Иванов: Никој не ги рецка моите изјави ни два посто

13.03.2012 13:38
Осамениот говорник Иванов

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, денеска се пожали пред медиумите дека никој не ги сфаќа сериозно неговите изјави и апели, и дека се чувствува како да си зборува самиот себеси.

Иванов изјави дека медиумите во земјава предност им даваат на изјавите на премиерот и неговите министри, додека често ги игнорираат неговите повици за соживот, љубов и мир во светот.

„Веќе подолго време ги анализирам вестите кои се објавуваат во весниците, на телевизиите и на интернет порталите, и моите изјави не претставуваат ни 2% од вкупниот број пренесени или ударни вести“, се пожали Иванов пред новинарите.

„Не знам зошто е така. Се обидувам да откријам каде е грешката, ама никако не можам да наидам на логично објаснување“, рече тој.

Македонскиот претседател смета дека граѓаните се свесни за тоа оти тој е претседател на државата и за тоа дека има некаква улога во политичкиот живот, но исто така додаде и оти тие повеќе сакаат да ги слушаат изјавите на премиерот, неговите министри, јавните личности и аналитичари, па и на новинарите, а дури отпосле неговите.

„Граѓаните од сите етнички заедници во Македонија“, истакна претседателот Иванов, откако заврши со поплаките, „како и со векови досега, сакаат да живеат во мир, заемно почитување и помагање.“

Пара вести ќе ја испочитуваат неговата молба, и ќе ја пренесат неговата изјава.

Кутриот, и овде нема кој да

Кутриот, и овде нема кој да го искоментира...

Арен чоек е пустиот.

Арен чоек е пустиот.