врз плочките од Босна, јас би се – посрал. И во меката скулптура што ќе фати да се испарува и да смрди на рециклиран грав, би брцнал, пред да киднам, коктелско цевче со кратка порака на развиореното знаменце: „На народот со љубов, Никола Груевски, претседател на владата на Република Македонија, с.р.!“

Потоа би седнал во „Тренд“ да ги гледам реакциите на минувачите и да ги проверувам тезите дека нашиот човек има способност да го препознае мирисот на хварска лаванда во гравот што го исфрла Драгиот водач, дека Македонецот знае да ужива во силувањето ако алатот што му влага ја има тетоважата на власта и дека сонцето од Вергина знае да му светне еднаш, а понекогаш и два пати кога ќе го јавне некој важен ополномоштеник на Внатрешната антимакедонска контрареволуционерна инсталација.

Вака, со мали стилски дополнувања, почнуваше еден текст што магазинот „Глобус“ го објави во декември 2009 година. Многумина ја доживеаја таа перформација на моќта, измиксана со спремноста на жртвата самоиницијативно да ја ѕида и да ја претвора агресивната сила на власта во неограничена величина, како премногу жестока и вулгарна новинарска експресија, но се покажа дека никаква литературна имагинација не е во состојба да ја надмине имагинацијата што во меѓувреме почна да се развива кај лудаците што заседнаа во фотељите на власта во бившата дежела на Македонците: новата естетика што во меѓувреме изникна врз босанскиот гранит на другарот Пенов е неовластена и многукратна, бесконтролна, би рекол, апликација на мојата скромна новинарска илустрација од пред три години.

Бродовите и нуклеарните подморници на Вардар ќе делуваат поприродно од премиерските празнења што во автентична барокна процедура со леѓени се исфрлаат од неговите владарски одаи директно во Малиот ринг на големото срање и попитомо од крузерите на Коста Кричоре во Дојранското езеро или од Високата школа за нуркање и подводен риболов на Маркова река. Луѓето почнаа да се навикнуваат на општата смрдеа како што се навикнаа да добиваат хепатитис це како бонус во крвта што ја примаат на дијализа.

Од каде им е на Американците идејата дека Македонецот не е папагал!? И дека западната доктрина на општото добро ќе успее да ја сфати оној момент кога ќе разбере дека од тоа што не е произлегува неговото право и обврска да зборува слободно.

Не знам што ќе речат Македонците, но папагалите имаат право да бидат лути. Во кампањата на американската амбасада за демократските принципи на кои почиваат цивилизираните општества, еден шармантен какаду е поместен како метафора на неслободата на говорот во животинското царство и како контрапункт на тоа што Македонецот би требало да биде кога ќе реши да се го каже мислењето. Сосема несоодветно. Папагалот е познат како животно кое многу тешко ја контролира својата зборлеста природа. И кога не е слободен тој слободно ги повторува глупостите на најголемото животно кое има мерак да го заробува и да го чува како домашно милениче во своите бетонски јазбини. Така што поголема смисла има на еден Какаду да му се каже: па, вие, господине, не сте Македонец, зборувајте слободно.

Им предлагам на Американците или да го симнат папагалот од рекламите за промоција на општото добро или, ако инсистираат на оваа симпатична птичка, да го сменат мотото на кампањата и да ја пуштат опцијата која одговара на реалните состојби:

„Ти не си папагал, престани да ги слушаш и да ги повторуваш глупостите на лудакот што те има заробено во овој смешен кафез што (сè уште) се вика Македонија!“


Посилен впечаток ми остави мисионерскиот карактер на општата идеја на кампањата што е сублимирана во следниве постулати: правото да се каже сопственото мислење е принцип што треба посебно да се негува бидејќи е основа на демократското живеење. Да го почитуваме законот затоа што пред законот сите сме еднакви.

Од содржината и особено од благата интонација на постулатите може да се заклучи дека Американците, со право, ни се обраќаат како на едно претполитичко, прилично примитивно општество, кое што функционира врз основа на неограничената арбитрарна моќ што ги собира сите функции што во западниот свет ги имаат законите и институциите. Таа моќ во земјата на Македоноидите е моќта на Драгиот им водач.

Во првите концепти за овој текст моите забелешки не се однесуваа на вистинитоста што ја содржи имплицитната дијагноза на ситуацијата во Македонија (претхелсиншки синдром) и на ориентирите што треба да ги следи општеството ако сака да скокне на платото на политичката цивилизација (слобода, процедура, законитост), туку на тоа што во една приватизирана држава во која ниту еден закон не се носи ако ја нема ѕвездичката на Неговите одлепени визии, сосема е цинично да се инсистира на почитување на правните норми. Македонија е без норми и институции во смисла на западната политичка доктрина, ние немаме закони пред кои сите сме еднакви, ние сме свет на приватната интерпретација на законите, а не на нивната строгост и неприкосновеност. Ми се стори дека кампањата со ништо не ги просветлува Македонците околу тоа како да се ослободат од неограничената арбитрарна моќ на Драгиот водач и дали демократскиот исчекор воопшто можат да го направат без да се ослободат од Драгиот водач како таков. Мислев дека без тоа кампањата за општото добро веројатно ќе ги поправи буџетите на некои медиумски куќи, но дека нема да придонесе Македонецот да сфати дека повеќе му се исплаќа да зборува слободно отколку да лепи плакати или да убива под закрила на владејачката партија. Но, многу бргу ми се запалија некои сијалички и јас разбрав дека тие пораки не се исклучени и дека ова што го прават Американците можеби е над максимумот што може да си го дозволи една амбасада.

