Три години Окно (2)

16.03.2012 17:28
Три години Окно (2)

Рибаро соработува со Окно речиси две години, и несомнено му даде сопствен печат на нашиот портал. Неговите видеа се кратки, со добар ритам, и се прилично интересни од ликовно-ететска гледна точка (голем дел од нив се вистински арт-колажи, фини графики и откачени видео-миксови). Техничката несовршеност (за која многумина му замеруваат, барем според коментарите на Окно) воопшто не претставува недостаток туку, напротив, таа им дава посебен шарм на неговата сатира и хумор.

Видеата на Рибаро се гледаат во еден здив. Тие испраќаат силна порака, исмејувајќи ги негативните појави, ликови и настани од нашето современо секојдневие. Мора да му се честита за неговата храброст, оти тој твори во време кога голем број критичари на актуелната власт се на удар на провладините хејтери, послушници и извршители на директивите од врхушката. Тој е еден од ретките (ако не и единствениот) кој во континуитет се занимава со независна видео продукција во земјава.

За крај, пренесуваме дел од коментарот на една читателка (или читател?) на Окно, која објаснува зошто ги цени видеата на овој креативен автор:

01 октомври 2010 од Адријана

„Најмногу ми се допаѓаат заради пораките, но и техничката несовршеност ми е симпатична. Некогаш во уметноста (или пропагандата, да не бидеме толку претенциозни:) токму рудиментарноста, едноставноста на формите зборува за нивната веродостојност.“

Погледнете го изборот од петнаесетината негови најпровокативни видеа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 



 
 





 
 
 
 



Бродо Лом

ОкоБоли главаВицФото