Сосема е непримерено ваква кампања да се води во земја што е кандидат за членка на Европската унија и на северноатлантската алијанса. Тоа што, сепак, се води, покажува дека кандидатката е една темелно девастирана земја која е за никаде повеќе отколку што е за во Европа. Апелот да се почитуваат законите, демократската процедура, слободата на говорот и мислењето во една таква земја не е апел да се сетиме на некои работи на кои сме подзаборавиле, туку е апел да се обидеме да ја вратиме македонската река на политичката егзистенција во коритото на западната цивилизација, што ќе рече, да ја отстраниме основната причина за страшното политичко, цивилизациско, егзистенцијално тонење на земјата и на општеството. Нема да се изненадам ако во сево ова другарот Хорхе најде нова иснпирација за своите прочуени пораки до неправедниот свет.

Генералниот извод може да се формулира во стилот на еден мој колега од „Утрински весник“. Круг се сужава, викаше тој, давајќи му преку српскиот јазик дополнителна тежина на својот став. Тројца амбасадори влегоа во Органот за исправање на изборните марифетлуци на популистите на начин кој изразува една прилично јасна делегитимација на власта во очите на меѓународната заедница, во новите политики на Европската унија против диктаторските политички реализации, Македонија е спомената на еден мошне симптоматичен начин, генералниот секретар на НАТО и американскиот амбасадор во Скопје во едно синхронизирано истапување јасно порачаа дека и на самитот на НАТО во Чикаго нема да има ништо од македонската кандидатура ако претходно не се реши спорот со Грција и дека хашката пресуда може да влијае врз тие процеси помалку од нивото на влагата што во мај ќе биде забележана на брегот на Мичиген, од албанскиот блок во владата стигнаа сигнали за можно напуштање на коалицијата по мајскиот состанок на Северноатлантската алијанса и еве, сега, амбасадата на САД во Скопје влезе во кампања што ја дискредитира комплетната политика на режимот како спротивна на основните демократски постулати, како што се почитувањето на законите, слободата на говорот и слободата на мислењето.

Тоа, како што знаеме, ќе ја засили ригидноста на режимот и ќе го прошири фронтот на отпорот. Можеби процесот ќе потрае повеќе отколку што преостанатата нормалност може да издржи, но нема никакво сомневање дека Злосторничкото здружување против Македонија е готово.

Извор: globusmagazin.com.mk

Фотографии: Диего Дијаз Марин

"Кога „Балдинини“ ќе почне да

"Кога „Балдинини“ ќе почне да ја буди гранитната резонанца под нозете на жените што мирисаат на утрински секс и кога денот нов ќе летне да расте, некое магливо утро без дожд, меѓу седум и осум, врз плочките од Босна, јас би се – посрал. И во меката скулптура што ќе фати да се испарува и да смрди на рециклиран грав, би брцнал, пред да киднам, коктелско цевче со кратка порака на развиореното знаменце: „На народот со љубов, Никола Груевски, претседател на владата на Република Македонија, с.р.!“

Neverojatno tocen opis na vaseto bitisuvanje. Uporno se trudite vasite "gomna" da im gi podmetnete na drugi. Americkata kampanja e tokmu za toa. Koga ke se "poseres" taka vrz plockite od Bosna, bi trebalo barem malku hrabrost da imas da stavis znamence na koe pisuva " Branko Trickovski", i taka da ni pokazes deka se boris za " opsto dobro". Za takvite kako tebe treba da ja vklucat i kukavicata kako zivotno vo kampanjata.

Too Long Didn't Read

Too Long Didn't Read

Тричковски, мошне ги

Тричковски, мошне ги почитувам вашите текстови (баш ми се свиѓа радикализмот, чекорењето по цртата, башка литературните моменти), но не сум сигурен дека „Злосторничкото здружување против Македонија е готово“. Ми се чини дека ќе треба тука уште доста борба. Жилави се груевистите. А и нивната страст по деструкција не треба да се потцени. На што ви личат сегашниве тепачки меѓу младите Албанци и Македонци ако не на груевистички ракопис?!

Meglena ti si totalno

Meglena ti si totalno partisko vojnice koe e navlezeno dlaboko ama epten dlaboko vo anusot tvojot idol N.G.

Gorila, ne mi e samo jasno

Gorila, ne mi e samo jasno dali ja razbiras apsurdnosta na svojata pozicija. Aj vaka da ja pojasnime.

Jas sum vojniche na VMRO, neobrazuvano, ne ja razbira tragedijata na situacijata , a ti si supersvesniot ni intelektualec koj ja procenuva sekoja situacija tolku kristalno jasno taka da mora argumentirano da ja iskomentira.

I ja komentiras so sborot "anus" koj vaka bi trebalo da bide "higher level" vo tvojot vokabular.

Supliva ti e dusata decko. So sto slaga da ja premackuvas toj ti e levelot, isto kako na toj od statijata so "fekaliite".

Ko po obichaj, da se

Ko po obichaj, da se komentira Trichkovski vo Okno e totalno bescelno. So negoviot rechnik kazhano, toa e ko da seresh vrz gomno na bosanska plochka. Ama ete, ne mozham da izdrzham.

И Трчко сака да кака во

И Трчко сака да кака во тоалетот на Коља.

Стварно бе, шо чоек ќе беше,

Стварно бе, шо чоек ќе беше, гомната од уста не ги извади.

ОкоБоли главаВицФото